Што прават денеска
Марко Ѓоковиќ
режисер
Денес сум особено возбуден и среќен. Вечерва е премиерата на мојот филм „Синот“, кој, всушност, претставува моја дипломска работа. Логично, целиот ден ми е посветен на организација на премиерата, која ќе се случува во киното „Фросина“ во МКЦ од 21 часот.
Сања Шутевска
кореографка
Вообичаено денот ми започнува со обврските околу децата пред да се зафатам со работните ангажмани. Денеска во 17 ч. имам испит со мојата класа по класичен балет. По испитот, продолжувам со наставата, а потоа, конечно, можам да го започнам викендот, со кафе-дружење со другарките.
Павлина Новаковска
оперска певица
Денеска патувам од Битола за Скопје, да присуствувам на пробата на операта „Моќта на судбината“ во МОБ. Иако не настапувам на премиерната претстава, сепак, сакам да бидам во тек со подготовките. Престојот во Скопје ќе го искористам и за дружење со колегите. |