Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Анализа

МАКЕДОНСКИ СОСТОЈБИ

Дали Владата отрпна на криминалот

Манчо Митевски

Каде се загуби чувствителноста на власта на обвинувањата за криминал

Состојбите во Македонија се менуваат со секавична брзина. Власта до пред некое време со пропагандни кампањи градеше митови за својата успешност и ја жигосуваше наводната ретроградност на инакумислечките кои и' укажуваа на грешките. Последниве месеци имаме комплетен пресврт - ништо битно од владината „сточекорна проширена и дополнета програма“ не се реализира, остварувањето на стратегиските цели е запрено, Македонија како држава и општество назадува, а еден по еден почнаа да пукаат шевовите на досега навидум квалитетниот костум на власта. Филозофијата на владеење е разголена. Власта, зафаќајќи се со крпење на дупките кои се појавуваат на сите страни, фати одбранбен гард и почна да се занимава самата со себе. Фрчат оставки, кривични пријави против министри, негативни ревизорски извештаи за министерства, паѓаат неуставни закони, институциите го губат авторитетот, кризата е повеќедимензионална, државата е во слободен пад...

Во контекст на промената на состојбите во земјата и промената на односот на власта спрема нив, ќе го свртам вниманието на криминалот. Владата на Груевски во стартот се декларираше дека ќе отвори бескомпромисна битка против криминалот, особено против организираниот, што значи криминалот на поединци и институции на државата, па беше многу чувствителна кога во изјава или во новинарски текст ќе се појавеше макар и меѓу редови асоцијација на незаконско дејство на институција или претставник на власта. Медиумите беа многу внимателни зашто веднаш следуваа деманти и кривични пријави за тие шт�� ги изрекле шпекулациите или асоцијациите. Денес ситуацијата е значајно променета. Медиумите и натаму се внимателни и повеќе се појавуваат како пренесувачи на информации за криминал, а помалку откриваат криминал во државните институции со помош на истражувачкото новинарство, што лошо зборува и за новинарството, но и за степенот на развиеноста на демократските процеси во земјата. Затоа, пак, обвинувања доаѓаат од надлежни институции, од пратеници и од партии.

Во центарот на најновата и најнеморална афера што ја тресе власта однатре е неколкумесечното неправедно и незаконско земање и плата и пензија од министерот кој треба да се грижи за правдата и за спроведувањето на законите. Од парламентарната говорница беше кажано дека власта има три пералници за пари (Транспорт, Култура, Агенција за млади). Јавно се изрази сомневање дека за двокатните автобуси се дадени пари како да се купуваат авиони. Многу мистерии има и околу полициските хеликоптери. Долго време веќе јавно се зборува и се пишува дека власта е повеќе заинтересирана за увоз на струја, отколку за домашното производство поради само за неа познати интереси. Аферата „Сведмилк“ - неоткривањето на причините за нејзиното пропаѓање, последиците врз млекопроизводството и краварството и замешаноста на власта - се' повеќе се идентификува со пирамида. Пресудата за ОКТА и пеглањето на ставките кои требаше да ги плати државата како обесштетување за загубениот судски процес и продолжувањето на рокот за производство на еколошки штетни деривати, од граѓаните и експертите се карактеризира како матна зделка. Како своевидна корупција се сметаат кампањите на власта во неколку провладини медиуми каде што се инфузирани милионски износи евра. Власта во јавноста е обвинета дека врши прераспределба на капиталот од една бизнис-групација на друга, блиска на себе. Власта одзема од „транзициската“ олигархија (парадигма е „Фершпед“), а дава на новокомпонираната „посттранзициска“ олигархија...

Има два одговора зошто се молчи за овие процеси. Или власта, посебно Груевски, веќе не може да ги контролира државните механизми и своите потчинети во нив, па молчењето е покажување немоќ. Или, пак, власта се помирила дека постојано ќе биде на удар на обвинувања и шпекулации за криминал. Вистината е некаде на средината. Но, власта мора јавно да ја каже.


