Број 3622  вторник, 05 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

А1 на продажба за 25 милиони евра?

Близок роднина на Рамковски, наводно, барал купувачи низ Турција. Од А1 официјално велат дека не слушнале за тоа

Горан Адамовски

Телевизијата А1 бара нов газда. Цената што се бара е 25 милиони евра, од кои ќе бил намирен долгот од 9,5 милиони евра кон Управата за јавни приходи. Вакви шпекулации се слушаат деновиве откако телевизијата објави дека поради неможност за нормално функционирање, морале да ги пратат новинарите на принуден одмор, а ќе се емитуваат само десетминутни технички вести.

Како што се зборува меѓу вработените во А1, близок роднина на сопственикот Велија Рамковски престојувал во Турција каде што барал купувачи. Наводно, првичната сума што била побарана од заинтересираните била 25 милиони евра, со кои потенцијалниот сопственик добивал одврзани раце да прави што сака. Според овие гласишта, заинтересирани имало порано, односно пред неколку месеци, но не и сега откако УЈП извести колкаво е побарувањето.

„Како што се зборува, сега немало заинтересирани, бидејќи никој не сакал да си пр��дизвика проблеми со евентуалното купување на телевизијата што е во ужасни односи со власта“, велат вработени во телевизијата. Главниот и одговорен уредник на А1, Младен Чадиковски, тврди дека првпат слушал оти се продава телевизијата. „Прв глас сте ми вие, навистина друго не би можел да кажам“, вели Чадиковски.

Наводно, во евентуалниот бизнис со продажбата на телевизијата не биле опфатени трите весници на „Перо Наков“ што престанаа да излегуваат. Адвокатот на Рамковски, Мирослав Вуиќ, ни изјави дека не знае ништо за евентуалната продажба, правдајќи се со зафатеност на вчерашното рочиште за случајот „Пајажина“, кое траеше до попладневните часови.

Според вчерашните информации од А1, најголем дел од новинарите се заминати на принуден одмор, а помал дел од нив доаѓаат во телевизијата за да ги подготват техничките вести што се читаат во десетминутниот дневник. Исклучок биле емисиите од забавен карактер, кои продолжуваат да работат како предходно.

Ваквата ситуација се очекува да трае до 8 август кога е последниот ден за плаќање на долговите на телевизијата кон УЈП. „Овие мерки се преземаат во функција на штедење и намалување на трошоците во телевизијата. Веќе сме сосема исцедени, но и натаму ќе ја исполнуваме нашата обврска за информирање, со емитување 10-минутни вести во досегашните термини“, изјавија завчера од А1.

Ваквата одлука следуваше само еден ден откако згаснаа трите весници „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, кои ги издава компанијата „Плус продукција“, а стотина новинари од сите три медиуми заминаа на принуден одмор. Ситуацијата во весниците се проблематизираше откако УЈП побара да бидат еден милион евра за данок што го должеле кон државата. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 8867 пати.

