Брoj 2815  сабота, 18 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Одеднаш станувате неуморни. Добивате сила да се борите со предизвиците за кои не можевте ниту да сонувате. Бидејќи сте сконцентрирани на она што го работите, немате време да влегувате во конфликти со соработниците.



Бик

Потребата за љубов, убави работи и уживања моментално е нагласена. Партнерот ви помага со заеднички сили да постигнете повеќе, тоа за вас ќе биде интересно и возбудливо искуство. Не претерувајте со трошењето пари.



Близнаци

Се прашувате кога ќе ви падне камен од срцето? Едвај чекате да дојде до тоа. Си задавате премногу обврски, а со тоа може да предизвикате сериозни последици кои, пред се', ќе се одразат на вашето здравје. Бидете скромни и реални.



Рак

Доколку врската е во криза, знајте дека љубомората е вистинскиот виновник. Мора да ги преиспитате причините за посесивниот став кон саканата лице. Несигурни сте во себе, тоа мора веднаш да го решите, во спротивно можни се неуспеси.



Лав

Здружете се со Терезија или Бик ако сакате да уживате во љубовта и воопшто во животот. Ве очекуваат многу возбудувања, а тоа е она што ви недостасуваше. Пожелно е да не претерувате со храната, можни се здравствени проблеми.



Девица

Свесни сте дека вака веќе не оди, затоа подгответе се да промените нешто. Сето она што ви пречи и што ве кочи во напредувањето настојувајте да го елиминирате. Донесувате важни одлуки кои ќе ви го променат животот. Кога нешто ќе наумите никој не може да ве спречи.



Терезија

Пред вас има многу пријатни и возбудливи случувања. Препуштете се на животните радости и уживајте. Радост ви причинуваат сите кои ги сакате. Денеска ќе се уверите колку многу пријатели имате. Очекувајте подарок од партнерот.



Скорпија

Променливото расположение, несигурноста и нервирањето поради секоја ситница и другите ситни проблеми воопшто реба да ве загрижуваат. Тешко заборавате навреди и не простувате, немојте да бидете злопамтило. Внимавајте на здравјето.



Стрелец

Бидејќи може да работите само ако некој не ви пречи, се одлучувате за доброволна изолација. Осаменоста ве прави среќни, затоа и често ја применувате. Љубомората е насекаде околу вас, потрудете се да ја контролирате, особено кон односот со партнерот.



Јарец

Планетарните аспекти веќе долго време влијаат на позитивниот развој на случувањата. Со Стрелци имате одлична соработка. Моментално малку разговарате, но одлично се разбирате. Немојте да претерувате со алкохолот.



Водолија

Имате проблеми со авторитетот и доминантните личности. Посакувате да влегувате во конфликти не размислувајќи за последиците. Нервозата и незадоволвството од себе манифестирајте ги на поинаков начин. Веќе утре ќе мислите поинаку.



Риби

Доцните со извршувањето на обврските, но никој нема да го забележи тоа. Во фаза сте кога сакате да реализирате битни проекти, па за депресија нема место. Периодот пред вас е повеќе од поволен. Потрудете се од ситуацијата да извлечете максимум.





Најди! во Утрински
Барај со НАБУ