Лилјана Корубин
модна креаторка
Главната професионална активност денеска ми е насочена кон подготовката на еден дизајн во рамките на проект за еден наш дневен весник. Попладне се посветувам на гостите - човек од модата од Шпанија, кој сака да ја види мојата работа, за евентуална соработка, како и на внуката Теодора, дојдена од Канада.
Индира Кастратовиќ
ракометен тренер
Првата утринска задача ми е да ја однесам ќерка ми Сара на училиште. Потоа одам во Ракометната федерација на Македонија, во врска со утрешното отворање на Европското првенство во ракомет за жени, каде што треба да учествуваат две девојчиња од мојата ракометна школа.
Розе Трајчевска
модна креаторка
Денеска дома владее построденденско расположение. Вчера го прославивме првиот роденден на синот Јаков. Возбудата најдобро се смирува со работа, па денеска го подготвувам моделот за свадбен фустан на една моја пријателка. Остатокот од времето и секое меѓувреме е за домот и семејството. |