Број 3100  петок, 02 октомври 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма

Дарвине, жив ли си?

Зоран Михајловиќ

Не ли мислите дека е време да се каже нешто од суштинско значење? Ќе почнам од нашето образование. Фала Богу што нема веќе марксизам, но многу и од моменталните содржини се излишни, неточни, неиздржани и непотребни и само ги оптоваруваат децата. Најмногу сакам да обрнам внимание на биологијата: во комунизмот бев подучуван дека видовите настанале со природна селекција, односно само најјаките преживуваат. Ова е познато како Дарвинова теорија на еволуција. Видовите организми настануваат со приспособување на условите од околината и оние кои не се приспособуваат умираат. Така, прво настанала амебата, па вирусот, па бактеријата, па рибата, па желката, диносаурусот, па малку разгранување, па настанала лисицата, коњот, врапчето, свињата, овцата, мајмунот…

Сега, со напредокот на науката, особено електронските микроскопи, се гледаат клеточни структури кои се совршени. На "Гугл видео" гледав документарен филм кој тотално ја разбива Дарвиновата теорија на еволуција. Во него врвни научници по биохемија, биолози, филозофи, хемичари се прикажани како дебатираат за неодржливоста на Дарвиновата теорија и на основа на флагелумот (опашката) на една обична бактерија тотално ја негираат. Компјутерски и електрон-микроскопски ја прикажуваат структурата на флагелумот и ја објаснуваат совршеноста на функцијата и градбата на една таква скоро незначајна творба. Двајца врвни научници, еден биолог, еден биохемичар, професори на американски универзитети, буквално се каат за нивното претходно учење дека Еволуцијата го објаснува настанокот на видовите и се откажуваат од неа. Нашите наставници и професори се' уште ја предаваат оваа апсурдна и смешна теорија (од која, патем, и самиот Дарвин се откажал при крајот на животот). Уште еден интересен податок - Дарвин ја измислил оваа теорија, набљудувајќи ги животните на Галапагос во еден исклучително долг временски период од ЕДЕН МЕСЕЦ! Па, те молам, човеку! Што можеш да заклучиш за еден месец? Па, жената што спие до тебе 25 години не можеш сосема да си ја научиш! Во филмот се наведува дека огромната комплексност на живиот свет наведува на заклучок дека мора да постои некоја интелигенција што го дизајнирала сето тоа. Единствено политичката коректност не им дозволува да кажат која е таа. Филмот може да се најде на Интернет на два начина: На „Гугл видео“ напишете Intelligent Design - Unlocking The Mysteries Of Life или, директен линк: http://video.google.com/videoplay?docid=-5585125669588896670иei=eba9StaCDo2a2wKyr4j0Bgиq=mystery

 


