Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

СОНК и Владата само чекор напред во приближување на ставовите

Децата ќе се примаат во градинките и во училиштата, но настава нема да се одржува

Светлана Унковска

Претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски, по вчерашните разговори во Владата со оптимистички најави дека наскоро би можело да се најде прифатливо решение за синдикалните барања.

Сепак, и покрај ова, штрајкот во образованието продолжува, бидејќи, според Цветановски, тоа не е доволно за прекин. Една недела откако почна генералниот штрајк во образовните установи, состојбата и натаму ќе биде иста. Децата ќе се примаат во градинките и во училиштата, но настава нема да се одржува.

Останува неизвесна заканата за штрајк со глад на раководството на СОНК што ќе се реализира во зависност од притисоците врз просветарите и синдикалците. Состојбата, според Цветановски, се менува од час во час и се' ќе зависи од тоа како натаму ќе се одвиваат работите.

Синдикалниот лидер Цветановски денеска треба да се сретне и да разговара со висок претставник на Европската интернационала за образование, кој вчера од Брисел пристигна во Скопје за да ги согледа состојбите со штрајкот. Истовремено, делегација на СОНК ќе биде примена и во Канцеларијата на Европската унија во Скопје.

„Имаме извесно приближување на ставовите, но тоа не е доволно. Поради тоа, генералниот штрајк продолжува во наредните денови се' додека не се изнајде прифатливо решение. Не можам да изнесам до каде точно сме стигнале, бидејќи се' уште сме во фаза на разговори и добро е тоа што се договоривме тие да бидат интензивирани“, изјави вчера синдикалниот лидер Цветановски, по средбата во Владата.

Тој вчера одржа итна средба со синдикалното раководство и ги информираше за извесниот напредок во разговорите. Се консултира и членството, но најавите за штрајк со глад остануваат неизвесни.

„Тоа е поединечна, односно лична одлука на синдикалците и не е со намера да се врши притисок врз министерствата и Владата за да ги прифати нашите барања. Целта е да се престане со притисоците што се вршеа врз членовите на СОНК. Ќе видиме дали тие ќе продолжат пред денешниот училиштен ден. Од тоа ќе зависи дали ќе стапиме и во штрајк со глад“, рече Цветановски.

Во меѓувреме, се' погласни се апелите од здруженија на директори и на родители да се вратат наставниците на часови. Директори на неколку скопски училишта известуваат дека по одржаните состаноци на училишните совети било одлучено да се прекине штрајкот.

Продолжува на страница 3


Статијата е прочитана 1027 пати.

