Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Политика

ИВЗ не се откажува од нелегалната џамија

На Бехаџудин Шехапи, директор на Националниот конзерваторски центар, му порачаа „да не го пика носот во скопските џамии“

Билјана Јовановска

Исламската верска заедница нема намера да се откаже од возобновувањето на Араста-џамијата во Старата скопска чаршија. По жестоките напади на Владата, сега најавува и други конкретни чекори кои можат да ги зголемат меѓуетничките тензии. На прес-конференција ја информираа јавноста и своите верници „дека се премногу горди што го поставија камен-темелникот на џамијата“ наспроти оспорувањата што доаѓаат од Националниот конзерваторски центар, кој тврди дека станува збор за дивоградба. Покрај тоа, порачаа дека Скопското муфтиство „ќе го стори максимумот не само за возобновување на Араста-џамијата, туку и за другите објекти и имоти што гравитираат на негова територија за побрзо да се вратат во сопственост на ИВЗ“. Ова, всушност, е своевиден одговор на владиниот закон со кој Старата чаршија доби третман на заштитена зона, со кој Заедницата се почувствува оштетена за своите имоти – Капан-ан, Сули-ан, Безистен, Детскиот театар и десетина дуќани што ќе останат во сопственост на државата.

На вчерашната прес-конференција, ИВЗ посебно со критики се нафрли врз директорот на Националниот конзерваторски центар, Бехаџудин Шехапи, кој предупреди дека немаат дозвола да градат на земјиштето на кое се возобновува џамијата, бидејќи станува збор за археолошки локалитет. Таму, како што рече Шехапи, булдожерите направиле непроценлива штета оти го урнале подот на џамијата, кој има голема историска и културна вредност, зашто датира од 15 и 17 век.

Но, наместо да запре со нелегалните активности, Исламската верска заедница соопшти дека „Шехапи нема право, од правен и од морален аспект, да говори за возобновување на Араста-џамијата, затоа што таа била урната во земјотресот, а според Законот за градба (член 65) не е неопходно обезбедување дозвола за градба“. Му забележуваат и зошто не се огласил за незаконските активности што беа изведени во Јахја-паша џамијата, Михработ на Камениот мост и за Законот за ревитализација на Старата чаршија.

Во писменото соопштение од ИВЗ, Шехапи грубо се обвинува дека „во 2003 година неправедно ја ограби хуманитарната организација ’Ел Хилал‘, која ја основа ИВЗ во 1987 година и оттогаш нема морал да говори за нешто што се однесува на заштитата и заживувањето на верските објекти“. Наедно, соопштија дека Шехапи „не е компетентен да обезбеди донации“, а Скопското муфтиство директно му порача „да не го пика носот во скопските џамии, да остане на местото на кое е и да придонесува во дискриминацијата над ИВЗ и муслиманите во Македонија, иако е припадник на исламот“.

Директорот на Националниот конзерваторски центар, Бехаџудин Шехапи, одби да ги коментира обвинувањата, со објаснување дека „се ниски и смешни“. Но, што се однесува до Араста-џамијата, останува доследен на ставот дека „ИВЗ направи незаконски чин со уривањето на подот и дека нивниот проект за возобновување не помина ниту една стручна инстанција“. Прозваниот Шехапи укажува дека вакви импровизации се особено недозволиви кога се работи за Старата чаршија, но смета дека „во ИВЗ има мудри глави кои ќе покажат подготвеност да соработуваат со институциите на власта, односно со Центарот, кој го има проектот за Араста-џамијата што ја поминал законската процедура“.

Националниот конзерваторски центар, тврди директорот, ќе стори се' да се изгради Араста-џамијата, урната во земјотресот, но согласно со проектот изготвен од компетентна институција и во согласност со Законот за културно наследство и со Програмата за ревитализација на Старата чаршија. Шехапи нагласува дека проектот е „од исклучително значење, бидејќи не се гради во некое село, туку во старото градско јадро, а она што го нуди ИВЗ е новоградба, архитектура која содржи имитации на многу објекти и нема допирни точки со автентичноста на Араста-џамијата“.


#
Статијата е прочитана 770 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan
Датум: 24.04.2010 02:59:45
Uste pred Dvaeset Gogini znaev ova mi lici na: Makedonska Klasicna Nebidnica,a tie mi velea makedonija ce bide kako i Svajcarija.Imav samo eden kratok Odgovor:Vo Makedonija nema Svajcarci.Vo Makedonija ima; Bugari,Srbi,Jugovici,Titici, MakedonoJugovici,Vlasi ,Kusovlasi,Gjupci-Egipcani, Makedonski Slavjani, Anticki Makedonci, Albanci,Bugarofil,Grkofili,Srbomani,Romi !Site mi se smeea vo Brk! E so vakvoo Brasno ne se .Pravi Leb! Mi se cini Granicata od 1912 god. pomegju Srbija i Bugarija,a sega pomegju Bugarija i Ilirida ,e potisnata na Jug; od Kumanovo i Skopje Novata granica ce bide od: Stracin i juzno od Jakupica po, Diagonala se do pomegju Orid i Struga!
Од: Kimov
Датум: 24.04.2010 04:31:29
Drzavata treba pod xitno da im ja stopira rabotata i da bidat pritvoreni organizatorite koi se raspasani niz Skopje. Ne smirglaat nikakva ziva sila kako da nema zakon vo ovaa drzava.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 24.04.2010 08:39:00
Samo gledajte minareto da e sto povisoko, i zvucnicite pojaki, sto pojaki za da se slusa niz polovino Skopje. Za inat na drugite. Prodolzete so religiozna renesansa, gradete objekti kade neli ke vi se izucivaat mladite, ke se lecat bolnite, ke uzivaat vo moderna infrastruktura....zivotot ke im se olesni, vekot da im se prodolzi.... A, eve vi predlog. Moze pod samite djamii da se izgradat i mali shopping centri, da ne se macat vernicite da gubat vreme za pazar. Ta neli dobro mu mislite na svoite.
Од: Nekoj
Датум: 25.04.2010 07:48:45
Ne e zakonski se razbira, no videte go objasnuvaweto na Direktorot na Lotarija na Makedonija ako nemame dozvola - nie sme dr\ava - ;to 'e barame da bide zakonski.Zna;i koga dr\avata ne si gi po;ituva zakonite i drugi 'e po;nat da go ;inat istoto.Do koga?? Dodeka e VMRO na vlast.

Најди! во Утрински
Политика
Децентрализацијата е забавена
Грција не повлекува пари од Стопанска
Невакцинираните да се заштитат
Араста-џамијата имала високо минаре
Случајот „Сопот“ пред Врховен суд
Ушковски стана нов член на Судски совет
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks