Што прават денеске
Кирил Рибарски
музичар
Потребен ми е одмор и закрепнување по 21-дневната турнеја низ светот- настапите во Јапонија и Шпанија и тридневното чекање за полетување на аеродромот во Барселона. Од завчера сме во Скопје, па ќе си дозволам одмор пред да продолжам со подготовките за другите настапи.
Фани Христова
пејачка
Семеен ритуал ни е утринското кафе со татко ми. Потоа, во текот на денот ме очекуваат обврски околу снимањето на песната со која ќе настапам на „Охрид фест“, со за сега работен наслов „Крадец“. Вечерва немам никакви диџеј-настапи, па, конечно, пред мене е еден слободен викенд.
Александар Ристовски
продуцент
Денеска ме очекува патување на релација Скопје - Велес- Скопје и многу работа. Со бендот „Водолија“ го снимам нивниот спот кај Спомен- костурницата во Велес. Попладне, пак, во Скопје ќе работам на спотот на групата „Никеја“. Верувам дека ќе завршам се' што сум планирал. |