Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Македонците годишно јадат по 200 грама мед

Медот се користи само кога луѓето се болни, велат пчеларите

Македонците јадат мед само кога се болни. Се' уште не ги знаат вистинските вредности на медот, ниту имаат какви било познавања за начинот на неговото производство. Ова го велат пчеларите кои учествуваат на манифестацијата „Фестивал на медот“, што почна вчера и ќе трае до сабота во Скопје.

„Бенефициите од ваквиот тип промоција се многу големи. Владее навиката - ќе чекаме некој да се разболе, па тогаш ќе купиме мед. Многу луѓе не знаат како се добива мед. Тука можат да се информираат за потеклото, за пчелите, за местото каде што се одгледуваат“, изјави Гоце Мирчески, член на здружението „Матица“ кое четврта година по ред го организира Фестивалот.

Според анализите на Факултетот за земјоделски науки и храна, во Македонија годишно се трошат помалку од 200 грама мед по глава на жител.

„Причина не е цената, туку увозот на мед со непроверено, сомнително потекло. Затоа бараме заштита од државата“, истакна Мирчески, додавајќи дека увозот на мед за околу 50 отсто го надминува домашното производство.

Пчеларите се донекаде задоволни од субвенциите што ги дава државата, но сметаат дека не е постигната реалната сума која би им овозможила нормално работење. Современото пчеларење бара поголеми инвестиции, а тоа луѓето од руралните средини не можат да си го дозволат.

На Фестивалот што ќе трае до сабота може да се купи мед по унифицирани цени - 250 денари килограм независно од типот, шумски, ливадски... Грам млеч, пак, чини 150 денари.

Македонскиот конвенционално добиен мед главно се пласира на домашниот пазар. И органски произведените количини кои, според најавите на пчеларите, ќе бидат достапни за две години, се наменети за нашите потрошувачи.

„Органското производство на мед е практика веќе трета година. Првите количини ќе се продаваат тука, но, би било добро ако успееме да се пробиеме и на европскиот пазар“, нагласи Мирчески. (МИА)

 


#
Статијата е прочитана 418 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 25.09.2009 10:06:57
Па добро е де 200 грама е како Програмата во 200 чекори, за секој чекор по 1 грам..... Остваруваме, Поздрав... Груевски.............

Најди! во Утрински
Македонија
Кој ја поттикнува ксенофобичноста во Битола
Нема еколошка катастрофа на Матка, тврдат надлежните
И Македонија не е имуна на фалсификувани лекови
„Време“ со „Шпиц“ скокна на 15 денари
Како да се користат парите од ИПАРД
Фијаско на проектот бесплатни учебници
Корупцијата е табу-тема за бизнисмените