Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Плановите се надвор од реалноста. Настинки, нервоза и исцрпеност.

Пробајте да ги ублажите последиците и поправете го расположението. Стрелците се тие кои можат да ви помогнат да се опуштите и да ги избегнете кризите. Секако, и Терезиите знаат да бидат од корист.



БИК

Комуникативни сте, расположени и креативни. Само напред. Соработник од знакот Близнаци може да ве доведе во ситуација да го изгубите трпението. Коментарите упатени до вас не ги земајте при срце Во сообраќајот бидете повеќе претпазливи. Љубовните расправии кои ги имавте со партнерот полека стивнуваат.



БЛИЗНАЦИ

Сфативте дека љубовната врска е плод на вашата фантазија, но никако не сакате да признаете. Премногу го идеализирате партнерот и му препишувате особини кои не ги поседува. Денеска пробајте да уживате во кругот на семејството, а истовремено, опуштете се.



РАК

Свесни сте дека сами не можете да постигнете се. Побарајте помош од вашите соработници, разменете и по некоја идеја. Со организација и тимска работа можете да ја подобрите и унапредите својата работа. Успешната комуникација со Близнаци и Девица ќе ви отвори нови можности.



ЛАВ

Ви се случуваат фантастични работи, па тоа е причина повеќе за да ширите енормна љубов околу вас. Само внимавајте да не бидете измамени. Здрави сте, на работен план успешни и финансиски стабилни. Суетата е нахранета, бидете трпеливи и претпазливи.



ДЕВИЦА

Проблеми со здравјето и имунитетот. Настинката, вирусните инфекции и омалаксаноста ќе може да ги надминете со одмор и здравата исхрана.

Не го идеализирајте партнерот премногу и не очекувајте нешто што не може да ви го овозможи. Емотивно стабилизирајте се во спротивно ќе наидете на отпор.



ТЕРЕЗИЈА

Комуникативноста е една од вашите главни особини, па спроведете ја и на дело. Посете некои од старите пријатели, тие ќе ви помогнат да се опуштите. Што повеќе тоа повесело. Без причина се чуствувате осамено. Еден Овен може да ви ја врати насмевката на лицето.



СКОРПИЈА

Доколку на работното место размислувате и се оптеретувате со личност која не го заслужува тоа, ќе си наштетите себе си. Уживајте во кругот на семејството. Задоволни сте како на емотивен, но и на работен план, па затоа немате време за нервоза. Задржете ги позитивните мисли.



СТРЕЛЕЦ

Она што може да се заврши денес, не го оставајте за утре. Засукајте ги ракавите и завршете ги долго планираните работи. Искористете ја својата концентрација и не ги одовлекувајте работите. Некоја физичка активност или едноставна прошетка на свеж воздух одлично ќе ви дојде.



ЈАРЕЦ

Повеќето Јарци добро ќе се чуствуваат и нема да се оптоваруваат со непотребни работи. Другата половина се во константно премислување, тешко ќе можат да донесуваат одлуки сами или постојано ќе се расправаат. Емоционалната нестабилност ќе доведе до ситуација во која ќе ја исфрлите љубомората врз вашиот партнер.



ВОДОЛИЈА

Не можете секогаш да го обвинувате партнерот за вашите несогласувања. Константните нервози и начинот на живот придонесоа за вашата моментална здравствена состојба. Повеќе внимание посветете им на домашните, децата и внуците. Ќе се чуствувате посреќни и поздрави.



РИБИ

Имате за цел од корен да го измените својот начин на живот. Дали ќе го промените работното место или ќе влезете во посериозна љубовна врска- се е тоа индивидуално. Позитивно за сите припадници на овој знак е доброто здравје и подобрувањето како на емотивната, така и на финансиската состојба. Со среќа.


#
Најди! во Утрински