Број 3622  вторник, 05 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Новинарите излегоа на Марш за солидарност

Седмата сила побара враќање на достоинството на професијата

„Не сакаме милост од никого“, порача Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите (ЗНМ) од вчерашниот протестен Марш на солидарноста, со кој новинарите од земјава побараа враќање на достоинството на професијата. Повеќе од 200 новинари вчера се појавија на маршот што го организираа ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари, а кој симболично почна во пет до 12 часот.

Насобраните новинари што се собраа пред седиштето на Здружението на новинари, преку улиците „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“, продолжија до плоштадот „Македонија“, каде што по кратко време се разотидоа.

„Излеговме поради колегите што останаа без работа, секојдневното кршење на нашето професионално и човечко достоинство. Ова што ни се случува не заслужува да биде проследено со молк и рамнодушност ниту од јавноста ниту од фелата“, изјави на собирот претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаушидис, која рече дека новинарите можат да бидат силни само ако се обединети.

Чаушидис рече дека дошле на маршот и за оние што не се појавија на протестот, како и за оние што ги презираат и им се потсмеваат. Во името на Синдикатот, таа побара од работодавците да го признаат Синдикатот, и тоа не само како декор, туку како партнер во социјалниот дијалог. А од институциите побара да не бидат орудие за дисциплинирање на новинарите, туку партнер во борбата за неселективно почитување на законите.

„Ајде да го почитуваме законот, да не го третираат новинарскиот труд само како алатка за исполнување на личните бизнис или политички интереси“, им порача Чаушидис на работодавците, додавајќи дека борбата продолжува во редакциите и во судовите. Таа најави и идни собири.

Претседателот на Здружението на новинарите, Селмани, изјави дека со собирот, новинарите докажале дека постои солидарност во фелата. Тој се огради од политизација на протестот.

„Ова е марш на солидарноста на сите наши колеги на кои им се кршат нивните работнички права. Сакам да ги потсетиме државните институции дека доколку во изминатиот период се почитуваше законот и функционираше правната држава, ова што сега се случува во Македонија немаше да се случи“, рече тој, барајќи да се почитуваат работничките права загарантирани со закон.

Селмани потенцира дека не сакаат државните органи да ги заштитат новинарите од откази, туку да спречат вработување на црно во медиумите. Тој порача дека следниот пат новинарите ќе протестираат на местата од каде што се предизвикуваат проблемите на новинарите.

Македонскиот институт за медиуми со соопштение го поддржа протестниот марш. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 1617 пати.

Испрати коментар

Од: Lazo Stefanov
Датум: 05.07.2011 03:38:55
Pocnuvaat da se prkrsuvaat rabotite, veke javnosta, odnosno citatelite vo se pogolem broj go prepoznava dobroto nopvinarstvo.
Од: Каде сте новинарчиња?
Датум: 05.07.2011 08:02:29
Каде бевте да се побуните кога вашето достоинство го испоганија вашите колеги од А1, Време и Шпиц.? Толку ниско го спуштија нивото на македонското новинарство, што ќе ви требаат многу години за да докажете дека вашата професија не е најстарата професија на светот.
Од: ivo
Датум: 05.07.2011 09:14:33
Za kogo "mars" koga nema Vlada?!
Од: Braking news
Датум: 05.07.2011 09:26:19
Latas i kompanija denes ke organiziraat kontra protesti. Kako sto velat kontraprotestantite, tie se prezadovolni od rabotnite uslovi vo drzavava i deka vcerasnite protestanti se samo masa zalazana i izmanipulira od Branko .
Од: toni
Датум: 05.07.2011 10:05:10
dodeka e gujo so se familijata na vlast se taka ke bide vo makedonija,trazilste gledajte!!!
Од: Covek
Датум: 05.07.2011 10:19:00
A mislite deka site onie koi dosega protestiraa ne bea dostoinstveni vo rabotata? Zosto ne im se priklucivte togas?
Од: аде сте новинарчиња,де?
Датум: 05.07.2011 10:36:29
Каде сте новинари кога Латас,Мирка,Небањатиот и Бурекот го загадија и му го згадија новинарството на секој нормален во државата?Што не се оградите од нив?
Од: srebre
Датум: 05.07.2011 11:14:38
kako i nie da bideme solidarni so vas novinari kolku ste vie za sloboda na mislenje i pwcat se gleda i ovde moite komentari se pocesto ne gi objavuvate ..a se kriticki kon aktuelnata vlast..ili poleka i vie stanuvate kako vece...pa se prasuvam dali voopsto da davam komentari tuka koga ocigledno komentarite na tina mnogu povece tezat za utrinski otkolku moite...
Од: dedo dimo
Датум: 05.07.2011 12:42:07
Da ste vo nekoja druga drzava i rabota ke nemate .Dosta od vashite natpisi po nekogash mi se gadi ,pogotovo koga davate nekoj statii koj se protiv nashata drzava .Dosega vo niedna zemja ne sum prochital da se bara spogodba so tie shto go usporuvaat imeto na nashata slavna Makedonija .A vie ili tolku chustvo imate sprema svojata zemja ili sprema parrite od drugite od strana shto vi gi podmetnuvaat.
Од: od nekogasen novinar
Датум: 05.07.2011 12:47:25
generalno gledano zalno e, zalno sto se slucuva so novinarite vo makedonija, no ne gi zalam ovie od a1, i vesnicite na piljarot velija....koga i nie drugite ostanuvavme bez rabota nie od drugite vesnici i radia i tv, za poslednite 10 g.nanazad, nikoj ziv ne se oglasil da protestira da se zaprasa dali i za leb imame? pa, sega bidejki e ova surov i lopovski kapitalizam i nisto veke nee sigurno, dragi novinari - snaogajte se.....takov e zivotot !!!
Од: Skopjanec od Pajko maalo
Датум: 05.07.2011 13:30:15
Krajno vreme e NOVINARITE DA SVATAT DEKA NE SE CENTAR NA SVETOT i deka NE SE NEDIPIRLIVI.Od sekogas bile prodolzena raka na nekoj "gazda". Golem pridones imaat za podelenosta i raznebituvanjeto na makedonskiot narod i drzvata.Gi zloupotrebiva mediumite.Se zanesoa so "slobodata na iskazaniot zbor".
Од: made in italy
Датум: 05.07.2011 13:39:41
E Nikolce ni Causesku ni Enver Hodza ne ti se ravni no ne zaboravi deka nese tie vreminja,zapad nee lud,brgu keti dojde krajot samo kakov keti bide Hag ke kaze???Pozz.
Од: Габер
Датум: 05.07.2011 17:19:23
Се надевам дека еден ден ќе ви дојде од задниот дел во главата но да не биде предоцна и сите да марширате во една колона, колона која ќе заличи на колоната на ослепената војска на Самоил која се враќала од Беласица. Се ова ќе ви се случува додека сте поделени на наши и ваши, патриоти и предавници,антички и македонци со словенско потекло и слични поделби. Море новинари од сите медиуми сплотете се и бидете само луѓе од крв и месо,не бидете алчни, завидни ,и не мислете дека само вие треба да живеете, а на другите кој им е.....м. Ако не сватите на време ни Вардар ни Егејот нема да ве испере.

Најди! во Утрински
Политика
А1 на продажба за 25 милиони евра?

"""