Хороскоп
Овен
Успешно се носите со ситуацијата и ги совладувате сите пречки. Проблеми може да имате доколку претерате со критиките кон другите и доколку активностите не ги сведете на разумна мера. Се' уште не е вистински момент за донесување конечни одлуки.
Бик
Огромната издржливост и упорност ви овозможуваат да се борите со предизвиците. Партнерот се труди да ви го разубави животот. Размислувајте за блиската иднина и не дозволувајте си себеси да ја изгубите внатрешната хармонија.
Близнаци
Работата и здравјето се теми на денот. Моментното задоволство на тие полиња е минливо, но неизбежно. Се советува одмор, потрудете се да си го овозможите. Насочете се кон нова љубов, бидејќи старата веќе ви здодеа и целосно ќе бидете задоволни.
Рак
Сите случувања се врзани за домот. Претерувате со преместувањата во куќата, важно е добро да се чувствувате, особено ако се земат предвид значајните случувања што би требало од корен да ви го променат животот. Конечно, по долг период можете да се одморите.
Лав
Неочекувани случувања внесуваат позитивни промени во вашиот живот. Заслуживте да се одморите од стресовите и од обврските. Ви здодеа секому да му бидете на услуга, при што да ги занемарувате вистинските потреби. Ситуацијата се менува од корен, искористете го тоа.
Девица
Подгответе се за патување. Од случувањата што ви следуваат можете многу да очекувате. Се советува да не давате многу совети, свртете се кон себеси. Доволни ви беа неубавите случувања, подгответе се за нови предизвици. Вљубени сте, па затоа и се чувствувате среќно.
Терезија
Каде исчезна оптимизмот? Потсетете се дека сте биле и во полоша ситуација, па сте опстанале. Потрудете се материјалните вредности да ги замените со духовни. Ќе бидете среќни и задоволни. Доколку се чувствувате лошо за се' е виновен партнерот.
Скорпија
Кој успеа да ве налути? Зошто сте намуртени и напнати? Очигледно за тоа е виновен партнерот што постојано го менува расположението. Употребете ја целата своја моќ за да ја совладате напнатата ситуација и да го зачувате здравиот разум.
Стрелец
Вредни сте и конструктивни. Никој и ништо не може да ве исфрли од колосек. Одлично функционирате благодарение на вашите организаторски способности. Уште кога би успеале да бидете толку одлучни на емотивен план.
Јарец
Одличен ден за уметност, а лош за практични работи. Ситуацијата е едноставна. Занимавајте се со она што ви оди од рака и ќе бидете задоволни. Доколку се фокусирате на парите и на работата може да имате проблеми, ситуација не е розова.
Водолија
Дружењето со пријателите е единствена работа што може да ве расположи. Можност од фатална средба постои, доколку верувате во судбина. Избегнувајте физичка работа поради можни проблеми со срцето. Го добивате заслуженото признание, уживајте во успехот.
Риби
Извесната ситуација бара изолација. Можеби ви одговара осаменоста затоа уживајте. Огнените знаци внесуваат динамика во вашиот живот. Внимавајте на здравјето, кревки сте, а стресовите можат дополнително да ви ја отежнат ситуацијата.
|