Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Станува ли Судски совет суд за егзекуција?


Тенка е линијата меѓу слободното судско убедување и несовесното постапување

Гордана Дувњак


Може ли петмина правници од државен орган да се претворат во своевиден „натсуд“ и да сослушуваат судии, да повикуваат сведоци?Дали Судскиот совет прави правен преседан со начинот на кој ја води целата постапка околу утврдувањето на одговорноста на петтемина апелациони судии од скопска Апелација? Се навлегува ли во слободното судиско убедување или, пак, тоа е само обид да се дојде до вистината и да се утврди дали тие навистина нестручно и несовесно работеле во конкретниот судски случај со турскиот државјанин?

Мислењата околу ова прашање се поделени. А, експертите, пак, се крајно внимателни во давањето оцена, бидејќи нагласуваат дека е многу тенка линијата околу тоа дали се навлегува на туѓ терен. Уште повеќе поради тоа што доколку се покаже дека е помината црвената линија, може да се испрати многу лоша порака за независноста на судството и да ги заплаши делителите на правдата. Но, во едно нема сомневање, дека случајот со двојниот идентитет на турскиот државјанин Хакки Кормаз алијас Ибрахим Килиќ, за кој се бара разрешување на цел Кривичен совет составен од петмина судии е по многу нешта необичен и контрадикторен.

Дилемите што го следат овој случај уште од моментот кога беше побарана одговорност за искусната апелациона судијка Виолета Дума, прв јавно ги отвори адвокатот Мирослав Вуиќ, кој беше еден од неколкутемина повикани сведоци за овој случај. Тој јавно го проблематизираше начинот на кој Судскиот совет ја водеше целата постапка.

„Не знам по кој закон или одредба од Деловникот членовите на Комисијата не' распрашуваа за околностите и за доказите што влијаеле врз донесувањето судска одлука. Тоа не е работа на Советот, туку на повисок суд. А, самиот начин на сослушување ме потсети како на нов суд“, изјави Вуиќ.

За претседателот на Суд��киот совет, Васил Грчев, нема ништо проблематично во начинот на водење на постапката.

„Воопшто не мислам дека излегуваме од нашите ингеренции. Само се обидуваме да ја утврдиме фактичката состојба и да видиме дали некои околности што не им биле познати на судиите или биле намерно скриени, можеле да влијаат во донесувањето поинаква пресуда“, додава Грчев. Тој вели дека нема ништо спорно ни во сослушувањето на сведоците што биле повикани токму по предлог на судиите што одговараат за нестручно и несовесно однесување.

„Судиите судат според сопственото судиско убедување и тоа е еден од основните постулати, на кои се темели независноста на судската власт. Но, мора да се биде крајно внимателен во проценката на тоа дали навистина судијата свесно презел некои активности со кои ја довел во прашање својата стручност и совесност, бидејќи навистина е тенка линијата што ги одвојува овие работи“, потенцира професорот во пензија и поранешен член на првиот Републички судски совет, Љупчо Арнаудовски.

Само добар и совесен Судски совет може јасно да разграничи што е тоа слободно судиско убедување, а што значи грубо кршење на судската функција, смета неговиот колега од првиот состав, а сегашен актуелен професор на ФОН, д-р Осман Кадриу.

Вели дека секој конкретен случај мора да се гледа крајно внимателно, но и да се цени работата на секој судија во целина, бидејќи станува збор за исклучително одговорна функција.

„Навистина некогаш е доволно и низ еден случај, да видите кога судијата сторил толку голем пропуст за кој мора да одговара, а кој бил свесно направен од најразлични причини: мито, незнаење или политички притисоци“, додава тој.

Како што дознаваме, петчлената комисија на Судскиот совет што ја утврдуваше одговорноста на петтемина судии, веќе го изготвила записникот за овој случај. Обемниот записник во кој се содржани изјавите од десетчасовното сослушување и соочување на судиите и речиси шестчасовното прибирање информации од сведоците е веќе потпишан. Но, се' уште не се знае кога ќе се најде на дневен ред на седница на 15-челниот Судски совет, кој треба да донесе одлука за судбината на апелационата судијка Виолета Дума и за нејзините четворица колеги. Најверојатно, тоа ќе се случи во првата половина на јуни. Тогаш ќе се знае дали ќе бидат ослободени од секаква одговорност или ќе бидат разрешени сите петмина. Но, се зборува дека ќе настрадаат само претседателката на Кривичниот совет, Виолета Дума, и судијата-известител, Владо Џилвиџиев, а останатите тројца ќе бидат ослободени зашто, наводно, биле само „колатерална штета“.


