Број 2851  понеделник, 01 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен

Неочекувани вести во раните утрински часови ќе ве придвижат во акција. Ве очекува пораст на деловните и семејните обврски, па затоа водете сметка за времето. Ќе ве збуни студенилото и замисленоста на едно блиско лице. Денеска прво размислувајте, па зборувајте.

Бик

Денот ќе изобилува со пријатни доживувања и сознанија. Многумина ќе примат љубовна порака која ќе ја засили вашата самодоверба и верба во подобра љубовна иднина. Зад поканата за патување се крие нешто интересно. Сепак, држете го апетитот под контрола.

Близнаци

Скромноста и ненаметливоста ќе ви бидат од поголема корист отколку гласното истакнување, особено кога станува збор за пријателските и деловните односи. Внимавајте на себе, но и на здравјето на блиско и сакано лице. Пронајдете ја причината за вашата несоница.

Рак

Внимавајте да не бидете денеска вовлечени во некој судир, против вашата волја. Еден збор ќе биде доволен да ве прогласат за соучесник или дури и виновник за дела што некому му нанесуваат штета. Љубовниот партнер не го разбира вашето расположение. Претераната чувствителност е штетна за вас.

Лав

Едно женско лице, со кое инаку немате добри односи, ќе ви излезе во пресрет и ќе ви помогне да ги решите проблемите од финансиска или деловна природа. Оние во брак ќе мора да се приспособат на навиките и потребите на роднините на партнерот. Контролирајте го својот потрошувачки нагон.

Девица

Не губете ги нервите за детали, односно поради нечие туѓо однесување. Постојат околности и личности на кои засега не можете да влијаете. Подобро здивнете од работата и договорете се за вечерно излегување. Ќе ве развесели пријатно и насмеано друштво. Прифатете ја помошта од едно женско лице.

Терезија

Ако ги избегнувате семејните обврски, ќе се замерите со лице чијашто приврзаност ви е важна. Приватните обврски ќе ви одземат многу време. Олабавете се! Не може секогаш се' да тече според планот. Вечерта резервирајте ја за романтика. Не префрлајте ја вината врз другите.

Скорпија

Вашата немарност или заборавност ќе разлути еден член од вашето семејство. Ако веќе не можете да стигнете на време, не заборавајте да завртите на телефон и да им ја јавите промената на оние кои ве очекуваат. Една љубовна порака ќе ви го разубави утрото. Прифатете го туѓото мислење.

Стрелец

Ако веќе сте решиле да потрошите одредена сума пари за уживање, забава или облека, немојте потоа да имате грижа на совеста. Добро ќе се забавувате во друштво на колегите од работа. Ќе ви годи наклоноста и додворувањето на некој колега. Согласете ги финансиските интереси со блиските.

Јарец

Иако саканите лица ќе ви пречат кога станува збор за исполнување на материјалните интереси, воздржете се од коментари. Некој би можел да ви понуди деловна соработка или да ви помогне да ги завршите проектите врзани за домот. Со насмевка ги уривате сите пречки.

Водолија

Денеска ќе бидете некако забавени, уморни и поспани. Ќе се обидете да избегнете некои обврски и да ги одложите договорите. Најсреќни ќе бидете меѓу своите четири ѕида, уште повеќе ако покрај вас се најде лице со кое ќе создадете романтична атмосфера. Не заморувајте се со гласиштата.

Риби

Ваше блиско лице ќе биде многу нервозно. Многу време ќе потрошите разговарајќи со него за проблемите што го мачат. Ќе ве развесели една случајна средба по пат. Финансиската ситуација накратко ќе го одложи исполнувањето на плановите. Со прошетка истерајте ја нервозата.
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