Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Ахмети: Не можеме во НАТО поделени

Македонија не може да се интегрира во НАТО поделена или, пак, само Албанците да бидат дел од НАТО и од ЕУ. Токму поради ова ние не сакаме да бидеме фактор што ќе ги предизвикува граѓаните и ќе создава јаз меѓу двата најголеми ентитета, Македонците и Албанците во Македонија, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Тој додава дека со голема одговорност се залагаат ова прашање да не се обои етнички и партиски, туку да се третира како значајно прашање што бара решение и оти сета своја политичка енергија и кадровски потенцијал се насочени кон наоѓање заеднички прифатливо решение меѓу двете страни.

„Мислам дека нема ниту еден граѓанин на оваа земја што не сака да си ја види својата држава богата, сигурна, стабилна... што не сака да ја види својата држава како дел од обединета Европа. Верувам во овие стремежи. Овие се моите идеали и на партијата што ја претставувам. Истакнувам дека подобра земја од нашата татковина нема. Имам прошетано во речиси сите европски држави и Америка и велам дека навистина сме привилегирани, бидејќи нашата земја е многу убава и богата, но треба повеќе ангажираност од сите нас почнувајќи индивидуално, па се' до институциите, кои треба да се свесни за одговорноста што ја имаат во врска со иднината на државата“, вели Ахмети.

Говорејќи за претстојниот попис што ќе биде одржан идната година, Ахмети вели дека целиот процес ќе биде набљудуван од експерти од ЕУРОСТАТ како професионален институт од ЕУ и оти тој не треба да се политизира, а најмалку да се проблематизира. Од него не смее да се создаде паника и несигурност кај граѓаните, бидејќи ниедна страна не е заинтересирана да ги фалсификува резултатите или, пак, да ја загрози другата страна, истакнува лидерот на ДУИ.

„Ние сме заинтересирани овој процес добро да се реализира преку професионално вршење на својата работа, така што најмалку треба да му се даде етничка димензија. Не треба да се фаќаме за броејќи, дали едните се 30, 20 или 50 отсто и уште од сега хипотетички да се предвидуваат резултатите, така што не сакам ниту ДУИ ниту која било друга политичка партија да профитира од овој процес, бидејќи тоа не придонесува за никакво политичко унапредување. Станува збор за нешто што треба да го направи Македонија, бидејќи поминаа речиси 10 години од минатиот попис. Јас воопшто немам комплекси дека некој ќе биде оптоварен со негативна енергија за да го стави под прашање процентот на Албанците и на другите етнички заедници во земјава“, вели Ахмети во интервјуто. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 1033 пати.

Испрати коментар

Од: Stipjanec
Датум: 01.11.2010 18:33:57
Gospodinot Ahmeti ako bese lider na nekoja partija vo bilo koja evropska zemja, sigurno ke go govorese jazikot na taa zamja. Sto ne e slucaj kaj nas. Dali ima drug primer ....turcin da zboruva turski vo germanija ili meksikanec da zboruva spanski vo americkiot parlament? A zosto toa mora da se slucuva vo Makedonija????
Од: Ljubotan -Trade Name!
Датум: 02.11.2010 02:52:40
Македонија не може да се интегрира во НАТО поделена или, пак, само Албанците да бидат дел од НАТО и од ЕУ. Токму поради ова ние не сакаме да бидеме фактор што ќе ги предизвикува граѓаните и ќе создава јаз меѓу двата најголеми ентитета, Македонците и Албанците во Македонија, изјави претседателот на ДУИ ,P,S Ova, od DUI mi lici! Na:Ultimatum ,'Ilirida Macedonija Federation,ili Macedonija Ilirida Federation-,, BirajAgo Sto Ti Drago"!

Најди! во Утрински
На прво место
Бранителите припукаа едни против други
ГЕМ го праќа Ставрески да учи латино танци
Фуере






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU