Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Писма

Шубашиќ сакал да исели 100.000 Македонци од Егејска Македонија

Душан Синадиноски, Детроит

Во почетокот на 1945 година сојузничките сили Британија, САД и СССР биле силно заинтересирани за иднината на Македонија. Но, не затоа што тие сакале да создадат слободна и независна Македонија, туку поради своите поединечни геополитички интереси. Затоа дипломатски служби на овие земји не само што биле во постојана и интензивна врска со владите на Југославија, Бугарија и на Грција туку тие една со друга се надмудрувале која од нив ќе успее да им го подметне на другите својот план. Како заврши таа дипломатска игра за иднината на Македонија? Она што останува несфатливо и ден-денеска е тоа што Иван Шубашиќ, тогашен министер на Федеративна Југославија, имал намера присилно да го исели целокупното македонско население од Егејска Македонија, за кое тој мислел дека брои околу 100.000, со што би се разрешило „македонското прашање“, што било голем проблем за развој на добрососедски односи меѓу Грција и Југославија.

Тие дипломатски надмудрувања за иднината на Македонија во овој период се многу убедливо опишани во дипломатските преписки кои во почетокот на 1945 година се вршеле помеѓу американските и англиските дипломатски служби. Тие дипломатски преписки за време на Втората светска војна биле шифрирани како тајна, но сега се достапни за јавноста и се дел од архивата на американската дипломатска историја, која се чува на Универзитетот во Висконсин.

Големите сојузнички сили, во принцип, не биле против создавање на македонската држава, но тие не се согласувале меѓу себе како да изгледа идната македонска држава. СССР ургирал за присоединување на македонските територии во состав на федерална Југославија, додека, пак, САД и Велика Британија не сакале соединување на македонските територии, затоа што тоа не и' било од корист на Грција. За да се спречи планот за соединување на македонските територии, главната дипломатска улога за иднината на македонската држава во свои раце ја презела Велика Британија. Впрочем, таа им диригирала на САД каков да биде нивниот став во однос на Македонија. Таквиот супериорен однос на Англија спрема Америка сигурно може да се види и во телеграмата што била упатена до американскиот државен департмент од Барнес, американски дипломат во Софија, на 26 јануари 1945 година, а со чија содржина била запозната и бугарската влада:

„Владата на Неговото величество не е на мнение да се одобри формирање ексклузивна федерација меѓу Југославија и Бугарија. Но, ние сме подготвени да се согласиме со федерација на сите балкански држави составена од сегашните сојузници и од нивните непријатели, а со можност за вклучување и на Турција во неа. Исто така, Неговото величество силно се спротивставува на создавање голема Македонија, во која би била вклучена и територијата под Грција, но ние сме подготвени да ја одобриме идната македонска држава во состав на Југославија… Неговото величество става до знаење дека секое присоединување на територија од Бугарија со југословенската федерална држава Македонија без согласност на ОН ќе се смета за акт за кој Неговото величество е со мислење дека бугарската влада нема право да го стори тоа“.

Оваа британска закана против соединување на македонските територии под Грција и Бугарија државниот департмент на Америка ја прифатил како свршен чин, иако САД биле со став дека желбата на локалното население треба да се почитува. Во телеграмата од 24 февруари 1945 година до британската амбасада во Вашингтон, американскиот департмент одговорил дека „САД се со позиција дека постојните предвоени граници на Југославија, Бугарија и Грција во однос на македонската територија треба да се почитуваат како полноправни и каква било нивна ревизија единствено може да се изведе со почитување на желбата на населението и со меѓународна поддршка, во рамки на повоената мирољубива поделба“.

Како што се гледа тука, САД во принцип биле да се почитува желбата на локалното население, но тие сепак попуштиле под притисокот на британската влада и го прегазиле принципот на сопствениот политички дух да се почитува желбата на народот, па и' дозволуваат на Британија да ја скрои политиката на Балканот по своја мерка. „Американската влада се согласува“, стои во истата телеграма, „со погледот на британската влада дека не постои легитимна база за поддршка на Македонија, било да е тоа за независна и самостојна држава, како дел од Југославија или пак дел од големиот словенски сојуз, да и' се даде територијата под Грција со објаснување дека таа територија е македонска“. На овој начин Велика Британија успеала да ја придобие Америка за да го заштити своето милениче Грција.