Испрати коментар

Од: Katerina
Датум: 05.07.2011 00:16:40
Koj sto drobel, toa ke srka!
Од: SE ZNAJE OD KOGO
Датум: 05.07.2011 00:40:22
Grujo znaje sto pravi,sve ke prodademe na bliskite komsii da gledame tv.so prevod Makedonski.
Од: trpe od gradsko
Датум: 05.07.2011 01:24:40
Ako sakaaat neka ja kupat A1 samo da ostane nezavisen i demokratski medium...drugite mediumi skoro site se vladini kako vo komunizmot
Од: македонец
Датум: 05.07.2011 01:28:05
Колку телевизии, радио, весници и списанија до сега згаснаа во Македонија, а само за А1 се крева толкава џева... ме чуди зошто БАШ за оваа телевизија... и зошто БАШ таа им даваше на новинарите пара на рака... сеа без неа ќе имаме мрак во известувањето.... или не... покрај толку многу сателитски телевизии и интернет можеме и без нејзината пропаганда... и така си подлажнуваше понекогаш... :))))))
Од: goran troika
Датум: 05.07.2011 01:29:22
Ne mora da baraat kupec vo Turcija Sasko Mijalkov kje si ja kupi ne se sekirajte
Од: Lazo Stefanov
Датум: 05.07.2011 03:46:16
Edna mnogu tazna i necesna prikazna vo neslobodna Makedonija.
Од: СП
Датум: 05.07.2011 04:42:57
Оваа телевизија треба македонските гледачи доколку сакаат да опстане да ја спасат. Ако има 100.000 луѓе кои ќе дадат по 100 евра, нека направат некаков фонд за спас на А1, а ако нема такви, тогаш очигледно не ни треба ни телевизијата ни демократија, па што сака нека се случува со нив.
Од: Ал Капоне
Датум: 05.07.2011 07:57:23
Оглас: Барам телевизија составена од поткупливи новинари кои ќе ме бранат за да не ме затвори власта оти многу сум крадел, односно не сум сакал да плаќам данок. П.С. во добри односи сум со лидерот на една големка опозициска партија. Тој ми е и ортак во неколку фантомски фирми. Шифра: „Во Македонија нема демократија и слобода на медиумите“
Од: девичанецот
Датум: 05.07.2011 08:14:46
Може и Панде Лазаров даја купи...
Од: азилант
Датум: 05.07.2011 08:50:06
па нека ги лупи сдсм, со пари од кредит од КМБ
Од: Трпе
Датум: 05.07.2011 09:32:35
Треба да се продаде и за многу поефтина цена,најгледаната македонска телевизуја.Само и само да се исплатат долговите кон таканаречената држава.Медиумот да го купи некој кој ке биде независен од кланот.Само и само да не падне во рацете на мафијата.А1 телевизија носи многу пари и ке му се исплати на секој способен купувач.Ако цените на А1 ,за реклами се 10 пати поголеми од цените на тв Сител,тогаш ова ТВ куќа е највредна во Македонија.
Од: aleksrandar makedonski
Датум: 05.07.2011 09:53:33
ne se sekirajte luge kako ramkovski ne se ostavaat bez denar toj cim samo za danog 10 milioni dolzi kojznae od drugi raboti kulu ima zaraboteno pravilno i nepravilno taka da ima pari ramko ne se sekirajte so istite pari demek ke ja kupi nekoj televizijata so negovi pari od stranstvo preku drug covek ke plati danok 9 miliona za a1 i on em televizija pak em cist ke si plati i nema da lezi zatvor ramko e star volk nemoj da mislite deka nema planovi se raboti za milioni taka da cim si milioner mora da imas rezerven plan taka da na kraj ramko i 22 cata razbojnici ke bidat obvineti ali danokot ke se plati i ke bidat oslobodeni nikoj ne vleguva bez nekakovo osigoruvanje vo vakvi biznisi dobro e sto pocnaa da se zatvaraaat i da se raboti nesto koga moze obicniot covek da plaka danok mozat i bogatite
Од: nezavisen
Датум: 05.07.2011 10:36:20
Abe Makedonec ti da ne im svetis na drugite mediumi kako im isplakaat plata?zosto tolkava zloba i pakost kaj nas ,samo gledame seir i se sitime na nevoljite na drugite toa nie e dusevna hrana na groto na na narodot.
Од: alek
Датум: 05.07.2011 10:57:17
Mnogu e.
Од: makedonec
Датум: 05.07.2011 11:21:01
Prijateli koj ke go kupi Kratovo posle 4 godini zatoa sto mislite i Singo gi placa danocite.Koj e umen neka bere pari i neka gi ostri zabite.A dali e vo red so Sitel ...sigurno e vo red oti na Latas ,koj znae kilku pari vladata mu dava.Koga ke gledate vesti na Sitel mislis vo Makedonija se e med i mleko,ne mi e jasno dali misli urednikot na Sitel kade ziveeme,pa i nie sme tuka vo drzavata samo lagi i nevistini.Toa se vesti samo za onie vo dijasporata da im ja polni glavata so nevistini.Ne go branime Velija ja branime nezavisnosta na A1 i novinarite sto rabotaat vo TV A1,stom ke zgasne ovoj medium nema sto da se gleda,bidejki dr.TV se pod direktiva na ovaa ili druga vlast.Go znaeme toa od porano vo ovie 20 g.sekoj koj ke dojdese tamu bea,a A1 stalno bila vo opozicija i sekogas odese po vistinata so fakti pred gledacite.A Velija ako e nevinoven neka si ja bara pravdata na sud.
Од: Pero
Датум: 05.07.2011 11:30:34
@makedonec: Ic da ne te cudi, galamata se kreva sega zatoa sto uste A1 i Utrinski ostanaa kriticki kon vlasta. Ako zgasnat i tie, kje se pretvorime vo Kazakstan.
Од: mrdnat
Датум: 05.07.2011 12:15:40
Neli e kandidat SINGO ili liceto B.S
