|
|
|
|
|
|
МТ со раст на интернетот и телевизијата
Компаниите „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ ги објавија финансиските резултати од работењето за првата половина од 2011 година, кои покажуваат дека двете фирми одржуваат водечка позиција на пазарот во фиксната и во мобилната телефонија. Но, како резултат на силната конкуренција и зголемената понуда, пред се', во делот на мобилната телефонија, во текот на првата половина од 2011 година приходите на ниво на групација се намалени за 9 отсто во споредба со истиот период во 2010 година.
Приходите на „Македонски телеком“ од говорни услуги се намалени како резултат на опаѓање на бројот на корисници за 8,5 отсто, што резултира со база од 324.000 корисници на крајот од јуни 2011 година, како и поради намалувањето на појдовниот сообраќај за 3,9 отсто во споредба со истиот период лани. „Македонски телеком“ бележи голем раст и развој и во делот на дигиталната телевизија. Иако со ИПТВ-услугата влезе како предизвикувач на пазарот на кој доминираа кабелските оператори, сепак, како резултат на високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ-доживување, успеа да го зголеми бројот на ИПТВ-корисници за 60,4 отсто споредено со истиот период за минатата година. Па така, на крајот на јуни, компанијата достигна бројка од вкупно 34.000 корисници на ИПТВ-услугата.
„Доколку се земат предвид макроекономските движења, економската моќ на граѓаните, како и силната конкуренција на пазарот во делот на фиксната и мобилната телефонија, интернетот и телевизијата, остварените резултати за првата половина од 2011 година се во рамките на очекувањата. И покрај падот на приходите од говорни услуги, сепак, бележиме значителен раст во сегментот на интернетот и телевизијата“, изјави Даниел Сас, главен извршен директор на „Македонски телеком“. (Ек.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 804 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ТМОБИЛЕ-МЕГА-Корумпиран Монопол најскап и најпокварен во свет |
Датум: 13.08.2011 09:16:58 |
|
Е па кажете ги крајните сумарни резултати, а тие се дека има 15% пад на нето профитот во споредба со лани само за 6 месеци, а тоа се околу 40 милиони евра помалку! Не кажувајте дека имате 100% зголемување на ИТ ТВ претплатници, од 40 на вкупно 80, туку кажете колку ви избегаа и мигрираа во ВИП и колку ви откажаа фиксни телефони, затоа што се уште сте монопол, затоа што немате сенс за флексибилни цени, затоа што немате никакви модели да привлечете нови корисници, затоа што копирате СВЕ што ВИП ќе донесе на пазарот. Со ваков менаџмент и со ваква политика, и со толкава ефтина конкуренција од другата страна, ич на умов не ми иде кој се уште со вас црна волна преди и ваши услуги користи! Луѓе свестете се, другите два мобилни оператои нудат услуги што се прифатливи за секого и без финти, видете ги само скриените финти на овие глодачи од ТМобиле што ги пишуваат со мегамали букви најдолу на нивните реклами и заминете веќе еднаш од нив! Јас 4г. сум надвор од ТМобиле и мин.50%ја намалив сметката |
|
|
|
|
|
|
Од: bitolcanec |
Датум: 13.08.2011 10:38:31 |
|
sekoj koj sto ne e zadovolen od t-home moze da go napushti i da si bira kaj sto saka.no jas su korisnik na 3 max paketot i sum PREZADOVOLEN i od cenata a sekako i od kvalitetot.
Posebno mozam da go pofalam personalot vo salonot na T-home vo Bitola na shirok sokak koi me ubedija deka navistina ke bidam zadovolen od 3 max paketot.
Mu go preporacuvam i na drugi so ogled deka takov kvalitet na tv nema nikade |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 13.08.2011 20:43:00 |
|
Катастрофа се ама што се може кога се уште држат монопол во некои делови од Македонија.Посебно во интернетот.Кога би имал можност одма биги напуштил.Еве со мобилен сум во ВИП и сум презадоволен,А не на овија најевтин пакет интернет неми треба ништо друго плаќам,1260 денари тоа е брука ама тоа е. |
|
|
|
|
|
|
Од: kocancanec |
Датум: 13.08.2011 21:44:03 |
|
Jas imam 3max paket od makedonski telekom i sum prezadovolen kako od kvalitetot , taka i od cenata , a posebno od tehnickata sluzba koja sto sekogas intervenira vednas koga ke prijavam problem. Za razlika drugite operatori treba da gi cekas so denovi da interveniraat , a prasanje e i dali voopsto mozat da go resat problemot. No sepak kako sto rekol Narodot ,,sekoj voz si ima svoj patnik,, pa taka i sekoj operator ke si ima svoi korisnici spored kvalitetot. |
|
|
|
|
|
|
|
|