Владата треба да биде загрижена од најавите дека ЕУ може да се откаже од нас
Тамара Грнчароска
Доколку Македонија продолжи да се однесува на ваков начин спрема реформите, т.е. да не прави ништо, самата ќе се пасивизира во однос на европските интеграции, е пораката неофицијално на претставниците на Директорат за проширување на Европската комисија, кои вчера и денеска се наоѓаат во работна посета на Македонија. Тие на средбите со директен и алармантен речник укажале дека доколку до самитот на НАТО во ноември не се реши спорот со името, Унијата ќе крене раце од нас.
Делегација на ЕК престојува во земјава со цел да изврши процена на спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, а ја предводи раководителот на одделот надлежен за Македонија, Кристијан Хедберг. Тој овие два дена има работна средба во Секретаријатот за европски прашања на владата, како и средби со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, со потпретседателот на ДУИ, Рафиз Алити, како и со Таир Хани и Џевад Адеми. За попладнето беше најавена средба и со премиерот Никола Груевски.
Во разговорот со Црвенковски посебно биле акцентирани состојбите во државната и во јавната администрација, судството, политичкиот дијалог и други области. Притоа, Хедберг му укажал на Црвенковски дека не само што не е постигнат очекуваниот напредок на земјата туку се преземаат чекори, кои можат да се толкуваат како враќање назад. Црвенковски од своја страна посочил дека процесот на реформи во земјата е забавен и во голем број области не е констатирано исполнување на европските и демократските стандарди, како што се примерите со партизација на јавната администрација, зајакнување на говорот на омраза и отсуство на политички дијалог како свесна определба на власта.
На средбата со претставниците од ДУИ се разговарало за политичкиот дијалог власт - опозиција, како и за меѓуетничкиот дијалог. Исто така, претставниците од ЕК се интересирале и за имплементацијата на Охридскиот договор, а било отворено и прашањето за хашките случаи. Претставниците од Директоратот за проширување се интересирале и за пописот во земјава, кој ќе одржи идната година.
Неофицијалните информации до кои дојде „Утрински весник“ се дека Хедберг на средбите информирал дека во заклучоците по состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација овие два дена ќе има негативни забелешки за политичкиот дијалог и за координацијата во парламентот. Ќе се забележи, исто така, дека собранискиот деловник се' уште не е донесен и дека нема дијалог меѓу коалициските партнери. На тапет на делегацијата од Директоратот за проширување се и реформите во јавната администрација, реформите во судството, борба против корупцијата. Тие конкретно се интересирале и за судскиот спор со ЕВН, кој, според нив, мора што поскоро да заврши.
За претстојниот самит на ЕУ за две недели најавите, пак, се дека Унијата или ќе не' игнорира и нема нашето прашање да го стави на дневен ред или, пак, ќе го повтори заклучокот од декемврискиот самит.
pa grujo i vlada ce ripat od radost eu da se otkaze od nas tie mislat kako da ostanat na vlast uste nekoja god da napolnat dzepovi i potoa tutanj odam mamo bugarija biznismen da bidam.
Од: jovan
Датум: 04.06.2010 00:24:08
Nisto novo ne ni kazale, seto toa i nie go znaeme. A sto se odnesuva do toa deka ke ne ignorirale, i toa ne e novo, ne ignoriraat veke 20 godini, i ne uslovuvaat so nekakvi si referenci(nesakaat ni imeto da ni go spomnat).Taka da prijateli od EU, nauceni sme veke na vaseto ignoriranje, nema mnogu tesko da ni padne.Pogotovo na Grujo pa ic, a Zingo(negoviot gazda) pa toa i saka, da ste sto podaleku od nas, a i nie od vas, a narodot so toa sto ne zafrkavate so imeto ve "fati na zub", pa na ovie dvajca im se pogodi taman. Momentalno se glavni faci vo drzavava,"palat i gasat",a najgolem "hit" se Latas,Bumbari,Milenkovci....
Од: zbunet
Датум: 04.06.2010 01:14:04
Sto majka bara Crvenkovski vo razgovorite?
Malku li vreme imase duri bese vo celosna kontrola na drzavata? Ili sega mu "tekna" kako da go resi problemot so grcite?
Од: 1
Датум: 04.06.2010 02:22:04
Komentarite na EU za napredokot na Makedonija se nebitni. Da bevme i Mozambik isto ke ni se fatese.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 04.06.2010 05:06:02
Poraka od EU: "Kluchen element na reformite na Makedonia e menuvanjeto na imeto po merka na Grcija. Dokolku vo najskor rok ne se reshi prashanjeto za imeto, Makedonija kje nazaduva vo reformite za EU i kje ostane nadvor od EU ushte 20 godini, bidejki site reformi shto dosega bea izvrsheni kje bidat ponishteni vo narednite godini. Istovremeno zemji kako Bugarija, Romanija i Grcija koi nikogash ne gi ostvarija ni minimum potrebnite reformi i predusloviza chlenstvo, kje bidat polnopravni chlenki na EU". Samo napredo gospoda EU birokrati, "odlichna" poraka isprakjate do Makedonskiot narod.
