Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп



Овен

Премногу оган секаде околу вас. Одлично се чувствувате, бидејќи токму тоа ви е пријатно. Обидете се да не влегувате во конфликт со околината и да пронајдете внатрешен мир. Тоа не ви е силна страна, но бидејќи сте паметни и знаете што сакате, ќе успеете да ја надминете слабоста. Не морате на туѓиот збор да одговарате така избувливо.



Бик

Конечно сфаќате дека треба да заземете посериозен пристап кон животот и дека ви е доволно од забави. Работата ви оди тешко, бара многу труд, но затоа поедноставно е слободните моменти да ги помините со некој што ви е важен. Јасно дајте му на знаење на партнерот дека е сакан. Планирате нови животни услови.



Близнаци

Доколку очекувате поддршка од околината не треба да ве изненади нејзиниот недостаток. Морате некои работи сами да ги направите, да се ангажирате повеќе од планираното, што кон крајот на денот може да резултира со нервна напнатост. Ситуацијата навистина е ризична, но мора да ризикувате.



Рак

Подготвено се снаоѓате со барањата на околината. Се заземате за другите, иако сами немате цврста поддршка кога се наоѓате во тешка состојба. Треба да бидете помалку горделиви, а повеќе да барате за лесно да поминете во животот. Размислете за тоа.



Лав

Немате време за губење. Бидејќи сте свесни за тоа, вложувате дополнителни напори да го извлечете максимумот од дадената ситуација. Чувајте ја слабата точка на организмот-срцето. Бидете внимателни, бидејќи така ќе ја избегнете повредата. Водолија врши атак на вашата личност.



Девица

Сите обврски мора да ги носите на вашиот и не така силен грб. Бидејќи сте дозволиле околината да ве смета дека сте способен за се' и дека не умеете да кажете не, тогаш мора и да запнете. Одвреме-навреме користете мала лага или изговор за да се зачувате од оние што ви пречат.



Терезија

Прекрасен ден за љубов и за емотивно задоволство, лош за работа. На деловен план работите тешко се одвиваат и потребен е дополнителен труд, кој, за жал, не можете да го вложите. Фокусирајте се на партнерот или на новата симпатија, доколку сте слободни. Водолијата, скорпијата и лавот имаат предност.



Скорпија

Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо да ги обвинувате другите, потрудете се да го пронајдете својот дел од одговорноста за да ја надминете кризата. Конструктивно размислувајте за врската во која се наоѓате. Дали е вистинската? Дали го идеализирате партнерот? За многу од овие прашања потребен е сериозен пристап.



Стрелец

Зголемете ја дозата на реалност, бидејќи претераното очекување може да ве доведе до незавидна состојба. Тоа се однесува на деловната страна и на финансиските вложувања. Пожелно е добро да размислите пред да тргнете во акција. Уште не сте во состојба да остварите некои свои идеи.



Јарец

Наглиот прилив на енергија и желбата за успех ви помагаат да ги совладате сите тешкотии и да постигнете успех на работа. Бидејќи наскоро ќе ги потрошите сите адути и мотиви, можни се конфликти со партнерот, во желбата од него да добиете поддршка. За жал, таа изостанува, а вие како по обичај останувате без помош од оној што ви е најпотребна.



Водолија

Бидејќи имате среќа во игрите на среќа, надевајте се на добивка. Пред вас е напредок, признание и успех во материјалните и во духовните сфери. Доколку ја разберете слабоста на околината и избегнувате возбудувања и расправии ќе можете уште повеќе да уживате во пријатните случувања во кругот на пријателите.



Риби

Сентиментално сте расположени не само за туѓата тага и страдање, туку и за туѓото добро расположение. Поради тоа, изберете да бидете опкружени со ведри луѓе, смејте се, радувајте се, бидејќи тоа е вистински лек за душата. Можно е да имате несоница.


























































































































#
Најди! во Утрински