Една и единствена работа што ги обединува тие луѓе е мизеријата во која се нашле и која дополнително им се згорчува преку неодговорноста на власта
ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
Да беше жив Лермонтов немаше да може да се изначуди колку малку херои на нашето време останаа во општеството. Неговото време и нашето време не се исти времиња. Македонија стана исплашена касаба, што упорно се бори да не им подлегне на демократските притисоци од дома и од надвор. Демократски притисок, тоа треба да биде одлика на нашето време. Сите пори во општеството да се отворат и да може непречено да течат задоволството и незадоволството на нашите граѓани. Резултатот од ваквиот реакционерен отпор е постојано тонење на општеството по сите главни линии на можниот демократски отпор. А отпорот е секогаш граѓански и во суштина индивидуален, без исклучок. Тој може да биде канализиран од политичка структура, може да биде посилно артикулиран, но таа политичка структура не може (дури и да сака) да создаде вештачки отпор, особено не во 2010 година, каде што се' се знае, каде што Интернетот пробива и во секое село и во секој градски автобус, каде што вистината кога-тогаш пробива како шило и излегува на виделина. За среќа, на чело на таквиот отпор секогаш се наоѓаат индивидуалци. Тоа се тивките херои на нашето време. Но, ајде да видиме за кои херои зборуваме? Кои се луѓето што во вакви невремиња собираат храброст и јавно истапуваат против нивната лично нанесена неправда од страна на насилната власт?
Не постои архетип, не постои матрица, не се познаваат меѓусебно, веројатно никогаш и нема да се сретнат. Но, се препознаваат. Една и единствена работа што ги обединува тие луѓе е мизеријата во која се нашле и која дополнително им се загорчува преку неодговорноста на власта. Ги обединува и поривот, својот бес и огорченост да го искажат јавно, без да размислуваат за последиците од таквиот јавно искажан став. Затоа се херои.
Херои на нашето време се Душко и Гоце, храбрите млекари што се дрзнаа јавно да проговорат за криминалот со „Сведмилк“, а кои откако проговорија добија казни по 500 евра за нивните нерегистрирани трактори и п��ијава, затоа што го навредиле премиерот. Ги дотолчија луѓето. Ама еве ги пак се борат.
Херој на нашето време е Ристо, машиновозачот што јавно кажа дека возовите не се безбедни и дека за тоа е одговорно раководството на „Железници“ на кое не му е гајле за безбедноста на патниците. Тој, Ристо, најдобро знае. Цел живот е на пругите, цел живот го поминал во локомотивите, кога тој ќе излезе да каже нешто за својата работа, за својата љубов и професија, тој е мојот авторитет. Каде е Ристо сега? Веднаш му „стегнаа“ отказно решение. Ама Ристо не замолча. Сака да оди до крај.
Херои на нашето време се и Ромите од Шуто Оризари. Ми вели мојата пријателка Ѓ. од Шуто Оризари: „А бре Гордан, па не продаваме дрога на пазарот, па така да ни доаѓа полиција и да не' малтретира. Па, луѓето земале кредити за да преживеат, а сега се на улица. Зошто секогаш удираат таму каде што е најтенко само за да ги скријат главните актери и криминалци?“
Херој на нашето време е и оној Ивица од „Хоризонт“. Стопати му се заканија, двапати го претепаа непознати маскирани лица. Сега лежи во болница и едвај успева да изговори: „Јас и кога ќе излезам од болница ќе продолжам да се борам за правата на пациентите и на социјалните случаи“. Кој е мотивот на овој модерен Дон Кихот? Излегува и јавно кажува за криминалот и за малверзациите во здравството и во социјалата, застанува во речиси џихадска одбрана на најзагрозените лица во нашата држава. Му пукнал филмот од системски вградената неправда во нашето општество и решил да крене глас.