#
Статијата е прочитана 891 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe od Gradcko
Датум: 22.05.2010 01:53:23
Podrska za nepravedno obvinetite sudii na celo so sudikata Duma. g-da od Sudski sovet na celo so najlosiot minister za pravda vo istorijata na Makedonija bez nikakvi rezultati manevski prestanete so pritisoci i ostvete da se sudi cesno i nezavisno. A ne spored osovano somenie vo interes na VMRO-DPMNE zaradi osveti i poradi toa sto se oslobodi Buckovski ( toa e moe prasanje i somenez). Podrkska za sudiite, a sramno za Makedonija sto sudstvoto e edna od nalosite oblasti. Vo koj mnogu malku gragani veruvaat. A toa go pokaza i megunarodanta zaednica (EU,NATO i OBSE). podrska za sudiitite...
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.05.2010 06:59:42
Како што почнало со кадровската политика на сите нивоа и во сите институции на власта,може ли наскоро да се очекува партиските комесари да ги припремаат одлуките на судовите па и на обвинителствата.Во 21 век ќе бидеме единствени нели - со она што се нарекува диктатура - не на пролетеријатот - туку на ДПМНЕ. Циркусот продолжува, ужасот следи?
Од: Nation judge
Датум: 22.05.2010 08:28:15
СС сега ке моти, ќе измотува во 1001 лист и ништо нема да се разбере, тоа ти е нашинско. Има ли факти и докази за делата против судиите ние ке гласаме дали се виновни или не. Правдата и неправдата секој човек ја познава.
Од: oceski
Датум: 22.05.2010 10:42:21
a kaj bese sudskiot sovet za filimena manevska (sopruga na ministerot) da rasprava sto nekolku meseci kako penzionerka rabotese i gi zatvoraa ocite da pokrenat postapka, koe nesto e mnogu potragicno vo nepocituvanje na zakonskite normi otkolku presudata na sudiite za tur.drzavjanin. i zamislite ja ispituvale procedurata kako da ovie predmetni sudii koi se sednati na obvinitelna klupa kako da se vcerasni,neiskusni. vidi majkata.. i posle evropa ni e kriva koga ni dava crven karton za mnogu prasanja. evropa ne trpi samobendisani i izvetreani senilni politicari koi rabotat po diktat na partija a ne profesionalno i zakonski. zatoa koga vmro-dpmne e na vlast, zaradi takvoto praktikuvanje na vlast makedonija sekogas ima problemi-vnatresni i megunarodni, i sekogas nazaduva. za drzava da napreduva treba da se vodi politika vo interes na graganite a ne inat partiska politika i istata da se sokriva zad bozemni nacionalni i drzavni interesi. no takvi prikaski vo evropa ne vrvat, moze samo kaj...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.05.2010 10:43:22
По се изгледа кога виножитните политички притискаат врз судовите како притисокот обелоденет од уставниот судија визави Грчев за проектот Скопје 2014 год. е сосема на место дури продуктивно.Непродуктивно е и судиите се притиснати секогаш кога виножитните кадри се осудуваат,а им се усвојат жалбите ептен правна држава.Инаку Бучковски нее ослободен туку процесот се враќа на почеток и топрва му следи судење.
Од: tina
Датум: 22.05.2010 12:22:04
dosta veke so taa sudika Duma,novinarot sto pisuva ne kazuva sto ako covekot od Turcija sto e lazno osuden pobara osteta koj ke ke ja plati.Duma ili narodot,a kade e odgovornosta na sudikata Sopova,do koga Duma ke sudi kako,saka,aman zeno idi veke vo penzija ostavi mladi da rabotat.
Од: bezobrazie
Датум: 22.05.2010 12:31:10
Sudskiot sovet ubedena sum deka e svesen za toa deka so ovoj slucaj, svesno gi nadminuva svoite ingerencii. Zar vodi pretres? Po koj osnov. Zar vtorostepenioot sovet ke odgovara za grevovite na predistraznata, istraznata i prvostepenata postapka? Bruka nevidena!!! Ovoj "slucaj" e jaeen kako den. Treba da se realizira osvetata kon Duma.Dirigent na ovoj "slucaj" e .... se znae koj e "dvoecot". Stari smetki. Samo steta sto cel sostav na Sovetot ke nasedne na ova. Bruka za niv

Најди! во Утрински
Политика
Рудниците имаат век на траење