Број 3094  петок, 25 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Нема еколошка катастрофа на Матка, тврдат надлежните

Реконструкцијата врз ХЕЦ „Козјак“ и „Света Петка“ ќе трае до 15 ноември

Маја Томиќ


Државниот инспекторат за животна средина целосно и постојано ја следи ситуацијата со кањонот Матка и досега по течението на реката Треска не е забележан никаков помор на риби ниту деградација на животната средина и на природата. Ова на вчерашната прес-конференција, покрај реката Треска, го изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, како реакција за загрижувачката состојба со нивото на езерото Матка, односно со драстично намалениот водостој, на што алармираа повеќе медиуми.

Јакупи информира дека Министерството има извршено увид во целосната документација доставена од ЕЛЕМ и од „ЕВН Македонија“, како и дека е разговарано со надлежни лица од овие компании. Всушност, документацијата се однесува на протоколот за усогласување на режим на работа на ХЕЦ „Козјак“ и ХЕЦ „Матка“ за периодот од 15 август до 15 ноември 2009 година. За сите прашања околу оваа тема Јакупи нагласи дека останува отворен и транспарентен за соработка. Тој нагласи дека ситуацијата е под контрола, дека нема да се дозволи да дојде до еколошка катастрофа, дека станува збор за инцидентна ситуација која наскоро ќе се надмине и оти водата и природата на Матка повторно ќе се вратат во нормала.

Како што веќе објавија медиумите, главна причина за драстично намалениот водостој на реката Треска и на езерото Матка, се градежните работи кои ги изведува ЕЛЕМ врз ХЕЦ „Козјак“ и врз ХЕЦ „Света Петка“. Поточно, во ХЕЦ „Козјак“ се врши интервенција на вториот агрегат, додека на „Света Петка“ се прават повеќе интервенции поврзани со првата фаза од градежните активности на браната.

Според Димитар Танурков од ЕЛЕМ, зафатите на „Козјак“ ќе завршат, најверојатно, до средината на ноември. Станува збор за редовни технички зафати, без оглед што тоа се прави на најновата изградена хидроцентрала во земјава. Како што рече Танурков, на средината на ноември истекува гаранцискиот рок за хидроцентралата, кој е пет години. Кинеските изведувачи се задолжени дотогаш да ги завршат сите активности што се однесуваат на забелешките од ЕЛЕМ во врска со нивната инсталирана опрема.

Во меѓувреме, додека траат активностите на ЕЛЕМ со ХЕЦ „Козјак“, „ЕВН Македонија“, која раководи со ХЕЦ „Матка“, го искористи периодот за изведување санациони активности врз централата, кои се веќе завршени. До 31 октомври ЕВН се обврзала да го одржува нивото на акумулацијата на Матка на 312 метри надморска висина и дека од ХЕЦ „Матка“ ќе се испушта биолошки минимум со количина вода еднаква на природниот доток на профилот, од браната „Козјак“ до браната Матка.

 


#
Статијата е прочитана 294 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Кој ја поттикнува ксенофобичноста во Битола
Македонците годишно јадат по 200 грама мед
И Македонија не е имуна на фалсификувани лекови
„Време“ со „Шпиц“ скокна на 15 денари
Како да се користат парите од ИПАРД
Фијаско на проектот бесплатни учебници
Корупцијата е табу-тема за бизнисмените