Хороскоп
ОВЕН
Иако имате чувство дека некој постојано ви го попречува патот, планетите велат дека немате причина за грижа. Понекогаш со малку труд се постигнуваат големи резултати. Вашето време не е ограничено и пред вас стои успешен период кој сигурно ќе изнајдете начин да го искористите. Само треба да научите да бидете трпеливи.
БИК
Нема потреба да ги искушувате вашите соработници во однос на трпението, затоа што никој не ја сака таквата политика на однесување. Партнерот е постојано на дистанца, затоа обрнете внимание на неговата реакција. Престанете да размислувате за далечната иднина и направете чекор напред во емотивната врска.
БЛИЗНАЦИ
Околностите во кои се наоѓате ве принудуваат да се насочувате кон повеќе нешта, но вие постојано играте на картата незаинтересираност кога станува збор за емоциите. Доколку сами не одлучите да преземете нешто, работите нема да се придвижат кон посакуваната цел.
РАК
Ќе настојувате да ги скриете ранливоста и емотивната страна на карактерот. Бидете внимателни и послушајте го советот од еден од вашите соработници, бидејќи на тој начин ќе успеете да ја спасите ситуацијата. Но, мора да пронајдете начин да се решите од ваквите моменти и храбро да зачекорите кон вашата цел.
ЛАВ
Независно што постојано сметате дека ви треба некоја промена, вие не се одлучувате на тој чекор. Обземени сте со некое чуство на мрзливост и посакувате нештата да се решат сами по себе. Непотребно го искушувате трпението на партнерот, па можеби наскоро ќе зажалите поради тоа. ��идете трпеливи и истрајни во желбите.
ДЕВИЦА
Не мора постојано да бидете драматични за да им покажете на другите што мислите и чувствувате. Направете го тоа на едноставен и примерен начин, кој сигурно ќе ја интересира вашата околина. Покажувањето на тоа што го посакувате не е само среќа туку и добар начин да ја постигнете целта.
ТЕРЕЗИЈА
Кога еднаш ќе изјавите нешто, потоа не можете лесно да го повлечете зборот или да се покаете. Мора да внимавате што и како зборувате пред соработниците, бидејќи некој сериозно може да се почувствува навреден од арогантниот став. Размислете добро за вашите коментари и на тој начин ќе го намалите нивото на негативност во околината.
СКОРПИЈА
Во моментите кога чувствувате напнатост и затегнатост во односите со партнерот, имате потреба да ја префрлите вината на другата страна. Тоа е сосема погрешно и можеби е крајно време да успеете да ги согледате и вашите негативности со цел да дојдете до конечно решение и излез од кризата.
СТРЕЛЕЦ
Потрудете се во периодов да обрнете малку повеќе внимание на себе и внатрешниот мир. За дел од вас одличен избор ќе биде заминувањето на некоја планина, додека пак за други физичката активност или вежбите се идеално решение. Важно е да не се доведувате во ситуација да западнете во судир со околината или соработниците.
ЈАРЕЦ
Иако многу се надевате на проектите кои се центар на вашето размислување, крајниот ефект нема да биде она што го посакувате. Во замена за нервоза, обидете се да сфатите дека понекогаш целта се достигнува преку потешкиот пат и лесно ќе успеете да дојдете до конечниот успех.
ВОДОЛИЈА
Бегањето од проблемите, кое не е типично за вас, воопшто не е решение на кризата во која се наоѓате. Колку и да изгледа примамливо неприфаќањето на реалноста, мора да знаете дека проблемот повторно ќе се појави. Гордоста и цврстиот став би можеле да ве доведат до конечно решение. Внимавајте на настинки и вирози.
РИБИ
Не е лесно доколку мора да се откажете од професионалните планови поради расчистување стари семејни проблеми кои во периодов ќе ви одземат многу време и здравје. Без напредување во кариерата ќе се почувствувате изгубено, но за кратко време. Успешните луѓе како вас лесно се враќаат во игра.
|