Херои на нашето време се и младите архитекти што беа претепани на скопскиот плоштад, но не запреа во деконструирањето на глупоста и погрешната идентитетско-архитектонска политика на оваа власт. И ним им „стегнаа“ кривични пријави. Ама, еве ги, не престанаа да нудат визии и активности за поубаво и помодерно Скопје.
Избркани наставници низ Македонија. Упорно се борат низ правните лавиринти за да ја докажат својата правдина, дека се избркани нелегално, оти нивната професионалност и искуство е занемарена на сметка на некои други „квалитети“, како што е партиската книшка. И тие полека ги добиваат битките, една по една, педа по педа.
Се препознавате ли во некој од овие ликови? Ви изгледаат далечни, како да не се дел од вашиот свет? Не ви е малку непријатно кога го читате ова во вашите удобни фотелји?
Не губете надеж. Не е крај на светот. Во секој од нас лежи по еден „заборавен херој“. Цела армија онеправдани и шиканирани граѓани стравуваат под чизмата на оваа власт. Ги газат секојдневно, тие трпат. Велат, стравот е голем. Стапот е долг и немилосрден. Ги има во сите бои, со сите партиски книшки. Кога ќе го допрете дното, партијата веќе ништо не ви значи. Се борите за гол живот и за преживување. Затоа немаат проблем јавно пред камера да ги искинат книшките на ДПМНЕ. Немаат што да изгубат.
Што ни преостанува нам, на останатите илјадници скриени херои на нашето време? Да се солидаризираме со овие луѓе и да им помогнеме. На ова општество му е потребна солидарност, со големо С. Потребна му е правдина. Нашите граѓани, за жал, навикнаа на лошиот и сиромашен живот. Ним им е јасно дека тешко се живее, но не сакаат да гледаат кога некој живее неправедно добро на сметка на илјадници други. Затоа, најважниот влог што треба да го вратиме е солидарноста. Да покажеме дека можеби не можеме да им помогнеме на сите луѓе, но дека барем ќе се залагаме да им помогнеме и нема да ги оставиме без поддршка. Тоа се и лекциите што СДСМ секојдневно ги учи и сака да ги научи. Да не остане недоискажано.
Клучен проблем на ова општество, на оваа држава, е како граѓаните да се ослободат од стравот. Најголем број граѓани сфаќаат дека оваа власт веќе четири години само ветува, а не остварува. И бидејќи не остварува и не може да оствари, очајнички се фаќа за стапот и удира разулавено насекаде. Во ова време-невреме потребно ни е будење од лошиот сон. Колку порано се разбудиме, толку подобро за сите нас. Обврска на СДСМ е да застане на браникот на слободата и посеаната неправда. Наша обврска е да покажеме дека можеме и подобро и поодговорно. Зад нас ги имаме сите наши добри и лоши искуства, но и севкупниот бес и разочарување на народот од оваа власт.
Затоа, Груевски не треба да се чуди кога ќе почнат да му откажуваат и неговите најверни поддржувачи и изборни таргет-групи. Одмаздата кон своите и од своите е најстрашна. Одлика на секој авторитарен лидер, во последните денови од власта, е одмаздата кон своите, кон браќата и сестрите, оние што ја предале „каузата“. Одлик�� на секој авторитарен лидер е слепилото, неможноста да се согледаат сопствените грешки. Кога еден ден ќе се сврти наназад, ќе види дека од неговата армија поддржувачи пепел не останал. Сите му го свртеле грбот. Тивко ќе замине во историјата овој антихерој на нашето време. Убеден сум дека и на вистинските поддржувачи на ДПМНЕ им е преку глава од авторитарни типови што го малтретираат и го понижуваат сопственото членство.
Јас верувам дека конзервативната идеја има и треба да има почва во Македонија. Но, овој конзервативизам нема никаква врска со тоа. Искрено, жал ми е што нашиве анонимни конзервативни идеолози (сега се анонимни, а не беа до пред една година) толку погрешно и површно го сфатија импрегнирањето на конзервативната идеја на нашата традиционалистичка почва. Таквите квазилекари со прочитани две-три романтични лектири по конзервативизам (гарнирани со практикумот наречен Мајн Кампф) ги заблудија и сопствените гласачи и партиските лидери и имаат одговорност што ја донесоа нашата држава во оваа состојба.
