Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија
Кој ја поттикнува ксенофобичноста во Битола

Неконтролираните партиски вработувања го нарушија битолското образование, сметаат од разгранокот на ЛДП

БИТОЛА - Неконтролираните партиски вработувања во битолските основни училишта е една од главните причина за се' почестото формирање на етничко чисти паралелки, обвинува опозицијата. Либералдемократите од Битола реагираат на последните состојби во основното образование, кога во две училишта беа дозволени чисто етнички паралелки, не само во прво одделение, туку се' до осмо одделение. Тие јавно побараа од надлежните државни органи да се зафатат со работа наместо да бидат неми набљудувачи. Да ги лоцираат вистинските причини за оваа појава и да ги санкционираат одговорните кои ја поттикнуваат ксенофобичноста на битолчани.

Ваквите тврдења политичарите од опозицијата ги образложуваат со фактот што во ОУ „Трифун Пановски“ во Битола триесетина ученици во прво одделени наместо да бидат во една мешана паралелка, тие се поделени на два класа. Во едниот учат само Македончиња, а во другиот деца со различна етничка припадност. Тука е спорен бројот на ученици по класови. Или Македончињата се над дваесет ученици, а во друго одделение само осум. Но, и покрај тоа што минимумот за формирање паралелка е 24, а максимумот е 34 деца, раководството на училиштето вработило со договор за дело уште една учителка што било причина за поделба на децата, велат од ЛДП. Со тоа настанале и кавги меѓу раководството на училиштето и родителите. Само три дена по почетокот на учебната година, седум ученици Македонци се испишале од паралелката каде што доминирале децата од другите етникуми.

„Во ова училиште за прво одделение имаше само една учителка со полно работно време, а сега е вработена уште една, со договор за определено време. За да не замине едната од работа, направени се две паралелки, а таму има услови за една, и тоа од мешан состав. Ова е само поради нечии партиски интереси и желби, а мешањето на паралелките е нехумано и нечовечко“, рече на прес-конференција Горан Милевски, советник на ЛДП во Битола.

Според него, за да биде работата поуверлива, побројниот клас бил препуштен на новата учителка, со цел да се прикаже колку е таа потребна. Директорката на ОУ „Трифун Пановски“, Снежана Терзиевска, е категорична дека нема стара и нова учителка. Таа што е на определено време е ангажирана од пред повеќе од три години, па затоа според Терзиевска воопшто не се основани ваквите обвинувања на опозицијата.

Но, либералдемократите отворено ги поставуваат прашањата, зошто Општината и Министерството за образование дозволуваат формирање и финансирање паралелки каде што бројот на децата е под законскиот минимум и зошто неконтролирано се вработува наставен кадар, што предизвикува сосема други проблеми, особено меѓуетничка нетолеранција.

Од секторот за образование во локалната самоуправа во Битола негираат дека има партиски вработу��ања на наставен кадар и дека тие се причината за формирање етнички паралелки. Но, признаваат дека паралелката во ОУ „Трифун Пановски“, која функционира само со осум деца, е исклучок, но, сепак, Министерството дало согласност таа да функционира.

„Во последните години се вработени само стотина наставници во Битола, на определено време, но тие не се на нови работни места, тука на места на пензионирани кадри. Годинава се вработени само тројца во три основни училишта, но и тие на стари работни места. Така што нови вработувања нема. А, уште помалку поради нив се цепкаат паралелките“, објаснува Снежана Петровска, подрачна раководителка на Секторот за образование во Битола. Петровска тврди дека паралелките со помалку ученици кои не го исполнуваат законскиот минимум во Битола и во Битолско функционираат со години токму поради падот на наталитетот, особено кај македонското населени во овој крај. Според неа, ова е главната причина за формирањето етнички паралелки. (А.Б.)

 


#
Статијата е прочитана 697 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.09.2009 07:51:44
Овие од ЛДП ,, као да нису одавде,, па не се работи за училиштето и нивниот кадар,тоа е барање на родителите,преку училишниот совет.Родителите несакаат своите миропомазани,христијански деца учат со,,неверниците,, кој им го замирисуваат просторот.Сигурно се криви просветарите и за вандализмот со кукастите крстови исчкртани од нашите дични потомци на конзулскиот град.Стварно се маргиналци овие од ЛДП,направете трибини за оваа ксенофобија ако имате смелост,осудете ја дури тогаш ќе бидете релевантни.
Од: niko
Датум: 25.09.2009 16:41:37
Mene navistina ne mi e jasno koja e vabotata na drzavniot prosvetev inspektorat i voopsto ne pocituvanjeto na zakovskata regulativa za formiranje na paralelki, ts.zapazuvanje na br. na ucenici vo edno odd....vo 95% od ucilistata odd se prazni, se formiraat paralelki po 11, 12, maksimum do 20 ucenici...a da ne zboruvame za situacijata vo podracnite ucilista kade situacijata e uzasna....ili neka se izmeni zakonot i neka se namali br. na ucenici vo oddelenie ili neka ima tehnoloski visok ivo taa svera, zosto budzetot vo R.M. ke se raspadne....A sto se odnesuva do doticnoto O.U. toa so god e pred zatvoranje bidejki br.na nastavnici e pogolem od br. na ucenici...

Најди! во Утрински
Македонија
Нема еколошка катастрофа на Матка, тврдат надлежните
Македонците годишно јадат по 200 грама мед
И Македонија не е имуна на фалсификувани лекови
„Време“ со „Шпиц“ скокна на 15 денари
Како да се користат парите од ИПАРД
Фијаско на проектот бесплатни учебници
Корупцијата е табу-тема за бизнисмените