#
Статијата е прочитана 656 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 01.10.2009 22:40:28
Бидејќи си по видеата... Како што вели Bill Maher-вирусите стануваат смртоносни токму поради тоа што еволуираат па ако некој што не верува во еволуцијата се разболи од свински грип нека не бара Тамифлу туку нека оди во црква да се моли за да му помине. Видеото ти е овде: http://www.youtube.com/watch?v=fR2O2O27eNc#t=1m46s
Од: neosoznaen
Датум: 02.10.2009 00:15:57
Zorne, dragi, so prili'cno dolgo zadnocnuvanje si dosol vo kontakt so 'kreativizmot" na sto asocir aova sto go opisuvas. Ovaa, prilicno nova hipoteza, zaedno so Darvinovata teorija i religijskoto ucenje samo ja oslikuvaat covekovata vekovna zelba da objasni se okolu sebe i samiot sebe. Za sega coveskiot rod e prilicno neuspesen vo toa. Mozebi e i podobro taka,
Од: kaktus
Датум: 02.10.2009 00:29:27
Е ова ти се вели многу актуелна тема, Дали Дарвин згрешил, така што човекот не е плод на еволуцијата, туку е дело на Бога Тоа вреди да се пишува денес од некој истражувач самозванец. (каков што е авторот) кој гледал филм на Гугл. Бре што се не ќе прочита човек. Нека се јави некој кој видел како Бог го создал човекот (од кал, наводно), а исто и некој кој видел дека од мајмун настанал човек, а не што слушнал некој анонимус од америјански научници на Гугл. Пошто се работи за американски научници, сигурно е така како што кажале (на Гугл),
Од: mitko ne nastanal od kal
Датум: 02.10.2009 01:40:59
Zacapaj vo baricka pred svojata kuka i obidi se na napravis covek od kalta ke vidis kolku si glup!
Од: Itagaki Tusike
Датум: 02.10.2009 05:25:18
I ti li sine Zorane?! Ha ha, ne mi se veruva deka gluposta narecena "Intelligent design" se poveke zema zamav i kaj nas. Ah bre Zorane, teorijata za intelligent design e smeska vo naucnite krugovi, glavno e popularizirana i finansirana od hristijanskite krugovi vo Amerika koi se trudat da go preskoknat prviot amandman koj isklucivo zabranuva voveduvanje na veronauka vo obrazovanieto. Ako sakate saltko da se nasmeete poglednete go samo muzejot vo stil na diznilend, vo koj lugeto i dinosaurusite koegzistiraat.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 02.10.2009 06:58:42
Dobro e sto vo Makedonija se projavuva interes za razvojot na naukata vo svetot, no sepak nedovolno seto prezentirano da se imenuva so nauka. Inteligentniot Dizajn ili Kreacionizmot ne pretstavuva nauka i e otfrlen od strana na Akademija na Naukite na SAD zaedno so slicnite tvrdenja za natprirodna intervencija vo postanokot na zivotot, bidejki ne moze da bide potvrden so naucni metodi. Tvrdenjata za flagelumot se pobieni uste vo 1996-ta godina od strana na biologot Kenet Miler, kojsto voedno naucno gi pobiva i ostanatite tezi sto ja socinuvaat teorijata za nepovratna kompleksnost. Neblagodarno e osporuvanjeto na moznosta od postoenje na superioren kreator (demijurg, Platon), bidejki ne znaeme kade ke ne odvede razvojot na naucnata misla, no sepak, dokolku zivotot na planetava e proizvod na ostroumnosta na nekoj “nedvizecki dvigatel” (Aristotel) malku e verojatno deka zad postoenjeto na celiot univerzum stoi ista takva inteligencija. Logicnata misla ne dozvoluva postoenje na apsolut.
Од: kosta
Датум: 02.10.2009 07:02:15
Добро кажано.............
Од: Veselin
Датум: 02.10.2009 07:55:24
Prvo bese ameba? Pa taa teorija srbite odamna ja pobija.Prvo bese Srbin,pa potoa Ameba!!!
Од: darvin
Датум: 02.10.2009 09:17:44
Ako na sekoj belosvetski strucnjaci slepo im veruvame kaj ke ni bide krajot.I nasive akademici napisaa enciklopedija pa ako veruvas sto pisuva tamu pogotovo za raboti za koi sme bile svedoci togas dobro zamisli se.Aza komunizmot poima nemas .TOLKU.
Од: Agnostik
Датум: 02.10.2009 09:19:32
Transcedentalniot idelizam i pozitivizam go zastapuvaat gledisteto na agnosticizmot,deka ne e mozno soznavanje na stvarnota(Znam da nisto neznam-Sokrat) pa zatoa i ne se zamaraat so problemite na postanokot i stvaranjeto na objektivnata stvarnost,.so problemite na kraecionizmot , traducucijanizmot, evolucionizmot i sl.. Zatoa Zorane i ti mentalno ne go opteretuvaj svoeto mozoce so takvi problematiki. Podobro slusaj muzika i gledaj crtani filmovi.
Од: Donald Duck
Датум: 02.10.2009 09:20:49
Zoki, vakvi gluposti sme se naslusale 2000 godini. Selekcijata e vidliva na sekoj cekor, bakteriite stanuvat otporni na Penicilin, covekot (so vestacka selekcija) od volk, za 15.000 godini (sto e samo mig, vo sporedba so 2 milijardi godini zivot na zemjata), sozdal pudlici, terieri, labradori etc. Bi ti preporacal da gi procitas 'The God delusion" i "Blind Wtchmaker" od Richard Dawkins. Isto taka, toplo ti preporacuvam da go poglednes ovoj dokumentarec www.zeitgeistmovie.com - mislam deka kje ti stane jasno kakva prevara e religijata, i site tie prikaski za nekakov golem bel dedo na neboto.....
Од: Игор
Датум: 02.10.2009 10:01:01
Зоран, црквата до пред неколку стотини години тврдеше и дека сонцето се врти околу земјата. Се надевам дека барем за тоа си свесен дека не е точно.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 02.10.2009 10:28:37
Интересно, но науката е секогаш работа на теорија и докази, Долгогодишни Научни расправи(и), Докажувања, Побивања, падови и воскреснувања (не како оние на Исус), но никогаш на видеа, ниту пак на едногласно прогласување на Славе за Македонец, за фигурини за Икари и Дедали Македонци... Токму затоа, додека не се докаже поинаку, во Учебниците стои тоа што е прифатено како теорија - прифатена мисла според сознанијата! На секое ново откритие (и покрај тоа што е од САД) му треба подолг период за прифаќање! Едномесечното присуство на Галапагос, му ја дало само идејата за теоријата, никако не и Теоријата!! Магијата на Науката е токму во нејзиното Неприфаќање како готов производ, туку како нешто што се Надоградува, нешто што е Бескраен Процес,инаку, таа би се свела на религиската Догма!
Од: Поп
Датум: 02.10.2009 12:43:42
Шопенхауер вели дека филозофите се тие што ја откриваат вистината, а по нив трчаат научници.Така, научникот Фројд чесно признава, дека неговата наука темели на филозофот Шопенхауер.Најголемиот ум Аристотел сметал дека доколку боговите постојат, тие се бават со размислување(филозофирање).Кант смета(„Критика на чистиот ум“) дека бог е врховна интелигенција и тврди; како што не е можен онтолошки доказ за постоење на Бог, не постои ниту доказ дека бог не постои.Од големите филозофи Бог го проблематизира само Спиноза(но само онаков како што го гледа Христијанството и Јудеизмот), а Шопенхауер вели дека теизмот е исто толку религија, колку и атеизмот(„Светот како воља и представа“). Кртот нема сетило за него не постојат бои.Не може да ги види.Ова го забележале филозофите и сватиле дека на Бог можат да му се приближат преку моралниот закон во себе(Кант, „Критика на практичниот ум“).За обичниот човек, потребно е „разоткривање“ и „чуда“(Спиноза, „Теолошко политичка расправа“) за да го спознае б
Од: vesna
Датум: 02.10.2009 13:19:03
kreacionizam odnosno turbo folk nauka!

Најди! во Утрински
Писма
Македонци за инает