Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Петар Арсовски

актер

Деновиве професионална обврска ми се пробите за обновување на претставата „Пикник на фронтот“, на сцената на ФДУ. Претставата е поканета на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, на крајот на мај, па треба да ги освежиме улогите. Покрај Кочани, имаме покана оваа претстава да гостува во Техеран, но се сомневам дека ќе добиеме финансиска поддршка за ова патување.

Биба Додева

пејачка

Денеска сум ангажирана со активности во „Борка“ т.е. се подготвуваме за утрешните предавања за рак на дојка, што ги организираме во Битола и во Прилеп. Вечерва, пак, и' се посветувам на пејачката кариера и во студиото ќе работам на мојата нова песна.

Руска Ајтова

шефица на кујна во хотел „Романтик“, Велешко Езеро

Се' уште сме под импресии од минатонеделниот меѓународен гастрономски натпревар ,,Бисер на морето" што се одржа во Хрватска, каде што во категоријата национална кујна добивме сребрен медал и златен медал за „водство на тим“ на што сум особено горда. И денеска продолжувам со редовните обврски во „Романтик“, организирање на работата во кујната и во ресторанот , што е задоволство со високопрофесионалниот угостителски персонал.


#
Најди! во Утрински