|
|
|
|
|
|
Араста-џамијата имала високо минаре
Најстариот податок за овој споменик е пронајден во скопскиот Сиџил од 1699 година
Катерина Богоева
„Називот ’араста‘ во минатото го добивале големите и важни чаршии во градовите низ османлиската држава, формирани покрај исто така големи и значајни џамии. Арасати претставувале трговски институции, формирани во чаршијата, во кои се изработувала и продавала една иста стока. Тоа биле покриени пазари или покриени чаршии подигнати покрај големите џамии. Всушност, араста е стариот назив за чаршиите кај кои биле покриени улиците во кои се наоѓале редици дуќани, или пак, тоа се чаршии со откриени улици на кои пред дуќаните се наоѓале стреи. Имало арасти кои биле составени од еден или два реда дуќани. Понекогаш, араста чаршијата, која била создадена покрај самиот ѕид на некоја голема џамија, претставувала и дел од архитектонскиот комплекс на џамијата“ - пишува во својата книга „Османлиски споменици во Скопје“, историчарката на уметност Лидија Кубараџи -Богоевиќ, во текстот посветен на деновиве, мошне актуелната Араста џамија. Таа претпоставува дека џамијата името го добила по некогашната Араста чаршија што се наоѓала во Старата скопска чаршија, но и дека била изградена во првата половина 15 век, кога биле градени и останатите најстари џамии во Скопје. Била и една од првите позначајни џамии околу кои и се формирала чаршијата.
Земјотресот во Скопје во 1963 година ја претворил во руина, а деновиве се најде во центарот на вниманието на јавноста со спорот што настана на стартот од нејзината обнова. Исламската верска заедница го постави камен темелникот, а тој чин надлежната институција, Национален конзерваторски центар го нарече вандалски, бидејќи е започнат без потребните одобренија.
Араста џамија која се наоѓала на просторот меѓу Безистенот и Куршумли-ан, со тоа се вброи и меѓу спомениците во земјава за кои граѓаните дознаваат не по вредноста на сочуваните остатоци, туку ги гледаат само како примери на непочитување на законските процедури во заштитата на спомениците на културата.
Најстариот податок за нејзината историја е пронајден во скопскиот Сиџил од 1699 година каде стоело дека „од вакафот на Паша Јигит- бег се исплатувал хатибот на Араста-џамија од 8 акчиња на ден“. Се знае дека била обновена во 18 век, а се претпоставува дека била една од куполните џамии и дека имала високо минаре, градено од цврст материјал. |
#
|
Статијата е прочитана 967 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Kimov |
Датум: 24.04.2010 04:47:35 |
|
Vakvite kolumni se poveke ja vlosuvaat situacijata pomegu Makedoncite i Albancite. Ovaa e sskanje na Albancite za da napravat belja. Zatoa nie Makedoncite ne mozime da zadrzime drzava sami si gi vadime ocite i ke prodolzime da bideme robovi i na drugi drzavi. Prodolzite da pisuvate se dodeka ne se rasparci drzavata a potoa ke se poglednuvame kako Macori i ke se tufkame.Ete sto napravivme. |
|
|
|
|
|
|
Од: kris |
Датум: 24.04.2010 08:15:16 |
|
Уште една Иранска интерконтинентална ракета.................... |
|
|
|
|
|
|
Од: Od DORGI |
Датум: 24.04.2010 08:39:55 |
|
Значи уште еден споменик им се подига на оние под чие што ропство сме биле 5оо години, кој постојано ќе не потсетува дека тука во Скопје пред таа џамија можело да се купи момче од 15 до 2о години од словенско потекло, христијанска вера, од поробени родители за една крошна јајца, замислете го продавале турци кои со себе си ја донеле и традицијата на градење џамии со убави и високи минариња. |
|
|
|
|
|
|
Од: bramoni |
Датум: 24.04.2010 12:08:03 |
|
Dobar napis za da se vidi pulsot na povekjeto gragjani. Nieden komentar deka e unisten fragment od kulturno istoriski spomenik, tuku pak megjuverska (ne megjunacionalna) netrpelivost.
Kimov zosto ne reagira na postavuvanjeto na lavovite, simboli na velikosprskata okupacija od ponovo vreme, srpskoto negiranje na MPC i latentno i na mekdonskiot identitet, tuku komentatorite mi raskazuvaat za kupouvanje momchinja itn. I Aleksandar Veliki bil okupator i porobuval nekoi drzavi pa pak mu spremame spomenik i ke go imame ni krivi ni dolzhni bez nikakva povrznost so ovaa Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Mak |
Датум: 24.04.2010 13:14:04 |
|
Ova sto se slucuva vo Skopje e nadvor od zdrav razum."Kvazi- Proporcionalnosta" koja so inat se realizira ke ne cini skapo ne samo vo meguetnickite odnosi tuku i na obezlicuvanje na gradot koj i onaka lici na "frankestajn".....Vo krajna linija ova go tera sekoj danocen obvrzik na izbegnuvanje an obrskite bidejki negovite pari ke se koristat za gradenje grdo Azisko minato namesto svetla Evropska idnina |
|
|
|
|
|
|
Од: mani |
Датум: 24.04.2010 20:08:12 |
|
so mnogu pochit kon svite shto veruvaat vo Gospod Svemoqen.a na tije na koi im bolat ochite koga gledaa xhamii i crkvi,im vlegol gjavolot i mislat samo na razdor i zlo,zasto im go zell pametot golotijata i homosexualnosta(evropskata gjavolska kultura).pa ako ne ste homusexsualci ne mozhete vo evropa.evropa ima zakoni. |
|
|
|
|
|
|
Од: Spirit 3 |
Датум: 24.04.2010 23:55:26 |
|
Do :Kimov I Mak .
Ne mozam dave razbiram shto e toa shto ve maci so renovirajneto na Camijata , a toa shto e napisano kako prodavanje na mladi za 20 akcinja i drugo se ``vetar vo magla`` .A zosto nese protivstavuvate ne postavuvajneto na statuata na Aleksandar i na ostanatite licnosti , ne zaboravajte deka site Camii se gradat so finansiranje na vernicite a ne so drzavni pari .
Podobro bilo vo Tursko otkolku sega , ako ne drugoo imase pravda , i ako sakaa Turcite vo tie 550godini eden po eden keve Poturcea i ke nemashe poveke Makedonci ,no toa nese sluci bidejki imase pravda ,a ne kako vo Bugarija lugeto sto gi besea so nozete na tavan zadase zapisat Bugari i toa bese samo pred 30 godini i uste trae ta represija nad malcinstvata .
Izvadete gi vasite Nacionalisticki naocari i videjtego realniot svet .......
|
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan |
Датум: 25.04.2010 03:48:47 |
|
A,Toj ,,SRBIN" Stoiljkovic sto Spie?A Bre ,neka bide Vistina ,sto e i ;CORPUS GELICTI ,Toj ,,SRBIN" Stoiljkovic .izgleda ne ja znae istorijata na Skopje,.Pa site znaeme deka Skopje uste mirise so spomenicite na Nemanic dinastija ,samo Siromaviot Stoiljkovic ne znae |
|
|
|
|
|
|
|
|