| Што прават денеска Идната сабота, т.е. на 26 септември ќе се одржи Детската евровизија во МТВ, па интензивно работиме на последните подготовки. Во меѓувреме, го составуваме и тимот и почнуваме со подготовките за големата Евровизија, т.е. македонскиот Избор за песна на Евровизија. Љупчо Мирковски 
 ум. директор на „Евросонг“
 Утре во Домот на АРМ од 21 ч. ќе се одржи 16. издание на фестивалот „Филиграни“. Затоа денес во 9 ч. наутро имам состанок и договор со режисерот и екипата што работи на фестивалското сценарио. Попладне планирам да се посветам на естетските подготовки за мојата водителска улога на фестивалот. Катерина Стојановска - Десковска 
 дир. на фест. „Филиграни“
  Зоран Љутков 
 актер
 Денеска имам проба во театарот во Куманово, каде што работиме на подготовка на претставата „Богот на крвопролевањето“. Потоа се враќам во Скопје, каде што продолжувам со работа на синхронизација во А1 ТВ. Во меѓувреме се трудам да живеам релаксирано.   |