Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп


Овен

Реагирате брзо и непромислени, во согласност со припадноста на знакот. Сепак, среќата ве следи, зашто вашите потези, иако спонтани и непромислени, се сосема исправни. Со леснотија ги решавате проблемите врзани за далечните краишта. Наскоро следуваат сериозни расчистувања, па полека подготвувајте се за тоа. Успех!



Бик

Можни се погрешни постапки и идеи на планот на љубовта. Пожелно е во односот со саканото лице постојано да бидете подготвени за соработка, барем доколку сакате да ги избегнете проблемите. Бидејќи постои опасност од инфекција на бубрезите или на жлездите со внатрешно лачење, погрижете се за имунитетот.



Близнаци

Си имате поставено премногу цели, па постои шанса да се изгубите. Мора да бидете пореални кога потребите и можностите се во прашање, зашто само така ќе можете да ги избегнете проблемите од нервна природа и судирите со околината. Партнерот секогаш е дежурен виновник, па може да имате проблеми и со него.



Рак

Не сте усогласени со себеси и со сопствените потреби, пред се', зашто сте распнати меѓу желбите и можностите. Бидејќи се' почна да ве оптоварува до таа мерка, намалете ги потребите и активирајте се за да најдете нови материјални можности. Можни се проблеми со видот, па советот на офталмологот добро би ви дошол.



Лав

Упорно се обидувате да се усогласите со Раковите. Ако забележите дека не оди, не инсистирајте, зашто очигледно станува збор за дисхармонија. Свртете се кон оние лица со кои можете да најдете заеднички јазик, на пример, со Терезиите. Постојаниот партнер нуди спокојство, додека новата љубов ве прави допо��нително несигурни. Ве очекува излегување во јавност.



Девица

Вложувате натчовечки напори за да постигнете минимални резултати, па се поставува прашањето - колку е тоа исплатливо? Пожелно е да го зачувате она малку што го имате, а тоа е физичката кондиција. Не се нервирајте поради глупости и обидете се да бидете повнимателни во комуникацијата со околината. Пожелно е посебна внимателност во сообраќајот.



Терезија

Не ви е лесно, но што да се прави? Доколку рационално сте ги потрошиле психофизичките потенцијали, полесно ќе испливате од здравствените проблеми. Кога ви е лошо, таа состојба ја одбива околината од вас, или создава дополнителни компликации. Тешете се, бидејќи веќе утре ќе ви биде подобро.



Скорпија

Доколку сте подготвени да вложите дополнителен напор ќе ја остварите саканата цел. Кога подобро ќе размислите, сфаќате дека залудно сте се мачеле и лишувале, зашто не само што нема да уживате во реализацијата на целта, туку ќе увидите дека таа е несоодветна, дури минорна. Водолијата ви нуди многу љубов, но и неизвесност. Прифатете ја нејзината покана.



Стрелец

Големиот прилив на енергија, доколку не сте внимателни, може да ве доведе до повреди. Настојувајте да не работите повеќе работи во исто време, зашто преоптовареноста има цена. Избегнувајте луѓе и ситуации што ве прават агресивни. На емотивен план можни се нервирања поради различниот поглед на проблемите.



Јарец

Не дозволувајте депресијата да тропне на ваша врата. Свртете се кон хобито и лицата што на вас влијаат позитивно, а отфрлете се' што ве депримира. Можни се емотивни проблеми или, пак, вие ги гледате и таму каде што ги нема - тие се само во вашата глава, а последица се на несигурноста и пречувствителноста. Со Ракот следува сериозен разговор.



Водолија

Новите предизвици се добар начин да ги избегнете нервозите и стресовите што ве оптоваруваат веќе некое време. Емотивната ситуација е интересна - една Скорпија на големи ѕвона влегува во вашиот живот, обидувајќи се да го смени од корен. Настојувајте да го совладате неоснованиот страв од губење на слободата.



Риби

Поради нешто сте станале многу лесно ранливи. Тешко е сознанието дека немате на кого да се потпрете и да се доверите што ве мачи, но и другите се во слична ситуација, па не очајуваат. Значи, не сте исклучок. Обидете се да се усогласите со саканото лице. Можеби таа нуди решавање на сите проблеми.
































#
Најди! во Утрински
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society