Статијата е прочитана 1461 пати.

Испрати коментар

Од: Brian, Canada
Датум: 06.07.2009 04:58:41
Abe Manco ti li ke zboris za kriminal! Pa egendata sto ja branis (SDSM) se kriminalec do kriminalec. Imas amnestiran kriminalec koj e podpredsedatel na "papata", drug bivs premier od sedeseto go ceka Idrizovo i tn. Fermani ne stigaat ako se pocne so pisuvanjeto na "tvoite" kriminalci.
Од: lagata ima kratki nogi
Датум: 06.07.2009 06:19:56
Trigodisnite kampanji na vlasta razultiraa kontra produktivno. Jas cesto pati niz komentarive pisuvav deka seto toa na krajot ke im tresne na svoja glava i ke nema sto poveke da LAZAT. Posle takvi udarni kampanji narodot svati deka toa e perenje mozok i deka nema nisto vistina vo toa. Sega koga poveke ne im ostana nisto za lazenje veke i gi nema tie odvratno dosadni reklami pa zatoa vladata pocna vrtoglavo da paga. Nemase covek sto ne vikase "koga ke pustam televizor i koga ke gi vidam ovie od vladava so tie reklami mi se stemnuva i odma gasam". Znaci preteraa vo LAGITE i seto toa se svrte protiv samite niv. Vladata na Gruevski go potceni narodot i zatoa sega ke go plaka cehot so paganje od vlast. Ne e slucajno sto Latas e najomrazeniot covek vo Makedonija. Negoviot nacin na vodenje tv dnevnik "Vecer" "Bumbar" odnosno falbite za vladata i Gruevski uste poveke go svrte narodot protiv samite niv vladata i Gruevski zosto narodot mozes da go lazes ponekogas no NE SEKOGAS.
Од: bale
Датум: 06.07.2009 08:07:53
Констатацијата е сеопфатна и точна, а зарем очекувавте од Влада составена од недоквакани дечишта без никаков бекграунд, тотално неписмени и неискусни ќе ја одведат Македонија во Европа??? Со 100 на саат итаме кон Подсахарска Африка, жалосно, ама така си гласавме на 1.06.2006... грешките секогаш скапо чинат нели???
Од: jovan
Датум: 06.07.2009 09:13:56
Vladata ne otrpna na kriminal, Vladata e vo kriminal, i toa tezok kriminal.
Од: dimi61
Датум: 06.07.2009 09:27:03
вмро-ците никако да сватат кој е на власт.Толку ли и они не му веруват на Груевски.За секој критичен текст кон власта( што секаде во светот е нормално да се критикува власта)веднаш крив е сдсм и Бранко.Никако да се сетат кој е на власт и кој ја крои судбината на оваа држава (ако е се уште држава)
Од: b
Датум: 06.07.2009 09:38:09
Бриан има одлично алиби (како вмро-овец) и тој да кради. Демек, ��раделе тие од СДСМ, па ајде и ние да крадеме. Копук вмро-овски!
Од: Раде
Датум: 06.07.2009 10:00:35
Факт е дека во Македонија имало корупциски скандали кај сите досегашни Влади, но овие денешниве се апсолутни ШАМПИОНИ.
Од: Ајван Доктор
Датум: 06.07.2009 10:23:34
Ќе започнам со Главната изрека на познаници од BMRO: „Доста само тие Крадеа, Сега малку и Ние!“. Во оваа реченица се содржи главната Побуда за Владеење, патриотизмот, желбата за подобрување на состојбите... сè! Тука некаде и завршува Инвентивноста на новопечениот „постранзициски“ Хохштаплерај. Оној стариот, од изминатиот „транзициски“ период, останува негибнат сè до моментот додека не му дојдат преку глава Изнудувањата! Не знам зошто авторот живее во заблуда дека сме излегле од „транзицијата“? Молчењето на власта е разбирливо, затоа што ниедна Блада не е во состојба самата себе си да се Апси!
Од: redoven citatel
Датум: 06.07.2009 10:44:46
Glasam za najgolemiot patriot koj zivee i tvori 7 planini i morinja podaleku od Makedonija za da go stavat minister za vnatresni,toj ke ja opravi rabotata
