Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Веројатно поставеноста на планетите ви дозволува веќе подолг период да се чувствувате одлично. Сите аспекти на вашето живеење се под контрола, па немате никаква причина да се грижите за нешто. Успешно ќе склучувате договори од кои ќе имате добра финансиска корист, а веројатно во периодов ќе доживеете и љубов.



БИК

Месеците на вашиот знак се во полн сјај, па ѕвездите ви навестуваат убава есен. Сите почнати обврски ќе ги завршите со неверојатна брзина, а потоа ќе се свртите кон нештата кои се поврзани со естетиката, убавината и љубовта. Имате доволно енергија за да му пристапите на јарец, кој постојано се труди да ви испрати сигнал.



БЛИЗНАЦИ

Вие сте едни од ретките кои се сакаат да испланираат и доживеат како веќе видена приказна. Понекогаш морате да му се препуштите на задоволството и да сфатите дека некои работи мора да се случат како авантура, за да се сеќавате на нив многу долго. Близнаците кои се занимаваат со интелектуална работа ќе постигнат добар успех.



РАК

Понекогаш имате чувство дека се знаете и дека никој не е попаметен од вас. Можеби и во повеќето случаеви сте во право, но никој не сака да биде омаловажен во ваше присуство. Обидете се да бидете малку повеќе флексибилни и ќе видите дека околината ќе ве гледа со поинакви очи.



ЛАВ

Посакувате да бидете заведени, бидејќи ви недостасува нечие внимание и љубов. Сепак, можеби треба малку да почекате, бидејќи во периодов се' што ќе ви се случува на емотивен план ќе биде само минлива авантура, за која нема да имате време ниту да се сеќавате. Љубовта доаѓа кога најмалку ја очекувате, па затоа мислете на други нешта.



ДЕВИЦА

Кај вас расположението се менува секојдневно. Кога ќе помислите дека сте во одлична состојба, ќе се случат непредвидени проблеми кои веднаш ќе ве фрлат во апатија. Морате да разберете дека проблемите им се случуваат на сите и секогаш има излез колку тоа да ви се чини невозможно на самиот старт.



ТЕРЕЗИЈА

Постојано мислите дека постои трета личност која ви го буди внатрешниот немир, па затоа не можете да се фокусирате на професионалните обврски. Можеби грешите, па затоа испитајте ја природата на вашето сомневање. Во периодов ќе треба малку подобро да се покажете кај вашите соработници.



СКОРПИЈА

Многу ги идеализиравте работите во изминатиов период, па сметате дека темпото на позитивната енергија ќе ве држи уште долго. Напротив сега е време да се разбудите и да сфатите дека ништо нема да се случува доколку самите не ги направите условите за тоа. Уживајте во моментите со партнерот, зошто за момент ќе бидете во поубав свет.



СТРЕЛЕЦ

За вас слободата претставува најголемо задоволство. И покрај обидите на партнерот да ве задржи крај себе, вие имате потреба да побегнете и да ја сфатите реалноста со поинакви очи. На работното место ве очекува критика од претпоставените, бидејќи повеќето од работите не сте успеале да ги завршите на време.



ЈАРЕЦ

Проблемите никако да ве одбегнат во овој период. Само што успеавте да решите дел од нив, пристигнаа нови. Работата ви е најголема преокупација, бидејќи сте познати како голем зависник од неа, но и приватниот живот ви е важен. Семејството ќе застане на ваша страна, доколку се одлучите да донесете некоја важна одлука.



ВОДОЛИЈА

Постојано сонувате за некоја романтична љубов, која само што не се случила. Меѓутоа, вие сте и повеќе од свесни дека вашиот карактер е тешко приспособлив на барањата од спротивниот пол. Понекогаш знаете да бидете многу напорни и полни со барања и очекувања, кои, за жал, партнерот не може да ви ги исполни.



РИБИ

Изразувањето на љубомората во однос на партнерот може да ви донесе проблеми со кои нема да успеете да излезете на крај. Внимавајте дали имате право или не, затоа што никој не сака да се оправдува за постапките ако не се чувствува виновен. За да ви се оттргнат мислите од љубовта, сконцентрирајте се на работата и соработниците.
















#
Најди! во Утрински



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing