Нино Леви
актер
Викендов мислам дека најмногу време ќе минам со главниот мајстор Тони, со кој го реновирам станот. Минатата недела им посветував на сцената на МНТ, на „Дундо Марое“ и на „Сомнително лице“, па викендов сум слободен да завршам со реновирање и, конечно, да можеме да се вратиме дома.
Кристина Арнаудова
пејачка
Претпладнево се враќам во Скопје од Битола, каде што бев неколку дена. И тоа право на семеен ручек. Попладне, т.е. вечер, од 20 часот ќе одам да го следам натпреварот од ракометната Лига на шампионите Металург - Драмен, во салата „Борис Трајковски“. Логично, навивам за Металург и од патриотски и од семејни причини.
Златко Крстевски
визуелен уметник
Неодамна се вратив од Дубровник и се' уште сум под импресии. Денеска, во 9 часот се состанувам со екипата од Визант за дизајнирање на промоцијата на Прилеп. Во изглед е и евентуална прошетка до Мариово. Попладне бираме фотографии за еден уметнички плакат. |