Владиците си ги мијат рацете од криминалот со „Изгрев“
Судот одреди мерка притвор за девет од 16-те лица кои завчера беа приведени
Гордана Дувњак Љубиша Станковиќ
Архиепископот Стефан и членови на Синодот на Македонската православна црква не се вмешани во аферата со купопродажбата на хотелот „Изгрев“ заклучиле владиците на вчерашната седница на Синодот посветена на најновите случувања поврзани со апсењата на актерите во овој скандал, кој доби полициско-судски епилог. И покрај тоа што владиците си ги „испраа рацете“, сепак, било побарано од поглаварот на МПЦ и писмено да ги информира за целиот случај. Додека траеше расправата во црковниот врв, во скопскиот Кривичен суд траеше интензивно сослушување на 16 осомничени за аферата „Изгрев“. По повеќе од 24 распити, вчера во Основниот суд - Скопје 1 беше комплетиран распитот на сите осомничени во аферата „Изгрев“. Дури деветмина од 16-те осомничени од вчера попладне се на издржување на мерката притвор. Шестмина од осомничените, односно трите судијки од струшкиот суд, двајца нотари и еден скопски адвокат в натамошниот тек од постапката ќе се бранат од слобода, а за уште еден нема одлука, бидејќи станува збор за лице кое е со нарушена здравствена состојба. Завчера, како што е познато, беа приведени сопствениците на фабриките „Кимико“, браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинови, заедно со повеќе нивни соработници, односно вработени, но и судии, нотари и адвокати.
„На синодската седница бевме подетално информирани од архиепископот Стефан околу случајот со хотелот ’Изгрев‘ и, според негови сознанија, тој и членови на Синодот и на Црквата не се вмешани во случајот“, изјави вчера владиката Тимотеј по седницата на Светиот синод на МПЦ.
„Ако имало некој, тој е неовластено вмешан и за него ќе треба да важат законите, бидејќи тие треба да важат и за нас. За сите детали како тоа се случувало треб�� да бидеме писмено запознаени од страна на архиепископот Стефан, кој треба да ни достави писмен извештај. Ако има такво мешање, ќе бидеме отворени за соработка со надлежните органи. Како Синод, немаме ингеренции да ги испитуваме економските зделки“, нагласи владиката Тимотеј.
На новинарското прашање дали ќе се побара одговорност од надлежниот за финансии Димитар Белчовски, како и од секретарот на Скопската епархија Коста Станоевски, затоа што фрлиле дамка врз Црквата, гласноговорникот на МПЦ со став: „Не можеме да тврдиме дека фрлиле дамка врз Црквата. Коста Станоевски не е инволвиран во случајот со ’Изгрев‘, а Димитар Белчовски е потписник на побарувањето само на првиот кредит од еден милион евра и тоа со знаење на архиепископот. Другите зделки се правени без знаење и учество на МПЦ. Надлежните служби нека ја завршат својата работа. Побаравме да бидеме информирани за сите подробности и зависно од тоа ќе видиме дали има место за нечија одговорност. Додека не се сослушаат сите страни, не можеме да судиме“.
Владиката Тимотеј во изјавата за медиумите нагласи и дека браќата Миладинови не информирале никого и работеле на своја рака, па затоа истрагата одела кон нив.
„Кога се избира еден деловен партнер, постои можност и да се згреши. Признавам дека се згрешило во изборот на партнерите. Можно е еден човек во почетокот да биде коректен, а потоа да се смени. Миладинови очигледно биле махери да го направат тоа за што се осомничени, доколку е така како што се тврди. Ако се потврди тоа, тогаш ќе ги раскинеме сите договори што ги имаме со нив“, појасни владиката дебарско-охридски Тимотеј.
За сето она што се случуваше од понеделникот претпладне до вчерашните попладневни часови вчера се огласи претседателката на скопскиот Кривичен суд Добрила Кацарска. Според Кацарска, Јавното обвинителство повело кривична истражна постапка за 16 осомничени во аферата „хотел Изгрев“ и дека за 15 од нив бил побаран притвор.
„Јавниот обвинител изврши прецизирање на барањето, па оттука само за деветмина е одредена мерка притвор. Шест лица, односно судијките Менка Опетчевска, Мими Нанушевска и Светлана Поповска, како и за нотарите Мерсим Положани и Сашо Ѓурчиновски и адвокатката Анита Бегова во иднина ќе се бранат од слобода, со тоа што за двајца од нив беа побарани дополнителни гаранции“, изјави Кацарска, која не даде појаснување што станува со уште едно од осомничените лица за кое неофицијално се дознава е Миодраг Мисајловски. Станува збор за лице кое на полициско-судските органи им стана познат од пред неколку години кога беше отворена аферата „даночна пирамида“.
Во затворот во Шутка од вчера, освен браќата Димитар и Ѓорѓи Миладинови од Струга, сопственици на фирмата „Миладинови ДОО“, се и Гордана Петковска - поранешна управителка на споменатата фирма, Димитрија Голабовски - сопственик на „Агора консалтинг“, Менка Костојчиновска - стечајна управничка на АД „Изгрев“, Сузана Блажевска - референт во струшкиот Катастар, Златко Фармаковски - советник за премер и катастар, адвокатот Димитар Савовски и Борис Андреевски, инаку сопственик на приватни фирми.
Од извори блиски на истрагата дознаваме дека постапката течела со кратки паузи и дека без малку сите осомничени давале одбрана. Од истите извори дознаваме дека осомничените судијки одбивале правна помош, но дека по сугестија на истражната судијка, им бил одреден бранител по службена должност. Сите приведени се осомничени за малверзации кои се поврзани со струшкиот хотел „Изгрев“.