Испрати коментар

Од: Ljupco,Bitola
Датум: 01.12.2008 00:12:54
Целосна подршка за СОНК мора на оваа ненародна влада да им покажете каде лежи основата на напредокот на една земја... во образованието,достоинствени плати и почитување на интелектуалниот труд.Издржете.
Од: од непросветен граѓанин
Датум: 01.12.2008 00:19:12
мислам дека на просветните работници не им е малку таа плата што ја земаат. има многу млади наставници и професори што чекаат ред за работа. има и луге што земат по 5 илјади ден плата а изржуват цела фамилија а има и луге сто никаде не работат треба да се благодарни за платите и за доброто работно место што го имаат. за таа тема не треба да штрајкуваат. но едно е лошо во оваа работа СОНК како синдикат во македонија не може да оди докрај со својата работа, некој се обидува да гин отргне од своите права. за причината на овој штрајк може не е во ред ама некогаш можеби ке биде во полза на нашите деца , и тогаш како ке оди до крај со своите барања. власта не треба да се меша во ови синдикати со уцени ова е срамота . сигурно реагираат преку вмровски врски се закануваат со отказ и се паѓа во вода .
Од: commanddevil
Датум: 01.12.2008 00:25:48
pogolema glupost nemam slusnato---ke se primale ucenicite ama nema nastava da se odrzuva--pa za koj moj ke odat tamo decava? da gledaat glupostite na prosvetarive? dojcin e ocigledno na strajk poradi borbata da se vrabotat legalno onie so dogovor koj toj gi napika so gruevski -a demek sega bilo problem nekoi 900 den..seto ova e nevidena lakrdija na onoj bradat-i na onoj naludnicav monstrum koj ja rasturi drzavava so gluposti
Од: lola
Датум: 01.12.2008 00:39:12
vakov pritisok nikogas nemalo na nieden strajk. Se zboruva deka SONK gi manipulira ucenicite i roditelite. Ne SONK veli trajkot prodolzuva. Ucenicite gi manipuliraat onie koi gi povikuvaat po telefon da dojdat na uciliste . Dali e normalno nekoj da gi ima vasite podatoci i da vi javuva telefonski da dojdete na uciliste. Koj moze da gi dade vasite podatoci. Ne stanuva zbor za strajk na nastavnicite tuku za strajk vo obrazovanieto kade higienicarite zemaat plata 4900 den. Nastavnicite malku rabotele pa dovolno im bila platata. Nasavnicite rabotat i na rabota i dvojno poveke doma. Ama na kogo da mu se objasnuva.
Од: prosvetar
Датум: 01.12.2008 00:53:16
naprotiv, pritisokot od direktorite i partisdkite mokici od vlasta i denes, vo nedela, e pozasilen. telefonski zakani, ubeduvanja, pritisoci, prasanja - sto po zavrsuvanjeto na strajkot ako ne sankcii, telefonski se povikuvaat decata v uciliste od strana na direktorite duri i vo nedela, a klasnite se "ubeduvaat" da otpocnat so nastava. (NEPOCITUVAN) MINISTRE, NASATA SOVEST E CISTA, DECATA GI SAKAME, ZATOA SME JA ODBRALE OVAA PROFESIJA. No kade e vasata sovest, da vrsite vakov teror vrz nastavnicite i ucenicite? Gordi nastavnici, branete go vaseto dostoinstvo i ucete gi vasite ucenici sto znaci DEMOKRATIJA.
Од: mene
Датум: 01.12.2008 02:03:30
Ednostavno kazano nastavnicite i prof. sto go upotrebuvaa dolgi godini vospitniot metod kjotek, toa im treba toa nim. Od azdis ne znaat styo da pravat. Demek ucele i posle rabotnoto vreme spremale casovi. Sekade prosvetnite rabotnici vo svetot imat rabotno vreme kako i firmite. Od 8 do 5 ili 6 bez razlika koga im zavrsuva rabotnoto vreme. Za naredbiot den od nastavata se pripremat vo ucilistata.
Од: Kako Struga nema druga MAKEDONIJA!!!!!
Датум: 01.12.2008 02:28:50
Ljupco od Bitola izgleda zaborava deka SONK vo 2004 go odrza najmasovniot strajk vo istorijata na nezavisna Makedonija tokmu vo vremeto na predavnickoto SDSM!! CIsta Birokratija. Izgleda 6-te % simpatizeri na SDSM se glupavi ili imaat nekoja kriminalna zdelka kade sto mu odgovara komunistite da se vratat povtorno na vlast! Sdsm ja unisti Makedonija i najloso ja predade!!!! Toa kako Struzaenc jas najdobro go znam!!! Da zivee Makedonija a ke zivee najdobro bez Sdsm!
Од: ljupco,bitola
Датум: 01.12.2008 02:33:42
