Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Пречувствителни сте речиси во секој поглед. Се нервирате поради најмали ситници, спремни да експлодирате во секој момент. Бидејќи тоа никаде не ве води, пробајте да ги зачувате нервите и да ја намалите напнатоста. Подобрете ги односите со партнерот, пријателите и целото семејство.



БИК

Иако преферирате да работите во тим, сепак, сакате да биде се' по ваше. Нервирањето и судирите ќе надвладеат доколку не попуштате. Морате да се одлучите меѓу толеранцијата и самотијата. Нема средина. Со партнерот ве очекуваат пријатни моменти, иако не ги исполнува вашите желби.



БЛИЗНАЦИ

Доколку бидете разумни и не се оптоварувате со ситни нешта, се' ќе биде во ред. Ќе успеете, пред се', да владеете со самите себе, а потоа со другите. Во спротивно, нервозата ќе ве следи каде и да одите. Новото работно место е под контрола. Можност за признание.



РАК

Важно ви е околината да ги цени вашите напори за она што моментално го работите, па тешко на оној што ќе се спротистави на вашите квалитети. Можни се судири и недоразбирања доколу се обиде некој да ве потцени. Целата енергија ја фокусирате на работата и статусот. Нема време за љубов.



ЛАВ

Вниманието на Лавовите е насочено кон обука, патување и кон сето она што го сакате, т.е. многу нешта. Доколку полагате испит или треба да добиете некаква сатисфакција, ова е вистинскиот момент. Емотивната несигурност е од минлив карактер. Бегајте што подалеку од Ракови, ви носат непотребни комплекси.



ДЕВИЦА

Се советува умереност во работата. Цел е нервниот систем. Беспотребно ги оптоварувате соработниците со прекумерната желба за доминација. Тоа најмногу влијае на една Скорпија, со која може да имате спротиставени мислења, но ќе излезете како победник. Емотивни несогласувања.



ТЕРЕЗИЈА

На проблемите гледате крајно субјективно. Причина за чувствителност, кога подобро ќе размислите, немате, но тоа е посилно од вас. Можни се здравствени проблеми, но ќе ги елиминирате доколку навремено преземете конкретни потези. Пат во странство ќе ја подобри финансиската ситуација.



СКОРПИЈА

Неизвесно е кој кого ќе надмудри. Близнаците и Девиците се упорни и размислуваат конструктивно. Доколку имате емотивно несогласувања, грешките ги барате во својот јазик, кој знае да биде доста груб. Партнерот не може да ги надмине вашите навреди. Каде исчезна вашиот фатален поглед и насмевка?



СТРЕЛЕЦ

Денеска во прв план се љубовта, спортот, хобито и уметничките афинитети. Доколку се фокусирате на овие нешта, во комбинација со забава, ќе се чувствувате прекрасно. Доколку очекувате работата да ви причинува задоволство, шансите се минимални. Најдете забава и на работното место.



ЈАРЕЦ

Планетарниот аспекти укажуваат на фатална љубов или разочарување. Не барајте некаква средина. Некои припадници на овој знак ќе доживеат незаборавни моменти со љубената личност или доколку се занимаваат со уметност, а некои ќе страдаат. Најмногу зависат ставовите од последните месеци.



ВОДОЛИЈА

Дружење, седенки, добри контакти и уште подобро расположение. Со еден Овен ќе успеете да најдете заеднички јазик, а со Лав никако! Дали сте размислувале во врската да внесете нови моменти. На пример, направете му изненадување на партнерот. Доста се трудеше, сега на вас е редот.



РИБИ

Уживајте во денот. Бидете отворени, не се ограничувајте на пасивно размислување за среќа и љубов. Пробајте со конкретни чекори да доживеете вистинска радост. Проблемот е што често се плашите од среќата. Подобро се снаоѓате и соживувате со стравовите и незадоволствата.


#
Најди! во Утрински