Број 2710  четврток, 12 јуни 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Пречките во трговијата нема да ја решат кризата со храната

Потребни се повеќе капацитети и помош во развој на фармите во неразвиените земји

Кризата со храната нагласи две работи околу иднината на трговската размена на земјоделски производи. Првата е дека се' поголем број од населението, повисоките приходи и промените во исхраната ја зголемуваат глобалната побарувачка за храна побрзо отколку што земјоделците може да произведат. Втората е што поставувањето нови пречки за трговијата со земјоделски производи на оваа пренаселена планета не е начин за решавање на проблемите. Соочени со таква криза, треба да постои само еден императив: да се осигура дека никој нема да остане гладен. Нашиот прв одговор треба да биде да се достави храна онаму каде што таа е најпотребна. Во ова, Европа има своја улога, доставува десетици милиони тони помош во храна и е подготвена да даде уште повеќе.

Но, исто така, од големо значење е и решавањето на подлабоките проблеми меѓу понудата и побарувачката. Треба да се донесат вистински одлуки, бидејќи некои луѓе можат лесно да направат погрешни чекори. Веќе некои политичари во Европа и од други делови на светот преколнуваат за „обезбеденост со храна“, како аргумент за повисоки царини за земјоделските производи и за заштитени пазари. Некои сугерираат подготовка за еден вид земјоделски субвенции што ја деформираат трговската размена, а Европа ги напушти во нејзините успешни ЦАП-реформи во 2003 година. Во едно глобално време, обезбеденоста со храна може да има смисла само на глобално ниво. Европските ЦАП-реформи го препознаваат тоа. Нема секоја земја капацитет да произведе доволно храна за сопственото население. Политиките што тежнеат кон обезбедување храна преку спречување на извозот и на фармерите да излезат на меѓународните пазари, сигнализира охрабрување да се произведува повеќе за се' поголемите пазари. Тоа доведува до глоба��но зголемување на цената на храната со ограничување на понудата. За земјите кои се ориентирани само кон увоз на храна, како поголемиот дел од Африка, катастрофални последици има прекинот или зголемувањето на цените на увезената храна. Во реалноста, на глобалната економија и' требаат две работи. Прво, поголеми производствени капацитети, преку подобра искористеност на земјата и подобрена наука за посевите. Фармите во најсиромашните делови од земјите во развој треба да се развијат . Тоа значи ѓубриво, подобрена технологија и инфраструктура за доставување на производите до пазарите. Второ, има потреба од динамични земјоделски пазари што ќе ги охрабрат земјоделците да ја подобрат продуктивноста и да одгледуваат онолку колку да го задоволат растечкиот светски пазар.

ЕУ ги укинува увозните давачки за целиот извоз, вклучувајќи ги и земјоделските производи од африканските, пацифичките и карипските земји и од сите 50 најсиромашни држави, со што на големо се инвестира во помагањето на нивните земјоделци да произведуваат за европскиот пазар. И другите развиени земји треба да го направат истото тоа. Најзаштитени земјоделски пазари во светот не се во развиените земји, туку меѓу земјите во развој. Понекогаш нивните царини го заштитуваат опстанокот на земјоделците. Меѓутоа, тие често се испречуваат на патот на формирањето регионални пазари кои би можеле да поттикнат поголемо земјоделско производство и продуктивност. Договорот во Доха на Светската трговска организација би бил еден чекор кон отворање на овие пазари и креирање нови можности за земјоделците. Со зафаќањето за формирање регионални пазари, економските партнерски договори на Европа со африканските, пацифичките и карипските земји се обидоа да одговорат на истите проблеми. Сиромашните земјоделци повеќе нема да бидат принудени да се натпреваруваат со субвенционираните производи од богатите земји. Вистината е дека реформите во областа на субвенциите во богатите земји значат дека урбаните потрошувачи во земјите во развој повеќе нема да користат евтини производи од побогатите земји. Но, субвенционирањето на нашите фармери за претерано производство и за складирањето на вишокот производи во земјите во развој е економски ирационално. Треба да се задоволат краткорочните потреби низ помош и инвестирање во поголема продуктивност на фармите во земјите што заедно со зголемената глобална понуда на крајот ќе доведе до намалување на цените.

(Интернешенел хералд трибјун)


Статијата е прочитана 215 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Владата сака да реализира ветувања со дивиденда од „Телеком“
„Џонсон Мети“ доцни два месеца со темелите на фабриката во „Бунарџик“?
Падови и слаба ликвидност на Берзата
ОТЕ потврдува дека „Космофон“ не се затвора
Пелагонија пред нова жетва
„Виталиа“ на ЕБРД-форумот за Западен Балкан
„Аустрија ерлајнс“ бара стратегиски партнер
Словенија и Австрија ќе учествуваат во гасоводот „Јужен поток“