Што прават денеска
Зоран Љутков
директор на Фестивал на античка драма „Стоби“
Денеска имам слободен ден од Фестивалот на античка драма, барем што се однесува до одигрување на претставите. По успешната изведба на „Хамлет“ во понеделникот вечерта, на 19 јули, веќе се подготвуваме за следната претстава, „Антигона“, со Илина Чоревска, на 25 јули. Секогаш сум во состојба на подготвеност додека трае фестивалот.
Весна Илкова-Гиновска
сопран
Тукушто се вратив од Охрид, од настапот во чест на учесниците низ 50. години на „Охридско лето“. И веќе почнувам да го подготвувам настапот на 4 август, исто на „Охридско лето“, со гости- колеги и диригент од Бољшој театар од Русија. Попладне пак работам на подготовката на настапот за „Струшките вечери на поезијата“.
Венцислав Недев
сел. на мак. карате репрезентација
Овој месец - јули ми е слободен во поглед на спортските активности. Но, затоа сум ангажиран со реновирање на канцелариите во карате-клубот да биде се' свежо и ново за почетокот на сезоната од септември. Значи денеска повторно имам работа со мајстори. Одморот го планирам некаде во втората половина на август. |