Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Партнерот е заслужен за релативното доброто расположение. Тој секогаш успева да ве извлече од очајот, носејќи ве на некое пријатно место. Независно дали станува збор за театарска претстава или домашна забава со пријателите – ќе се чувствувате убаво и ќе се ослободите од стресот.



БИК

Продолжува доброто расположение. Чувствувате потреба и за промена на својот имиџ. На прво место се љубовната среќа и радосните вести од семејството. Кога се чувствувате убаво – изгледате убаво. Изразени се и уметничките особини, кои ги подзаборавивте со работата.



БЛИЗНАЦИ

Имагинацијата постојано работи. Сонувате и планирате, но знајте дека морате да бидете и конкретни во повеќето случаи. Доаѓа период кога треба да кренете со зборови кон решавање важни дела. Во одредени ситуации, со добра причина, им помагате на луѓето околу вас.



РАК

Настапете похрабро во односите со вашиот партнер. Морате да разговарате поотворено и да ги решите сите дилеми околу вашата врска. Чувате премногу работи во себе. Знајте дека добрата врска се темели на искреноста. Бидете директни во она што го сакате.



ЛАВ

Некој изненаден настан ќе ви го врати доброто расположение. Веќе пробавте да се откажете од многу работи, но ситуацијата почнува да ветува. Немојте, како по обичај, да градите кули во облаците, наместо тоа, почнете да размислувате и конкретно да реализирате.



ДЕВИЦА

Вознемирени сте и прилично незадоволни. Ни сами не знаете која е вистинската причина за ова расположение, но го препознавате, бидејќи се појавува периодично и се постојано се повторува. Бидете свесни дека некои нешта не зависат само од вас, но со волјата можете да ги коригирате.



ТЕРЕЗИЈА

Пробувате некого да измамите или друг ќе проба да ве измами вас. Во астрологијата тешко се забележува страната на која сте свртени. Можни се и здравствени проблеми, несоница, недостиг од издржливост, правејќи ве асоцијални. Свртете се кон духовната компонента на своето битие.



СКОРПИЈА

Здравствената ситуација не е на задоволително ниво. Препорачливо е да не донесувате тешки одлуки и повлекувате бизнис-потези, туку смирете се и поминете пасивен ден. Можеби прошетка во привлечно друштво на Водолија или на Девица ќе биде вистинскиот потег.



СТРЕЛЕЦ

Откако увидовте на пропуштените можности, сфаќате дека немате време за губење, па решавате веднаш да тргнете во акција. Размислувате за ново работно место, љубов и оние нешта што можат да донесат радост во животот. Овновте и Раковите имаат трпение да ги слушаат вашите совети.



ЈАРЕЦ

Надевајте се на успех и добра работна соработка. Многу подобро ќе функционирате доколку не бидете наметливи кон околината. Затоа е пожелно да бидете објективни во анализата на сопствените недостатоци. Трпеливоста ќе ви помогне да ја надминете кризата.



ВОДОЛИЈА

Ова е само почеток на пријатниот период и на новите пријателства. Очекувајте повици од странство, можеби некоја заборавена личност од минатото или далечен роднина. Здравствената состојба е на сигурно ниво, но тоа не значи да претерувате со исхраната.



РИБИ

Очигледни се вашите настојувања да изнудите невозможни работи од колегите. Идеите ви се премногу очигледни, но бараат значителна флексибилност, својство за кое многумина само можат да сонуваат. Здравствената ситуација ви наложува да излезете на воздух и да прошетате заедно со партнерот.


#
Најди! во Утрински