Дојчин ја мена песната,нема да штрајкува со глад. Бил близу до постигнување на согласност со владата.Ова мене ми личи дека се испазарил за некој личен интерес,на сметка на цело членство на СОНК. Овие дена ќе го видиме со некоја бесна кола по Скопје.Нека му е со среќа.
Од: Do prosvetar i site daskali
Датум: 01.12.2008 03:01:21
Pa ako mnogu gi sakate decata(vo sto licno se somnevam)togas vratete se na rabota i rabotete vrz dobrovolna osnova,strajkuvajte na 15 juni a ne na 1 vi dekemvri.Druga rabota-ne mislam deka vas vi e dojdeno do borba za povisoki plati za tehnickiot personal(odrzuvachi na higiena,haus majstori)tuku licno samo do vashite apetiti.Da ne barate od mene kako roditel da gi pustam decata da ucat vo Saboti-zaradi vas keif-jok.Vikendite se isplanirani za aktivnosti vo semejstvoto a ne za skolo.Dojcin osven kontakti so kancelarijata na EU i evropskata internacionala za obrazovanie-pod hitno trebe da se sretne i so Barak Obama i drugite svetski lideri za ovoj problem zatoa sto samo tie ke mozat da go resat ovoj GORLIV problem. Ako ne ste zadovolni od plati i pridonesi-togas ostavete im mesto na armijata nevraboteni prosvetari koi bi bile povekje od zadovolni da ve zamena.Sramota e sto tvrdite deka gi sakate decata a vsushnost vrsite pritisok vrz vlasta za licni interesi tokmu na tovar na decata!!!
Од: shikanirana i omalovazuana nastavnicka
Датум: 01.12.2008 06:17:38
Shtrajkot kje bide zavrshen, dogovori kje bidat skluceni no koj kje gi zashtiti nastavnicite posle shtrajkot? Dojcin Cvetanovski neka proveri shto se slucuvashe vo nedela do docnite nokjni casovi na vonrednite nastavnicki soveti vo nekoi ucilishta vo Kisela Voda i na kakvi pritisoci bea izlozeni nastavnicite od direktorite, podracnata Blaga Filipceva i inspektorot Zoran Evrovski.Do kade kje odi samovolieto na ovie lugje koi se sram za obrazovnata fela, za decentralizacijata i za demokratijata vo Makedonija. Vcera najmnogu se sramea onie koi glasaa za premierot Gruevski i negovata platforma OBRAZOVANIETO E MOKJ. Vcera, VO NEDELA NAVECER vo Kisela Voda imashe moto PODRACNATA I INSPEKTOROT SE MOKJ.Istata podracna koja od rabota brka bremeni zeni i ja rushi i akcijata RAGJAJTE TRETO DETE.So vakvi li lugje premiere kje odite na lokalnite izbori?
Од: само напред
Датум: 01.12.2008 07:37:32
господине непросветен граѓанин, не можете да споредувате чистачки со основно образование и порфесори со факултетско образование. Сакам да го поздравам штрајкот и да им порачам на СОНК и на просветарите само напред, продолжете со борбата на вашите права. Со тоа што ги образувате младите ја креирате иднината на нашата земја. Е затоа вашиот труд треба да се награди, а не да се руга и да се споредува со трудот на хигиенишарки или неквалификувани работници. Ако изговор е светската криза, зошто владата не ги намали сопствените плати?
Од: Strajkot e FARSA - Cvetanovski e desna raka na Gruevski - sve e GLUMA
Датум: 01.12.2008 08:17:11
Mene ova mi lici na dogovor pomegu Gruevski i Cvetanovski. Borbata pomegu Muratovski i Cvetanovski za liderstvo na SONK trae veke podolgo vreme. Edna nedela pred Cvetanovski da go svika ovoj strajk Muratovski odrza miting na plostadot "Pela" od koj se vide deka na narodot "mu skisna" pa mozebi Cvetanovski se uplasi (a isto i Gruevski) deka Muratovski (koj teznee kon SDSM) ke go digne narodot i ke mu ja "lapne" liderskata pozicija pa ubrgu pocna i on so strajk SAMO za da go prigusi opozicioniot Muratovski
Од: kustos
Датум: 01.12.2008 08:36:41
Poddrska do kolegite uciteli i nastavnici vo osnovnoto i srednoto obrazovanie! Sramota sinojka vo 21 casot da se javuvaat takanareceni clenovi na soveti na roditeli da gi prakame decata vo uciliste bidejki bozem taka odlucile na Sovetot. Koj Sovet - na aktivisti na VMRO! So uceni na dogovordjiite! Aparthejdot zema zamav! Na zdravje
Од: asdi
Датум: 01.12.2008 08:53:44
kolku li si ja digna cenata ,Dojcine?
Од: Kire
Датум: 01.12.2008 09:49:33