Овој британски притисок врз сојузниците, како и врз Југославија и Бугарија, силно го растресол југословенско-бугарскиот план за соединета Македонија во федерална Југославија. Британското политичко влијание врз иднината на Македонија и македонското население под Грција, за жал, успева да ја легитимизира поделбата на Македонија. Тоа се гледа кога тогашниот премиер на Југославија - Шубашиќ, на еден дипломатски прием му го објаснил ревидираниот југословенски план за Македонија на американскиот политички советник Александар Ц. Кирк, кој бил стациониран во Сојузната воена команда во Европа. Овој американски дипломат во телеграмата од 26 февруари 1945 година, која ја испратил до американскиот државен секретар, вака го опишал планот на Шубашиќ за Македонија: „Тој рече дека не е на мислење оти ќе постои неизбежен проблем со Македонија… Тој рече дека никој не ја оспорува желбата за слободна Македонија во Федеративна Југославија. Тој исто така објасни дека и Бугарија нема да се спротивстави на овој план, а тврдеше дека и прашањето со грчка Македонија нема да претставува поголем проблем. Тој рече дека во грчка Македонија живеат околу 100.000 Македонци, кои би ги иселиле во југословенска Македонија и така би се решил проблемот со Грција“.


Статијата е прочитана 1696 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 15.12.2008 00:22:05
Demek narodno kazano, sto bi rekle vmrovcite, anglicanite i amerikancite bile golemi komunjari !
Од: Marx
Датум: 15.12.2008 01:20:22
Potrebno e da se istrazuvaat arhivite na golemite sili. Tie ja krijata vistinata za Makedonskata podelba/sudbina. Se nadevam deka gospodinot Dusan ke prodolzi da istrazuva. Ako uspeme da go preziveme posledniot Bugarski propaganden bran( sekako podrzan od DPMNE) ke se doznae visitnata. So dusa go cekam denot koga Sofija ke ja promeni oficijalnata bugarska istorija. (citaj propaganda, istorijata se sepak nauka)
Од: marjan-viena
Датум: 15.12.2008 02:11:16
filip,mazot na onaa kralicata elizabeta e grk,i normalno deka anglicanite ke gi stitat grckite interesi. taka bilo togas,taka e i denes,vo sporot so imeto.
Од: Dr.Stojadin Naumovski - Detroit
Датум: 15.12.2008 03:18:22
Ubavo e sto M-r Dusan Sinadonovski se pogrizil da istrazi del od spomnatoto prasanje sto se odnesuva na istorijata i segasnosta na Makedonija. Ne smee pritoa da se zaboravi na vremeto koga e postavuvana granicata pomegju Jugoslavija i Grcija ( posle Prvata Svetska Vojna) istoto prasanje e debatirano vo US Congress koga od strana na eden kongresmen se spomnati "50,000 Makedonci" koi trebalo da bidat dislocirani. Istata recepta se cini i denes nepreceno se upotrebuva vo teritorijata sto do neodamna bese okupirana od UCK i e podlozena na neprecena Abanizacija i Kosovizacija i kade nekazneto se potvrduva etnicko cistenje i genocid vrz Makedoncite. Da ne se zaboravi i podelbata na Jugoslavija na Jalta ( Slovenija, Hrvatska i Bosna na Zapad, a ostatokot = plus Makedonija na Rusite), posle e gragjanskata vojna vo Grcija, Informbiro i se razabira formiranjeto na NATO, posle zaednickata akcija na Anglija, SAD i Francija vo Grckata gragjanska vojna na stranata na Grcija!
Од: Tvrtko 1
Датум: 15.12.2008 07:09:54
E kleti makedoncinja. Koga ednas ke svatite deka sekogas drugi ni ja krojat kapata. Ako ja nemate procitano "Stvaranje islamske republike Nemacke", kniga od srpski novinar Dejan Lucic napisana 1992 godina, togas vi ja preporacuvam da ja procitate, za da vakvi raboti koga ke procitate vo vesnik ne ve cudat povece. "Masons" control the world
Од: Kiril Blagoevski
Датум: 15.12.2008 16:35:08
Grcija e britanska kolonija.No demokratska Makedonija e pogolem prioritet od Socijalistichka Jugoslavija.Problemot e vo Rusija koja togash odbiva Makedonska drzhava i posakuva Jugosloveska drzava so Komunistichki vrv.T.E da ne postojat Makedonci i Makedonija nego Jugosloveni koj se sloveni a nikako Makedonci ,i normalno kako sloveni oni imaat pravo da gi vladeat.Vojnata beshe komunizam protiv demokratija.Tuka padnaa Makedoncite koj bea zhrtva na ovaa presmetka.Vo Jugoslavija se sluchi chistka edna godina porano i direkten atak vrz makedoncite od strana na sovetite so Srbskite komunistichki sili.Chento zavrshi vo zatvor ,a oni je pogrebaa Makedonija.Vtoro poluvreme beshe upadot na komunistite vo makedonskite cheti vo egejska Makedonija koj gi razbija Makedoncite od pozadi grb zaedno so grchkite komunisti.Tie go napravija genocidot i so pushka u chelo gi nateraa na grchki front.Anglichanite ja branea demokratijata i se borea protiv grchkite komunisti a ne protiv Makedoncite.
Од: blagoj ungar
Датум: 15.12.2008 16:53:36
Pisi UK,citaj VINSTON CERCIL,grobarot na Makedonija.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма