Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

ГЕМ го праќа Ставрески да учи латино танци

Вицепремиерот обвини дека ГЕМ е сдсмовска инсталација, со што испровоцира жесток одговор од оваа НВО

„Со ’Надеж‘ се поставени темелите на движењето „Граѓани за европска Македонија“. Со оваа стратегија се покажа дека ГЕМ не е невладина организација или иницијатива“. Со вакви обвинувања настапи вицепремиерот Зоран Ставрески на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека ГЕМ е „партиска сдсмовска инсталација во невладиниот сектор“.

Од ГЕМ вчера демантираа поврзаност со СДСМ. Според Жарко Трајановски, држава во која активисти за човекови права се прогласуваат за државни непријатели, сериозно треба да се замисли за својата иднина.

„Партија што се служи со гебелсовски методи не е демократска, туку е фашистичка партија“, рече тој.

Роберто Беличанец посочи дека ГЕМ никогаш не криеле дека се против политиката на актуелната власт, но дека тоа не значи дека станува збор за инструментализирана иницијатива. „Етикетирањето има цел да се редуцира македонската политичка сцена само на двете најголеми партии, затоа што така полесно се манипулира со граѓаните“.

Бранко Геровски му порача на Ставрески дека за неговата кариера би било побезболно да се обиде да се дефрустрира на попогоден начин, на пример, да вежба латинотанци или пилатес.

„Партијата-фамилија не размислува политички, туку маркетиншки. Тие, всушност, не ни мислат освен како да се лаже народот, а реалноста да се спинува. Затоа не сме рамноправни, ГЕМ и ДПМНЕ“, нагласи Никола Гелевски.

Ставрески посочи и дека во стратегијата „Надеж“ е поставена и идејата за формирање „разно-разни архибригади, „Плоштад слобода“, распеани скопјани и слични организации на неколкумина млади активисти на СДСМ.

Од „Плоштад слобода“ преку писмената реакција ги отфрлија наводите за диригираност на нивните акции како неточни и побараа од Ставрески или да ги докаже наводните врски во стратегијата на поранешниот претседател или да се извини за нарушување на нивниот углед. Тие го повикуваа и СДСМ да ги демантира наводите за врски меѓу нивната стратегија и дејствувањето на овие организации и независни активисти.

Социјалдемократите по изјавата на вицепремиерот, реагираа дека „на ВМРО-ДПМНЕ мора многу да и' гори под нозе штом одлучиле да го жртвуваат Ставрески и да го натераат да држи срамни прес-конференции, полни со омраза и очај. „СДСМ и натаму најжестоко ќе се бори против оваа одродена власт и притоа ќе ги впрегне сите општествени сили, кои автентично се борат за истата цел“, реагираа од СДСМ.

Вчера се огласи и Здружението „Правда за сите“, кое обвини дека „Граѓани за европска Македонија“ е партиска инсталација и организација на СДСМ финансирана од „Сорос“, која го урива кредибилитетот на сите невладини организации во Македонија“. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1412 пати.

Испрати коментар

Од: SSS
Датум: 01.11.2010 12:36:48
Ja samo bi go prashala Stavrevski, kade beshe toj pred da stane kum ili kumashin na Grujo? Da ne beshe sluchajno vo SDSM ili se lazham, majkata!!! Dali nekoj znae da mi odgovori. Eeee, shto znachi frustracijata...... Pozdrav do site od GEM i slicni na niv.
Од: tihi
Датум: 01.11.2010 12:49:09
Partija koja se sluzi so Gebelsovski metodi ne e demokratska partija tuku fasisticka, rece toj. I tivko vleze vo legendite.Bree majkata ,kolku li e samo demokratski ovoj spin.Koj za vasa golema zal ,ne pali ,zatoa sto doagja bas od takvi kako vas.
Од: До З.С
Датум: 01.11.2010 13:26:12
„Ставрески посочи и дека во стратегијата „Надеж“ е поставена и идејата за формирање „разно-разни архибригади, „Плоштад слобода“, распеани скопјани и слични организации на неколкумина млади активисти на СДСМ.„ Ако се неколкумина , што се вознемирувата?
Од: gimi
Датум: 01.11.2010 14:07:16
Жарко Трајановски,Роберто Беличанец,Бранко Геровски не биле партиски определени и се бореле за човекови права. *Утопија* трет дел.Па тие во своите изјави се порадикални и од Јани Макрадули и од Весна Бендевска кога зборуваат за политиката на владата и нејзините проекти.Изгледа немаат храброст јавно да се декларираат на која политичка опција припагаат или пак со Бране склучиле договор за делување во *илегала*.Само џабе им е сето тоа прочитани се од секој што е писмен.
Од: забеган.
Датум: 01.11.2010 14:56:22
Се што неје со ВМЛО е против.Па што сака овој Ставре???.Нечинело едно умието а Форсират ПОЛУ-УМИЕ.Па не иде бе брат нели?.Е ДЕМОКРАТСКА-МАКЕДОНИЈО.
Од: Sonja Stoleska
Датум: 01.11.2010 17:24:18
Razbiram megupartiski prepukuvanja,ama decinja od bivsi politicari,plateni deca na opozicijata da plukaat po Stavreski-covek poznat i priznat od celata fela od oblasta na ekonomijata i finansiite vo svetot,nekako ne dolikuva.Malku dostoinstvo pokazete,ne pagajte tolku nisko,.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 01.11.2010 20:35:34
ДПМНЕ ги обвинува другите за се она кое всушност тие го прават и тоа од позиција на власт и моќ...Тактиката држте го крадецот и понатаму ја употребуваат во замајување на народот..
Од: Фела
Датум: 02.11.2010 07:35:57
„Ставревски признат од цела фела д областе на економијата и финансиите во светот“! Виц на неделата!Тоа е истиот Ставревски кој твдеше дека светската криза че не одмине и македонија ќе има раст од 6 %!

Најди! во Утрински
На прво место
Бранителите припукаа едни против други
Фуере
Ахмети






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU