Број 3312  понеделник, 21 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп
Хороскоп


Овен

Успешно се носите со ситуацијата и ги совладувате сите препреки. Проблем може да имате доколку претерате со критикување и доколку не ги сведете активностите на разумна мера. Се' уште не е вистински момент за донесување конечни одлуки.



Бик

Ви недостасува издржливост и упорност за да се борите со предизвиците. Тоа е и една од причините за вашето незадоволство. Уште кога на тоа ќе го додадете настојувањето на партнерот да ве направи љубоморни... Тешете се, ситуацијата е променлива.



Близнаци

Работата и здравјето се тема на денот. Незадоволството во врска со тоа денес е неизбежно. Се советува одмор со оние работи што го подобруваат расположението. Насочете се кон нова љубов, старата помалку ви здодеа. Бидете внимателни.



Рак

Сите случувања се врзани за домот. Одлично се чувствувате, а причина за тоа е едно важно случување што би требало од корен да го промени вашиот живот. Конечно, по долг период, и вие ќе доживеете голема радост. Внимавајте на здравјето.



Лав

Изненадни случувања внесуваат позитивни промени во вашиот живот. Заслуживте и вие малку да се релаксирате по толку стресови и обврски. Ви здодеа да им бидете на услуга на сите. Патување или изменет пристап на проблемите внесува малку живост во вашето секојдневје.



Девица

Подгответе се за пат. Од наредните случувања многу очекувате. Се советува надежите да ги сведете на разумна мера доколку не сакате да се разочарате. Доволно ви беа непријатности, подгответе се за нови предизвици. Љубовта и натаму ве грее.



Терезија

Каде се изгуби вашиот оптимизам? Сетете се дека сте биле и во полоша ситуација, па сте опстанале. Потрудете се да ги намалите обврските и материјалните вредности да ги промените со духовни. Ќе бидете среќни и задоволни, но само доколку партнер��т ве остави на мира.



Скорпија

Постојано сте намуртени и напнати, а немате видливи причини за тоа. Употребете ја својата моќ за да ја совладате ситуацијата и да го зачувате она што ви е најпотребно, здравиот разум. Во овој период најважно од се' е да внимавате на здравјето.



Стрелец

Вредни сте и конструктивни, никој и ништо не може да ве исфрли од колосек. Одлично функционирате благодарение, пред се', на вродениот талент за сите луѓе и околности да ги ставате на прво место. Потрудете се да ги средите проблемите со партнерот.



Јарец

Одличен ден за уметност, а лош за практични работи. Ситуацијата е едноставна. Доколку се фокусирате на работата и на парите, ќе имате проблеми, бидејќи ситуацијата не е розова. Избегнувајте ладни напивки и сладолед. Можни се проблеми со грлото.



Водолија

Дружењето со Лавови ви годи. Ве очекува фатална средба од која не треба да се возбудувате, напротив, уживајте во неа. Избегнувајте физичка работа, можни се проблеми со срцето. Добивате заслужено признание, но не и пари.



Риби

Извесна ситуација бара изолација. Можеби доб��о би ви дошло дистанцирање од се', но не и од блиските што можат да внесат динамика во вашиот живот. Партнерот може многу да ве изнервира, а тоа многу ќе влијае врз вашето расположение.


#
Најди! во Утрински