Bravo! Odlicen tekst, ama koj go razbira, a za ostanatite ne ni vazno.\Pozdrav
Од: sirma vojvoda
Датум: 23.04.2010 00:57:31
dali im se dopaga ili ne na feliksanite i kimovcite Makedonija se budi,sekojdnevno se kinat kniskite na vladeackite partiii se izrazuva golemo nezadovolstvo od ovaa diktatura 4 godini se see strav megju narodot se see omraza a deneska tie reketarite maalski se krijat i usta neotvaraat gledajki kako nivnata partija prvo niv gi ugnetuva,maltretira zatoa ........OTPOR!!!!!!!
Од: t25 kicevo
Датум: 23.04.2010 00:58:10
heroj na naseto vreme e branko crvenskoski so napraven najgolem grabez na drzavnata sobstvenost prodadena za bez pari------najloso e sto gospodinot od kolumnata e negov sega najblizok sorabotnik sto ni prodava pukanki so finti od 90`s godini--
Од: nacional-patriot
Датум: 23.04.2010 01:02:47
Onepravdanite lica sto protestiraat,protestiraat zatoa sto nivniot zivot nema da bide zagrozen poradi toa.Koga bese SDSM na vlast nekoi ne se ni osmeluvaa da protestiraat,bidejki tie se plasea za nivnite zivoti,a ako bea tepani,dobro pominale.Za sekakva osuda e tepanjeto i nasilnoto odnesuvanje vrz onoj od nevladinata organizacija,no se prasuvam dali toj bese zloupotreben od partijata na Gordan,za da mu se sluci toa sto mu se sluci?Dali aktivistite od opzicijata so debelo kriminalno i nasilnicko minato rabotat na teren,pa nivnite nedela gi prepisuvaat na drug?A,Gordane.Znaes li nesto za ova?Jas samo prasav.
Од: jovan
Датум: 23.04.2010 01:20:18
Gordan!!!! Vo Makedonija ima mnogu heroi i hrabri luge.Ima i sposobni i toa presposobni. No problemot e vo toa sto so negativna selekcija na kadri(pred se ili partiski ili podlizurkovci)so promaseni individui, izgradivme opstestvo vo koe nivnite niski i ispodprosecni kvaliteti se cenat i nagraduvaat(i toa solidno), a ovie prvospomenatite se omalovazuvani, ismejavani, pa da ne kazam i "terorizirani". Tie si teraat i ponatamu.Ubavo im e, iako drzavata propaga, no tie se i onaka laici, a laik nemoze da svati sto se slucuva, a uste pomalku sto raboti. Na ovie hrabrite i sposobnite im ostanuva samo satisfakcijata deka se moralno ispravni, i eden den kako uteha da im bide toa deka bile vo pravo. No toa nisto nema da znaci ni za niv ni za nas ni za idninata na drzavava. Zalno,ama do tamu doguravme.
Од: поединец-ОТ
Датум: 23.04.2010 01:26:58
1.Ти потпретседател на СДСМ (пред тоа незнаев)
2.Човекот со членска книшка со број 1 на СДСМ господинот Киро Глигоров(како што го нарекувате Вие) во Амбасаданта на Руската Федерација изјави
ДА ЖИВЕЕ СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ..........
3.Потоа го гледав филмот КАТИЊСАКАТА ШУМА, (тој дел за нас беше непознат од историја), како идеологијата на тој Советскиот Сојуз врши ликвидација на цела плеада на интелектуалци на еден народ
4.Содијалдемократи поточно ревизионисти, Кои сте Вие? Престанете да ја спроведувате марксистичката доктрина меѓу народот.