Па со пет часа работно време и цело лето преседено дома, а најголем проблем е квалитетот на образование кое им го пружаат на нашите деца, јас не би им дал ни толку...Секоја година бараат покачувања, па нека се сетат сите коментатори, колку им даде покачувања претходната влада, а колку владата на Премиерот Груевски...Па луѓе, доаѓаат избори, комуњарите почнуваат кампања, како и во секое владеење на ВМРО, Муратовски и неговите полтрони (Полтрони на Бране), излегуваат на улица...Па нели е очигледно...А ако некој подобро размисли и и мисли добро на оваа држава, се наоѓаме во светска рецесија...
Од: Struzanka
Датум: 01.12.2008 10:13:28
So ogled na sevkupnata kriza,smetam deka voopsto ne e vreme za strajk.Ucenicite gubat mnogu poveke od parite na prosvetnite rabotnici.Zalosno e baranjeto-lugeto so visha skola da zemaat ista plata so onie so visoka ,toa e sram,ne treba da postoi vo baranjata.Inaku strajkot e neligitimen deka ne proizleze od osnovnite organizacii pa nagore tuku bese direktno nametnat od gore.
Од: „Наставник“
Датум: 01.12.2008 11:47:27
„Процес“-Каде ни оди образованието.Постојано реформи,но слаби резултати.Расчекор во соодносот на покажан резултат на матурските испити и успехот во тековната година.Се повеќе слаби ученици.Битна е дипломата-другото е грижа на „партијата на власт“.Порано во „Социјализмот“имавме подобри класови во целост,а сега подобри поединци.„Што е постаро„кокошката или јајцето“-со поголеми плати до подобро образование или...и што е приоритет.На крај Штрајк-оправдано,но децата биле жртви.Та и учителите и наставниците имаат деца-дали тие не се жртви и тие трпат во образованието,но и во домашната социјала.И тие како и сите имаат барања и неисполнети задоволства,кои прераснуваат во фрустрации...и се така во круг.оправданост за ШТРАЈКОТ.
Од: nevraboten ucitel
Датум: 01.12.2008 12:18:41
mala plata im bila 18000 a sto so nas nevraboteni za mene 18000 e amerika a sto so socijalnata pomos koja 18god nee pokacana......ova politicko maslo na sds.mislam pari treba da odat za bolni,nevraboteni,deca vo domovi,hendikapirani a ne za asdisani nastavnici koi baraat raskos i izobilstvo.
Од: VMK
Датум: 01.12.2008 13:43:12
Абре Дојчин доста ги лаже даскалите...незнам дали и тие сакаат да бидат лажени,или им одговара по некој протест,или пак и тие повекето се договорени...што може да се очекува од човек кој во општо не е искрен кој треба под хитно да се избричи да му се види фацата дека лаже...човек кој е полу србин...не македонец...па лажеш бре Дојчине,...само незнам дали ти веруваат...не мислам дека јас сум попаметен од нив.....даскалите мислам....
Од: Od Mene
Датум: 01.12.2008 13:56:50
Kade sme nie decata vo seta ovaa rabota? Nas nikoj nikogs ne ne ima prasano sto sakame i se sto se pravi se pravi zosto toa profesorite go sakale.Nie sme najosteteni vo cela ovaa situacija!Posle ke treba da ni namaluvaat od raspustot ili pak da ucime vo sabotite,ke ni gi tupnat site pismeni vo edna nedela i koga nie ke se pobunime tie ke ni kazat deka nie mozeme se.A kade se maturantite koi ke ja polagaat taa drzavna matura.Pa milsam redno e da se sovzemat malce i da slezat na zemja tie doticni profesori,ne se samo tie vo nasata zemja sto sakaat pokacuvanje na platite.Site znaeme deka nisto ne funkcionira kako sto treba vo ovaa drzava i se sto se pravi se pravi naopaku.Luge vaka nikogas nema da stigneme tamu kade sto sakame,samo se vrakjame nanazad!
Од: zagor te nej
Датум: 01.12.2008 14:55:49
Abe Ljupco propadna sansata da se rusi vlasta, ami se.. sto ke prajte? Ce ti kazam - ojte po zemjodelcine kandisuvajte gi da strajkuvaat , ama ne cekaj tie dobile subvencii, so da prajme sega??? A , mi tekna -kandisajte gi gej momcinjata od drzavava i tie se protiv vlasta ne im dava da sklopuvaat brakovi.
Од: Do Kire iProsvetarot i site daskali
Датум: 01.12.2008 16:21:53
Sum videl bik vrat od mavtanje da sine i cela krava zad grmuska da se skrie, ama vakvi mozaici kako vas ne sum procital.Ne daj boze da ve vidam ni mrsul ne bi frlil na vas.Grujo i da ve svekne ke vikate super e.So takvi kako vas a ve ima izgleda pobajagi Grujo ke nema gajle aMakedonija???

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Во 2009 година македонските граѓани без визи во Европската унија?