Што прават денеска
Кирил Колемишевски
адвокат
Целиот ден ми е исполнет со голем број состаноци во адвокатската канцеларија. По завршувањето на работното време, секојдневна опсесија деновиве ми се фудбалските натпревари. Во некое од скопските кафулиња во вистинска атмосфера ќе уживам во најважната работа на светот.
Лени Партикова-Ременска
музичар
Точно една недела откако правевме свадба, па со сопругот Ѓоко се' уште ги гледаме сликите и касетата. Во план ни е да одбереме дестинација за меден месец - треба да е романтично и убаво и на него да се сеќаваме цел живот. Одиме по туристички агенции, а потоа во шопинг за да се снабдиме со се' што ќе ни притреба.
Татјана Петровска
водител во МТВ
Денес ми е еден од поангажираните понеделници. Ме очекуваат подготовки за емисијата „Патувај песно“, за „Отвореното студио“ в среда. Многу контакти, договори. Морам да најдам еден-два часа за моите партиски активности во Обединети за Македонија. Се надевам дека денот ќе биде убав и пријатен, па ќе ме натера во вечерните часови да си поминам убаво со најсаканите. |