5.Потребно е Вашата партија да ја преимените -
SDSM - BEFORE INFORMBIRO
Од: Vangel
Датум: 23.04.2010 02:02:15
Ako dojdes ti Gordan na vlast, zaedno so "vasiot" Papa, 97% od naselenieto vo Makedonija ce bidat heroji. Moi i nasi.
Од: Жарко Арнаудовски
Датум: 23.04.2010 03:02:54
Јас знам како ќе заврши овој авторитарен режим.Но тие се најмалку битни.Прашањето е што треба да направими за да не ја изгубиме државава заедно со нив.Зошто луѓето толку споро учат?Што треба да се случи да речат стоп, доста им верувавме,знаеме дека нема да го исполнат тоа што го кажуваат.Зарем не гледаме дека со овај начин на владеење не функционираат работите?!!Уште колку време ќе ни треба за да видиме?Нема ли да биде доцна тогаш?
Од: Kimov
Датум: 23.04.2010 04:50:45
Ke se ogledate na slednite izbori narodot ja saka VMRO - DPMNE toa se gleda so napravenite anketi. A SDSM ke se raspadne i kese rascepka vo pomali partii zosto lugeto se zelni za vlast.
Од: Хероите се на власт, кукавиците во опозиција
Датум: 23.04.2010 08:04:52
Г-не Горгиев, имате историска шанса и вие да станете и херои на нашето време. Излезете и кажете јасно и гласно - не прифаќаме промена на името!!! Тоа е многу многу полесно за вас опозицијата, отколку за власта.
Од: Гоце од Америка
Датум: 23.04.2010 09:00:21
Гордан, жртви се и сите оние кои сакаа да инвестираат во Македонија , потрошија еден куп пари и останаа изиграни од оваа власт. Само јас знам десетина наши сонародници од Америка и Австралија кои се одзваа на повикот на Груевски да дојдат и инвестираат. Сите се вратија назад и оставија аманет зад себе –Во Маке��онија никогаш повеке. Ова се луѓе кои нашата држава ги изгубила за секогаш, благодарение на овие тесноумни.И замислете, веке се јавуваат кај нашиве во New Jersey да ги мобилизирале за подршка на вмрото.. Ама НЕ овој пат. Овој пат нема да им пројде бидејки Патерсон не е Сопиште па да го праќа Урко да му збира гласови. И така драги мои, поздрав од Америка ке почекаме да се роди друга Македониај па да се вратиме, како тргнало незнам ни дали ке дочекаме.
Од: a_nesto
Датум: 23.04.2010 09:14:49
Браво бе, одличен текст, ајде да го вратиме назад Бранко Црвенкоски и се да среди како што средуваше изминативе години. Тотални глупости зборуваш. Вие господине Гордан треба да бидете наш херој и на вашиот ментор БЦ да му дадете црвен картон и еднаш засекогаш да го избркате од политиката, така ќе станете херој на нашето време.
Од: SPIRIDON
Датум: 23.04.2010 09:29:24
Ako "makjavelizmo" ne vode,nema napred.Za žal toa ti e Makedonija.Da te vidam be brat so "isčistenio tovar" od minatoto na tvoite sopartijci.Za da se bide heroj treba da se ima srce,duša,iskrena oddadenos na idejata.Ne borba za vlas koja preminuva u berba.Vaj narod go gledal taj film i za toa e na voa deređe.Najgulemite vikači kaj vas se so napraveno tovarče i nogu puter na glavata.So ni ne biva napred.Novi čisti,česni i profesionalni kadri,bez žimi mrtvata mi tetka ne sum jas ajduk.So gospoda napred vaj narod zaslužava ubavi denovi.Tolku.
