Поминаа случувањата во А1, па од оваа временска дистанција можеби и трезвено може да се анализира што е она што се случуваше таа ноќ во истоимената ТВ. Се изнагледавме на разни прес-конференции, дебатни емисии, политички аналитичари, експерти, а богами и коментари на колеги - новинари. Она што посебно плаши во целата оваа небулозна акција е желбата на ТВ Сител и Миленко Неделковски од Канал 5 да наметнат мислење дека се работело за државен удар, што за секој нормален човек и интелектуалец е далеку од здрав ум. За опозицијата да изврши државен удар и' е потребен народ, војската и полицијата да бидат на нејзина страна, што гледајќи ги специјалците на МВР, а и обичните полицајци е навистина приказна, која може да се роди само во главите на Латас и на познатиот марсовец Миленко, нормално, во спрега со маркетиншките генијалци на ВМРО-ДПМНЕ. Во емисиите на Сител и на Канал 5 директорот на УЈП и портпаролот на МВР децидно кажаа дека немало наредба за финансиска контрола на А1, туку на фирми со седиште на истата улица, кои траеле веќе два дена, па се прашувам ако е така, зошто полицијата не била повикана наутро во 10 часот или попладне во 13 часот, зошто токму во 19 часот навечер кога повеќето од народот е дома, гледа вести и се спрема за работа наредното утро.
Која беше целта на полициската акција во 19 часот, да им овозможи на инспекторите од УЈП да си ја сработат задачата за која се дојдени или, пак, со упад во просториите на А1 да ја одземат документацијата со која се покажува колку рекламите на Владата се платени, ама и како се платени. Неуспешноста на акцијата, не поради присуството на народот или опозицијата пред А1, туку пред се' на умешноста и итрината на Рамковски, кој претпоставувам дека таква документација не чува во просториите на „Перо Наков“ бб, ја покажаа глупоста на власта. Дека е така, покажа самиот Рамковски во интервју кај Чомовски кога со сета силина на зборот (читај доказите се на сигурно место) удри по власта и начинот како ги поткупувале медиумите во текот на овие четири години, како ги плаќале рекламите за сопствената партија, ама и колку ги плаќале. За да вака се однесува газдата на А1 е само едно објаснување - ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не успеаја да дојдат до документите за кои испратија стотина специјалци и полицајци.
Како ќе се одвива приказната натаму, веќе е видено во овие четири години, ќе поднесат кривични пријави, па Апелација ќе го врати на повторно разгледување, па Врховниот суд ќе ја укине пресудата поради немање докази, а во меѓувреме власта ќе најде нова приказна со која ќе ги убедува граѓаните дека се бори против криминалот (ама, никако нема да влезе во „Силекс“ и да направи финансиска контрола на газда Ѕинго, па така е тоа мој народе кога си во власта или со власта!)
Другата страна на медалот е однесувањето на одредени ТВ-куќи и нивните новинари. Како ли ќе се однесуваат утре Сител, ТВ Наша и Канал 5 кога на власт ќе биде СДСМ и не дај Боже на таков начин им влезе во зградите, оти и Ѕинго и бате Борче го имаат истиот шаблон на работа како што го има Рамковски. Оваа можност останува допрва да се види и да се разгледа, се надевам дека тогаш новинарската фела нема толку фер да се однесува како споменативе, секоја им чест!
Ако медалот имаше три страни, тогаш оваа би била третата - криминалот нема боја, религија и националност за да се спречи нема ваши и наши, никој не смее да го краде народот, да го тепа и оневозможува со свој труд да си го чува образот. Ама и народот ќе мора нешто да направи за себе, молчењето не е злато, трпението не е од Бога дадено, тепањето не е од рај излезено, затоа народе, доста молчевме и се храневме со приказните за Александар, тоа се приказни, а оваа што го трпиме е реалност. Држава се гради, држава се брани, држава се има, само ако народот си го цени и почитува сопствениот глас.
Се згазив од смеење кога ги прочитав овие работи. Некој (авторот) верува дека УЈП вршела проверка на документацијата на Велија само со цела да ги најде `уништи` доказите за некојски скандал за праќање на владини реклами.
Оффф леле и во Македонија долетаа луѓе што веруваат во теории на заговор. Следно ќе биде владата бара делови од тело на вонземјанин во Магацините на Перо Наков б.б.
Од: tihi
Датум: 01.12.2010 12:19:24
Preispitaj se malku zasto tokmu vo 19 h. se diga tenzijata. Ubavo si ja sogledala rabotava ama nasokite ti se utka.
Од: 414
Датум: 01.12.2010 12:41:06
odlicno!
Од: komita
Датум: 01.12.2010 13:03:38
bravo ovijeod vlasta se katastrofa
Од: Kavadarcanec
Датум: 01.12.2010 13:25:54
Nema logika vo vasite tvrdenja. Ako vlasta bi sakala da unisti dokazi togas toa bi go napravila tajno i ne bi rizikuvala so firmi vo koi mnogupati ne uspeala da vleze poradi mediumskata zastita. Koga tvrdite deka vlasta e dobra vo montiranje na slucai, togas sigurno nema da dejstvuva zakonski kako sto napravi i sega so prakanje na inspektori.