Од: jas
Датум: 06.07.2009 10:49:23
Analizata e tocna.Vladata ne se bori protiv Kriminalot,samo selektivno postapuva po podneseni Krivicni Prijavi,a portparolot na MVR duri i laze deka ne se podneseni.Dokaz za portparolot e podnesenata Krivicna Prijava protiv KONARTIS i Goce Zelenkovski..
Од: Трпе
Датум: 06.07.2009 11:25:24
Во речникот на владата ДрпниПрисвојМатиНатовариЕмигрирај не постои зборот криминал кај нив има само присвојување на маката на сопствениот народ.Тие се однесуват како да се одбрани да истражуват само што работеле другите а не што работат тие.Дали некои се имат запрашано каде е Ташковиќ,зошто си замина Боцевски и од личниот багаж што има понесено,чив е криминалот на Сведмилк,кој пере пари со скулптури,компјутери,царини,фискални каси и ред други присвојувања кои неможе да се набројат а доста свеж е и примерот со двоспратните автобуси.Државата е во кома а дали ке се разбуди и тоа не зависи од нив.За се е виновна опозицијата која работи против нив и на виделина им го вади валканиот веш.Задачата на опозицијата е да ги тера правилно да работат.Но со народ кој информациите ѓи добива пред селското гранапче.Во Македонија се е можно.Ќе има џемпери се додека има овци за стрижење.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 06.07.2009 13:09:53
Со некои луѓе едноставно не можеш да прави муабет. Ти одат контра, онака, ради карактер. Еве Манчо, на пример. Истиов Манчо, во истиов весник (за жал не ми текнува во кој број), ја критикуваше истата партија со истиот премиер, дека „троши пари на реклами“. Кога го послушаа, и ги скусија непродуктивните трошоци, му фалат за да констатира дека во Европа втори според растот на БДП (-0,4%), а на листата најбарани земји за инвестиции сме трети во светот. Е сега, за разлика од начинот на размислување на неговата партија (СДС), за светските компании да го преточат капиталот од „трето место“ во реалност, требаат 2-3 години испитувања, и секако излез од светската економска криза.
Од: _Симона_
Датум: 06.07.2009 13:36:57
Kolku e namalen kriminalot...ne ste mednale po drugive gradovi da vidite kako se se stere,site delikventi i teski kriminalci ...ama makedonce samo znae da napaga kolku da go ima po vesnici i tv
Од: KPMarija
Датум: 06.07.2009 14:03:01
Prostete g-dine Mitevski no ne se soglasuvam so Vas! Od pricini shto edinstveno ovaa Vlada navistina se bori i vlozuva vo borbata so korupcijata i kriminalcite, a eve ako naj nov slucaj e so sorabotnicite na bibshiot Gradonacalnik na Skopje g-dinot Trifun Kostovski.....
Од: janev
Датум: 06.07.2009 14:12:58
Bitkata so kriminalot e vecen proces, a avtorot ako znae drzava kade toj e iskorenet neka mi javi. Korupcijata i organiziran kriminal se srekava i vo najrazvienite zemji samo sto tie za razlika od drugite imaat volja da se spravat so nea. Kaj nas za sreka se poveke se javuva volja za spravuvane so kriminalot.
Од: Драги
Датум: 06.07.2009 19:55:23
Корумпираноста на властодржечката псеудоелита попримила карактер на норма и нормалност,што веќе и не се прикрива,како и соодветните злоупотреби на власта,се со цел да се задоволат ниските пориви на приватните интереси најчесто материјалистички.Да биде иронијата поголема се е тоа во интерес на граѓаните на Македонија.

Најди! во Утрински
Анализа