Од: Mile panika
Датум: 23.04.2010 09:30:34
Aj molimte kakva hipokrizija od opozicija koja e zedna za pozicija a ne za zadovolen i sreken narod. Do vcera velea na cela usta vladeackata partija na golemo se koristi so POPULIZAM a sega vidi vidi kako masovno go koristi pocnuvajki od liderot pa se do pisuvacite na kolumni, izgleda razbraa deka populizmot t.e. flertuvanje so napaten narod e dobra alatka za da se dograbis do vlast a posle batali napaten narod.
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 23.04.2010 10:35:25
bravo za tekstot.pred faktite i bogovite molcat.ako nikogas nema da glasam za vas od razbirlivi pricini vmrovec sum ,ali za pravoto vmro na ljubco,se sto ste kazale e tocno.demokratijata mora da dojde vo mk i da se debatira kulturno so argumenti...
Од: Nenad
Датум: 23.04.2010 10:48:58
Gordan, toa e toa, samo ja zaboravi i onaa hrabra zena od stecajcite vo Kumanovo.
Од: Inspitacija
Датум: 23.04.2010 11:01:58
Napred Sirma vojvodo na kimovci i slicni im se gleda krajot
Од: CU
Датум: 23.04.2010 11:17:23
Prekrasen tekst. Suptilen, intrigiracki, emotiven, a sepak realen. Vprocem kako i samiot avtor.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.04.2010 12:01:08
Популизмот како да е заразна болест за хероите од нашето време,критикуваш таков начин а сам го правиш.Ништо необично познат виножитен манир.Имам една мала сугестија до водоотпорната леди Сирма,дај дошепни им на виножитниов табор нека веќе еднаш ја направаат владата во сенка,да не спасат од мизеријава.Или ќе имаме она прочуеното виножитно,, ако сум рекол не сум пресекол,,. Зарем еднаш е ветено а неисполнето,нови се само актерите другото е веќе видено однесување,нема идеи има само неможното ,,види го противникот,,
Од: девичанецот
Датум: 23.04.2010 13:50:22
Гордане, пишуваш за малите херојчиња. Најголемиот херој на нашето време, намерно или не, го забораваш. Тоа е твојот шеф, кој сега се враќа на местото на злосторот. Ги посетува стечајците што се исклучиво негова творба, ги посетува шталите...и не знам утре каде не ќе биде. А кога беше државник...никаде не одеше по такви места...самиот прашај се зошто?
Од: nadvor
Датум: 23.04.2010 13:53:21
Blagodarnost za ovoj text!
Šteta, što vo 21. vek vo edna država vo Evropa i vo mirnodopsko vreme mora luge na ovoj način da se borat so nepriliki na život. Šteta, što ednite se mislat podobri i povredni od drugite. Vrednosta na čovekot se meri ne po funkcija, ne po pozicija, ne po pari, ne po toa, kako nekoj "itar" znae da gi izlaže i potkopa drugite.
Se meri po toa, što sekoj go nosi vo srdceto. Srdca junački, luge dobri i vredni - pozdrav i podrška do site vas, mnogu zdravje, sila i nadež!
Од: Karokan-gambit
Датум: 23.04.2010 15:25:04
До=поединец-ОТ=
Уште еден кандидат за =престижната награда=
во натпреварувањето +Тресење зелени=!!!!!!!!!
Човекот ништо не знае,ништо не прочитал,
ништо не видел,те кој бил потпретседател,те
историските собитија околу Катињската шума,
ама дава предлози и =мислења= кој каков бил,како треба да се вика и т.н. и т.н.
Г-дине поранешниот Претседател е одликуван
со орден од Руската Федерација,а доделен во нивната амбасада во Скопје.(Значи од Претседателот на таа федерација Медведев,а не од диктаторот Сталин).
Истата таа Руска Федерација го призна и се извини за масакарот во Катињската шума и
граѓаните на Полска тоа го прифатила како високо морален чин.(Веројатно пропуштиле да те консултираат).
п.с.Ако беше во Јапонија,сеуште ќе беше во војна со антифашистичките сили некаде во
јапонските прашуми,какви и денес повремено
се појавуваат!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!