Од: pameten
Датум: 04.06.2010 06:40:48
доколку до самитот на НАТО во ноември не се реши спорот со името, Унијата ќе крене раце од нас. A shto drugo da napravi? Zboruvame na razlichni jazici. Vo mislenje ne sakame da izlezneme od diskursot (propagandata!) od vreme na SFRJ. Ne si gi sakame Bugarskite korenje i ne posakavme da se "dejugoslovenizirame" da prifatime istorijata i etnogenezata takva kakva shto bila, se fativme za bozhemno Antichko poteklo. So glupi sporovi propushtiveme shansite da vlezneme os Romanija i Bugarija ili so Hrvatska. Sega kje si go izgubivme i imeto, i idninata.
Од: Љупчо
Датум: 04.06.2010 07:29:58
Низ вековите сме издржале секакви притисоци од туѓите непријатели и од разни домашни предавници. Ќе издржиме и сега!
Од: nekojsi
Датум: 04.06.2010 08:51:26
За Љупчо : стварно е убаво кога некој ќе те насмее од сабајле, со приказни за предавници и патриоти, корења, векови.. Само да прашам, дали некој бил во Државна болница да види какви се условите таму? Кога патриотите ќе се раболуваат, ќе одат пред споменикот на Александар Велики да се лечат, нели? Не, ќе одат во странство со украдените пари од народот - увоз наскапа струја, перење пари преку антиквизација.. А наивните ќе јадат корења патриотски за да бидат здрави и спремни за борба со странските, а богами и домашните непријатели. Го гледал ли некој филмот Балкански шпијун ? Мене преродбенициве ме потсетуваат на двајцата главни ликови од филмот, стално барајќи предавници.
Од: Patriot
Датум: 04.06.2010 09:06:35
Ne ni treba nikoj nie se mozeme koja e taa EU ili NATO da ni kazuva sto da pravime. Sto i fali na Albanija posle 50 tina godini sega e edna od najjakite vo regionot ke dojde i nseto vreme samo hrabro NAPRED. Borbata e teska ama ke izdrzime NELI....
Од: ФЕЛИКС
Датум: 04.06.2010 09:10:56
Се слагам со ЕУ да проблемот со името нее веќе во преден план туку регресот во реформите.И затоа најдобро е да се баталат разговорите и да се фокусираме на реформирање на државата во сите области.Нема потреба од патувачкиот циркус викан ГЕМ да не убедуваат за промената на името.Нека не просветлуваат со идеи како да го подобриме стандардот на населението,па откако ќе ги направиме потребните реформи релаксирано ќе преговараме за името.
Од: b
Датум: 04.06.2010 09:26:15
До Љупчо. И Милошевиќ ке издржеше, дури и корења ќе јадше. И србите тогаш премногу се кочопереа, до каде стигнаа, виде самиот. Србија неможеше против цел свет. Можда твојот омилен водач со својте истомисленици ке го победи целиот свет.
Од: ДОНЕПАМЕТЕН
Датум: 04.06.2010 09:29:15
Обратно е непаметен. Во Бугарија има три милиони луге со македонско потекло. Се китат со македонски дејци како Вапцаров, Влахов,.....Татарите се со коси очи а им остана името Бугари. Поим немаш за вистината за Македонија. Секое пишување ти е за ова. Ти си за........
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 04.06.2010 10:55:16
Проблемот не е ниту во името ниту во историското минато, проблењмот е во инсталираниот чип на поединци кои не сакаат да ја видат вистината па каква и да е. Плукајќи по сите кои не мислат како нив и немајќи способност за дијалог ( најчесто поради фрустрации од мали нозе), тие со квалификациите за глупчовци,предавници,надворешни и внатрешни непријатели, всушност ја разнебитуваат државата а за тоа не се ниту свесни.Свирејќи по ноти кои им се напишани тие не гледаат дека Македонија оди со забрзани шекори кон амбисот.А дека не ни помагале од надвор ,нека не се залажуваат - имаме примено како независна држава Македонија повеќе од три милијарди евра неповратна помош а само над вде милијарди инвестиции.Сепак ова ВЛАСТИТУТКИВЕ навистина се множат, изгледа дека се добро платени?
Од: vasil
Датум: 04.06.2010 11:05:48
Pa neka se odkazat od nas. Imeto ne se dava!
Од: srekja
Датум: 04.06.2010 11:51:29
Vladata e srekjna sto EU ke ne "otkaci" Togas kje se posveti na celosna antikvizacija na zemjata, a za se kje bide vinovna Grcija i "nediplomatskata" Evropa, SAD, a mozebi i nekoj trudov invalid.Ovaa kje bide i mototo na esenskite izbori za nov mandat na DPMNE
Од: Aleksandar
Датум: 04.06.2010 12:03:03
Kolku kosta Imeto Makedonija ?
Da go smenime Imeto za da ne akceptira Evropa i pobrzo da vlezime vo EU?
Da bides Materijalist e bedno, da bises i ostanis Makedonec e mnogu po vredno !