Koga se formira praven subjekt (najverojatno DOO vo ovoj slucaj) site osnovaci moraat da odgovaraat dokolku se napravilo krivicno delo. Sledstveno, i MPC kako koosnovac treba da odgovara. Mene licno ovie vladici mi se mnogu antipaticni i licemerni i se plasam deka imaat praveno i drugi zlostorstva pokraj ovie finansiskite. Zatoa ne mozam da razberam, kako im se dozvoluva sami da diskutiraat i analiziraat dali bile vmesani vo nezakonskoto rabotenje ili ne.... Se znae, toa ne moza da go pravat samite, tuku MVR treba da gi ispita i niv, a pred se onoj starec (Stefan) za koj ima somnevanje deka e vmesan duri i vo drugi zlostorstva kako trgovija so luge i slicno....
Од: Ace od Avstralija
Датум: 24.12.2008 05:49:00
Milioni $$$ ovde se potroseni za sudovi, narodot podelen samo od edna pricina - TIMOTEJ. Izvorot na prihodot ( daj sto ce dades, samo MPC steta da ima) mu sekna, so taktika RAZDELI PA VLADEJ napravi pustos do denes ovde... Istoto e i so Izgrev, pustos ce ima, a toj seir gleda I plus potparol so izjavi od stilot - NE ZNAEME NISTO ITN ITN... I site negovi popovi mora da go sledat negoviot primer, zosto Grcite mu ja forsiraat OHRIDSKATA ARHIEPISKOPIJA da bide nacionalna crkvena kompanija namesto MPC, se razbira vo nadomest za $$$$$ vo na Timotej dzebot ....
Од: irena
Датум: 24.12.2008 05:54:10
more kako znaete.a ti vladika timotej izigravas angel. more kaj e goli otok pa da vidite kogo pravite budali i kogo kradete. ama germancite ke ve sredat.a stefan, stefan. g.g. mihail ic ne te sakase i mi velese. nemam na kogo da ja ostavam crkvata. site lopov do lopov. zimi majka. imate krotok makedonski narod pa sto sakate pravite. polni ste so parei i toa pari koi ne vi pripagaat vam. ama i vam ke vi dojde krajot. mnogu brzo.cao.
Од: blagoj ungar
Датум: 24.12.2008 08:09:58
Kakvi politicari,takvi vladici.BEDA
Од: ljupco,bitola
Датум: 24.12.2008 09:13:17
Pukna rezil i vo crkvata.Vo ovaa jadna ni Makedonija ne ostana nisto sveto.Ne veruvam deka nekoj od vladicite e smesan,ama nekoe sekretarce sigurno ke go izvadat so lisici od duvloto.
Од: mark
Датум: 24.12.2008 10:01:06
kako pominuva vremeto na vladeenje na vmro izleguvaat na videlina prljavite alista .Pa dragi moi ovie so golemite bradi so isklucok na trojca sve se vmrovci i ni prodavaat cesnost i patriotizam kako i portokalovive patrioti.Ako pogledate dobro seta rabota e zapocnata vo vremeto na vladata na Ljubco a clen na vladata i cuvar na parite bese Gruevski. Jas vo nekolku komentari napisav deka drug ke go otkrie kriminalot no izgleda sega sami ke pocnat da se jadat sakam da vidam sto ke napise za ova novoselec i bitolcanecot i slicni na niv napomenuvam cuvar na parite bese N.G.
Од: верник
Датум: 24.12.2008 10:21:58
И овие арамишта ќе ги учат нашите деца на веронаука???
Од: Спасе
Датум: 24.12.2008 11:35:04
Си ги мијат рацете!?А,не,не...Тие си ги тријат рацете,при ваква влада!
Од: zoran
Датум: 24.12.2008 11:39:04
Оно нешто најсвето кај човекот ,,верата,, денес веќе н��се почитува .Ја сакам и почитувам нашата вера али нивните лидери и поедини извршители НЕ . И од тоа направија да се вртат огромни профити а со тоа и малверзацији и превари. Нашата МПС се суди со години за имоти во Австралија, во Македонија за хотели и уште кој знае што. Да владее парламентарна демократија во врхушка МПЦ 24 часа се многу за сите таму.
Од: Chainsaw
Датум: 24.12.2008 13:24:50
Povtorno smrdi na crkovna Alchnost. Do kade li odat pipcite na Ovoj oktopod.
Од: tito
Датум: 24.12.2008 13:39:08
rezil i bruka
grueski prevzemaj nesto
ima i vo ohrid za zatvoranje
Од: zelezara
Датум: 24.12.2008 13:53:41
Gospoda vmro-ovci se sekavate li kako bese izbran gospodin Stefan,pa toj e covek na Ljubco i Sneska oni go postavija na celona na MPC.Gledajte sto se slucuva so crkvata vo Avstralija i so Jovan Vraniskovski ne da go branam nego mu kalemea so sto treba i netreba
Од: Stalin
Датум: 24.12.2008 18:58:28
Popovi lopovi.... kako ne im e sram
Од: zoran
Датум: 24.12.2008 20:17:52
ama gi namestija ovie brakava miladinovi, vo ovaa igra uste koj ne e vmesan, od politicari,popovi, sudii i itn, i vo vremeto na branko crvenkovski imase slicna slucka so TAT, ja namestija sonja nikolovska za site da lezi zatvor.