Од: Stranec
Датум: 05.07.2011 12:30:25
Do Al Kapone!! Ti si CAR! Najdobar komentar do sega ha ha ha I jas baram takva televizija ha ha ha
Од: goran
Датум: 05.07.2011 12:34:11
se umen do umen vo komentarite. a, vistina e deka mnogu, mnogu luge izgorea vo biznisot so velija ramkovski, deka toj pravel piljarski vesnici i piljarska tv, deka od nego mediumski gazda ne biva, i tocka! sram da im e i na novinarite sto mu go podrzuvaa kriminalot, pa sega neka se snaogaat. ima i drugi redakcii vo makedonija koi se zatvorija, pa nikoj ne kukase poradi nivnoto zatvoranje, ne gledam zosto da se kuka po mediumite na velija?i, taka bea neprofesionalni, mnogu lagi i nevistini sirea niz eterot i na pazarot!!! ima internet, ima drugi vesnici i tv, nee kraj na svetot!!! ova nee nisto seirdzisko, tuku e ziva vistina!!!
Од: dedo dimo
Датум: 05.07.2011 13:00:36
Eden od komentarite pak go napaga Gruevski a ne veli deka ako A1 si plakashe porez kako site nemashe vo vakva polozba da bidi .Drugo ako A1 se prodaj na komshiite na drug jazik ke slushame sve .Da ve optsetam samo edno .Novinarite vo Republika Makedonija se pravat mnogu pametni ali glupavo se odnesuvaat so upotrebuvanje na mnogu Angliski zborovi so makedonski bukvi .shto znachi mu nanesuvate shteta na Makedonskiot jazik.
Од: k2
Датум: 05.07.2011 13:05:01
Konecno....e ne ke se zaebavame....Do koga ke treba da trpime anti-makedonska TV Stanica koja pravese sto saka vo MK....Konecno zakonot vo Makedonija pocnuva da funkcionira....
Од: oh
Датум: 05.07.2011 13:17:51
Malku ni e da plakame na drzavnata televizija, pa sega i nasite pari im gi dale na zaem vo privatnata televizija A1. Dajte ni gi nazad parite od A1, dosta ni se televizii vo Makedonija. A i slobodni televizii gi ima dosta ne se site vladini. VMROvcite imaat pomalku ukradeno od drzavata pa so koi pari da gradat vladini televizii??? Parite od drzavata (od tatko mi i dedo mi) da se vratat nazad. Ako ne plati tatko mi danok ke mu ja zemat kukata, a ovie vo A1 15 godini i nikoj nisto ne im bara. Gospod znae uste kolku danoci se skrieni vo vremeto na SDSM.
Од: sorosoid
Датум: 05.07.2011 13:35:42
Sto se za sorosoidite 25 milioni , eve sansa da si kupat i da si imaat svoja televizija.
Од: Vraboten vo A1
Датум: 05.07.2011 13:59:58
DO SITE STO SE SITAT: Gledajte da ne ve snajde istoto, zosto dolga e rakata na "pravdata". Moze e poubavo da ne nema, posle se ke bide rozevo vo zemjava.
Од: Александар М.
Датум: 05.07.2011 14:43:08
Море, малку е таа багра да остане без работа, туку да немаат право во ниеден друг медиум да работат. Штета за луѓето што си ја работеа работата чесно и стручно кои ќе настрадаат најмногу. Ова продадениве души ќе најдат ухлеблење кај Сорос или на Бихаќка. 25 милиони евра? Ако треба да остане баграта(Чадиковски,Јовановски,Секуловска,Додевска,Стојановска,Милевска,Николовски,Чомовски.....) во телевизијата, тогаш таа телевизија не вреди ни 2.500 евра а не 25 милиони евра.
Од: pero
Датум: 05.07.2011 15:23:03
Зборуваме за А1 данок спрема државата што не платил.Ги поканувам инспекторите на УЈП и советниците на Груевски да дојдат во Неготино и да проверат како Фабриката за кабли ФКН неи плати на државата ни данок ни придонеси ниту плата за повеќе од две години си го смени само името и ни лук јале ни на лук мирисале.Сега за директор е поставен еден хоштаплер и прима работници исклучиво од редовите на СДСМ.Поздрав до Љубо Кузманов.Шифра;Бројани ти се деновите.
Од: koki
Датум: 05.07.2011 15:49:29
Грујо добро се ја тера работава...... се ќе стави под контрола.......................... Напред Грујо.......во нови победи..............
Од: skopjanka
Датум: 05.07.2011 17:42:38
da go prasam "makedonecot" koi TV-stanici se zgasnati? BAS da ti kazam deka A1 televizija bese prva privatna i koga prv pat se pojavi, bevme site oduseveni sto osven MTV ke mozeme da gledame i fa bideme informirani i za drugi raboti. ete zatoa se krena tolkava "dzeva", t.e. vreva.
Од: korektorot
Датум: 05.07.2011 19:43:03
Читајќи го написов, како да го слушам лАтас. Истовремено гледам и форматот на нашите коментари сте го смениле. Е, море Утринси, Утрински многу скоро ве скротија. Од денес во Македонија нема повеќе слободен печатен медиум сакале Вие го признале тоа или не, тоа е горката вистина.
Од: babaratka
Датум: 05.07.2011 19:55:39
Aleksandar M.( ne si stasal do prezime zlobno sustestvo!) vo A1 se novinari od respekt koi ni go otvaar neboto sto grujo i bratucet mu sakaat da ni go zatemnat zasekogas a narodot da go pretvorat vo zombi koi ke gi slusaat glasovite na Mirka,mrsniot milenko,idiotot janko i perfidniot i do koski rasipan latas. Sto ke ni ostane na nas lugeto koi mislat so svoja glava i ne se spremni da goltaat gadotii servirani od pogore navedenite.

Најди! во Утрински
Политика
Новинарите излегоа на Марш за солидарност

"""