Од: Jovan
Датум: 01.12.2010 13:58:05
- "државен удар" - komunjarite mislea deka dovolno lugje pijat nafta za da im poveruvaat;
- "зошто токму во 19 часот навечер" - zasto se sobraa aktivistite i telohranitelite na SDS;
- sto ke mi e drzavabez Aleksandar (mojot identitet)
Од: D.V.
Датум: 01.12.2010 14:39:32
Se sekjavam na predhodnite "pisma" na avtorkata na gornovo" pismo" Site ubavo, ednostavno i jasno napisani kako i ovoa denesnovo. Ubavo rezime za onoa sto se slucia vo Cetvrtokot navecer... Ne gledam zosto nekoj bara da se "preispita malku, zosto tokmu vo 19 casot se digna tenzijata?! Odgovorot ni go dade "pismoto",ili pak "svilenite rakavici; se zgazile od smeenje...", verojatno samo poradi toa sto ne sakale da vidat kolku taa vecer na A1 se vide kolku e tazen zeivotot sto go ziveeme. Edno golemo bravo za avtorot na gornoto pismo i za kurazot so koj otvoreno se izrazuvala sekogas.
Од: Do Jovan
Датум: 01.12.2010 14:43:34
Tesko tebe ako identitetot ti se temeli na grcki tiranin ,a da ne zboram deka toj e najpopularniot "Gej" vo istorijata!
Од: realen
Датум: 01.12.2010 15:07:42
Alal da ti e za hrabrosta i objektivnosta pred naletite na ovie stuki-pancir divzioni na maliot globus.
Од: Severna Koreja
Датум: 01.12.2010 15:09:35
Po komentarite se gleda deka ushte dolgo ovaa drzava ke bide Crna Dupka u Evropa... pozdarv "patrioti"
Од: pravda
Датум: 01.12.2010 15:48:13
Do Jovan:tesko na ovaa drzava i nejziniot opstanok ako takvi kako tebe ja cuvaat i branat,neli Aleksandar e tvojot identitet a pri toa vo zakonot za diskriminacija gi nemate vmetnata negovite opredelbi koi ne se tajna,e togas ne me cudi sto sme nemale drzava 10 veka,spij mirno momce i onaka drzavata ke odtide bankrot pa ke nemas moznost da si go utvrdis identitetot a kamoli da imas drzava
Од: kaktus
Датум: 01.12.2010 15:52:21
Баронот рече: Глуевски не е власт во оваа држава... Тој е проблем на оваа држава...
А кој го создаде? Токму ти, Бароне М.....
Од: ФЕЛИКС
Датум: 01.12.2010 17:14:58
Драга моја Марина можеби има и четврта страна медалот онаа која вие избегнувате да ја споменете а во третата страна на медалот дури и ја заговарате.Тоа е повикот за уличарска демонстрација на вашата демократија која повикува на насилно рушење на легална власт.Тоа беше искажано нели на упаднатата ОПОЗИЦИСКАТА А1 според изјавите на вашите пулени.Дури и му се восхитувате на финансискиот манипулатор да е умешен и итроманец.
Од: karokan "gambit"
Датум: 01.12.2010 17:34:12
G-dine Jovan,do denes ne sum znael deka Aleksandar ti e "tvojot identitet".Pa zar i ti si varvarin kako nego (za seksualnata orientacija nema da
komentiram).
Znaes li koe hipoteticko prasanje za Aleksandar go
postavuvaat germancite?????????????
Dali ako vo negovo vreme imase vozovi, ce imase
i koncentracioni logori"??????????????
Mojot odgovor e DA!!!!!!!!!!!!!!!!!
Inaku ti prodolzi da si se identifikuvas so nego,nekoj ti brani li!!!!!!!!!!!!!!!!!
Taka i jas sum na car,ne si od mojot rod!!!!!!!!!!!!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 01.12.2010 23:16:00
Дали е легална власта која се труди да ја замолчи секоја критика на најперверзен начин?Легална ли е власта која ме враќа во среден век,во антиката,во праисторијата,обидувајќи се да докаже потекло од амебите?Исправно ли е некој да гради водоскоци,панорамски тркала,а да ги запоставува болниците,училиштата,музеите...?!Дали е легално нудењето надриКичспоменици во замена за лекови?!Законско ли е постојаното доцнење на платите,зголемувањето на јавната администрација,вработувањето со партиска книшка,отпуштањето од работа на оние кои не ја поседуваат?Треба ли да ме претставуваат испрани мозочиња од типот Влатче Репче?Треба ли сеуште да ме претставува човек за кого разумниот компромис е „разумен компромис“,или некој кој умислил дека е боксер,шериф,цар?!Кој им дал за право да ме срамат пред светот?Јас не!Ова е едно големо силување на народот!Власта не е избрана за да прави што сака,или да слуша желби на залудени поединци!Не е поставена за да живее во облаците и да го игнорира општиот интерес!