Дневен хороскоп
Овен
Само доколку се занимавате со спорт и со физички активности ќе го избегнете стресот. Во спротивно ќе имате неволји. Со водолиите сте во ладни односи. Не се обидувајте да ги поправите. Свртете се кон себеси, бидејќи за другите не сте идеално друштво. Се карате и барате правда на погрешен начин.
Бик
Стресната состојба е последица на пријатните настани. Со вас се случуваат разни нешта, па обидете се од тоа да извлечете поука. Ситуацијата бара темелност и истрајност, нешта со кои денес може да се пофалите. Идеално пријателство ве очекува со стрелците, а понекогаш и со јарците.
Близнаци
Ќе бидете во пријатно друштво и ќе разменувате идеи и ќе минете прекрасни моменти. Никој како вас не умее така убаво да се дружи. Не сте расположени секогаш за тоа, но моментно сте во фаза кога осаменоста ве оптоварува. Патувања, пријатели и другите видови комуникација го разубавуваат денот.
Рак
Полека почнувате да се чувствувате изморени од луѓето со кои сте опкружени, а во осаменост може само да мечтаете. Таа е пожелна за да се релаксирате и да ги наполнете батериите. Денес стрпете се и обидете се на случувањата да гледате од ведрата страна. Не анализирајте се' по секоја цена. Имате мани.
Лав
Не се откажувајте сега кога можете да ги реализирате идеите. Со упорност и истрајност може да ги решите горчливите проблеми. Олеснителната околност е поддршката од саканото лице. Тоа прави се' за да ви помогне да ја надминете кризата и да ја остварите целта. Сфаќате колку сте ја запоставиле.
Девица
Добро се чувствувате, задоволни сте, бидејќи она од што се плашевте не се реализира. Мора да здивнете и да им се посветите на пријателите со кои добро се дружите. И саканото лице ќе ви ги разубави моментите. Стрелците особено ви одговараат. Настојувајте повеќе време да минувате со нив.
Терезија
Дали посветувате доволно внимание на домашните обврски или само мислите дека тоа го правите? Можеби го гушите семејството со посесивноста и грижите? Така не можете да ги заштитите од животните опасности. Мора да бидете релаксирани со најблиските. Однесувајте се кон нив лагодно.
Скорпија
Желбата за љубов е изразена, па можете да тргнете во акција. Од вас се очекува иницијатива на тој план. Многу скорпии се склони кон полигамија. Може да бидете фатени на дело. Доколку почувствувате болки во нозете, проверете дали имате проблеми со вените.
Стрелец
Пред вас се нови деловни предизвици. Ги прифаќате, бидејќи прашање е кога повторно ќе ви се укажат. Оптоварени сте со станбеното прашање. Мора да се стрпете и да го почекате вистинскиот момент. Не го занемарувајте партнерот.
Во оваа ситуација тој може многу да ви помогне.
Јарец
Нагласена ви е естетската смисла и уметничкиот талент. Доколку се занимавате со овие работи, ќе биде прекрасно. Настојувате да уживате. За среќа заслужни сте за тоа. Најпосле сфаќате дека за се' што замислувате, треба сами да се потрудете да го реализирате тоа. Престанавте од другите да го очекувате неможното.
Водолија
Само заблуди. Не се напрегнувајте со нив, бидејќи причината е во недоволната отпорност на организмот. Кога ќе зајакнете малку, на нештата околу себе ќе гледате нормално и ќе бидете помалку ранливи. Ќе ги сфатите постапките од околината, особено на партнерот, кој реагира на вашите постапки.
Риби
Поради што на се' гледате песимистички и недоволно верувате во себеси? Иако сте свесни за тоа дека до таа работа може да дојдете, не сакате да го послушате внатрешниот глас и одите против себе. Морате нешто да направите за да ја зголемите самодовербата.
|