Број 2859  четврток, 11 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

Пресудата одекна како политичка бомба

Опозицијата е убедена дека станува збор за монтиран процес, ВМРО-ДПМНЕ молчи

Оливера Војновска

Затворската казна од 3,5 години која судот му ја одреди на поранешниот премиер Владо Бучковски поради набавките на резервни тенковски делови вчера беше топ-тема во македонската јавност. Пресудата на Бучковски неизбежно се коментираше во разговорите во Собранието, меѓу граѓаните, новинарите, во кафеаните на улица „Македонија“ во Скопје...

Опозицијата е убедена дека станува збор за монтиран политички процес во пресрет на изборите, а во коментарите речиси сите констатираа дека се прави сензација, поради што „имаат горчлив вкус“. Во некои политички кругови се прогнозира дека „ова е порака за нови апсења и заплашувања“.

Сопартијците на Бучковски вчера заедно со него се симнаа во собраниската сала за да присуствуваат на свечената седница посветена на човековите права. Сепак, на социјалдемократите им требаше многу време за да излезат со реакција, цел ден се договараа и последни од опозиционерите дадоа изјава за пресудата.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ се воздржа од официјална реакција, но во неформални разговори со новинарите коментираа „секој кој се огрешил од законот, нека си одговара, макар бил и од нашите редови“. Нивниот коалициски партнер ДУИ најави изјава, па се откажа.

Во попладневната изјава социјалдемократите вчера изразија жалење што ова му се случува на поранешен премиер, министер за одбрана и претседател на СДСМ. Во СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ со своите потези не создала атмосфера за фер судење. „Напротив, Владата на ВМРО-ДПМНЕ создаде амбиент при што пресудата во јавноста беше изречена пред да го стори тоа судот. Имајќи предвид дека оваа судска одлука не е конечна, искрено се надеваме дека во најавената жалбена постапка Апелациониот суд исклучиво ќе суди слободно, согласно со доказите, фактите, законот и правдата, ослободен од политичките притисоци. Донесената одлука само во една таква постапка СДСМ ќе ја почитува. Свесни за намерите на власта во пресрет на изборите, СДСМ уште еднаш апелира до сите надлежни институции во своето функционирање да се водат исклучиво од начелата на законитост и непристрасност“, изјави портпаролот Емилијан Станковиќ.

Според поранешниот министер за одбрана, Јован Манасиевски, кој на оваа функција беше во времето кога Бучковски беше премиер, македонското судство е под силен, неиздржлив притисок на извршната власт. Потсетувајќи на големата помпа со случајот со армиското оружје, за кој Врховниот суд целосно ја поништи пресудата, Манасиевски заклучи дека овие процеси се водат со големи аномалии. „Поентата е повеќе на политичката сатанизација и на освојување трофеи отколку водење реални судски процеси. Така што оваа пресуда ја сфаќам како потреба за трофеј на Владата“, изјави Манасиевски.

За разлика од Манасиевски, неговиот поранешен колега во Владата, актуелниот министер за економија, Фатмир Бесими од ДУИ, вчера не сакаше да даде никаков коментар и ги одбегна новинарите.

Од редовите на ДУИ само пратеникот Џеват Адеми, кој своевремено беше политички осудуван, се согласи да каже нешто во врска со пресудата за Бучковски. Искажувајќи го личниот став, тој кусо прокоментира: „Имам чувство на огорченост, ова не е добро за државата“.

Двајцата поранешни претседатели на Собранието, либералот Стојан Андов и лидерот на НСДП, Тито Петковски, во пресудата на Бучковски гледаат политичка заднина. „Целиот настан не' води во една многу непријатна ситуација. Внимателно го следев целиот процес, очекував ослободителна пресуда и изненаден сум со оваа ригорозна пресуда. Нашата состојба со судовите е таква што е можно да имало политички притисок“, ни изјави Андов.

Петковски имал „непријатно чувство“ бидејќи, како што вели, кај нас се' се политизира и мириса на партизација на институциите или меѓупартиски пресметки. „Немам никакви елементи врз основа на кои можам да размислувам дека одлуката не е заснована врз основа на закон, но контекстот во кој се носи одлуката и начинот на кој се водеше целата постапка оставаат впечаток дека се работи за партиска пресметка, а не за чесно и правично судење“, смета Петковски.

Случајот со пресудата на Бучковски е интересен и поради фактот што тој е еден од ретките премиери, не само на Балканот туку и во Европа, кој бил осуден со казна затвор. Може да се наведат малку вакви примери. Поранешниот италијански премиер Бетино Кракси во 80-тите години на минатиот век доби затворска казна во отсуство. Но, никогаш не ја отслужи бидејќи претходно пребега во Тунис, земја со која Италија нема договор за екстрадиција. Некогашниот германски канцелар Хелмут Кол беше казнет, но парично - да врати пари за кампања. Афера за корупција при продажба на хеликоптери имаше и поранешниот министер за одбрана на Белгија, Вили Клас, кој поради тоа мораше да ја напушти и функцијата генерален секретар на НАТО. Повеќекратниот италијански премиер и доживотен сенатор, Џулио Андреоти, повеќе години беше на обвинителна клупа поради врски со мафијата. Со тешки обвиненија за корупција и поткуп се соочи и поранешниот романски премиер Адријан Настасе, процесот е актуелен веќе неколку години, но, сепак, како што известуваа тамошните медиуми, во август годинава парламентот не дозволил да се отвори судски процес.

Експремиерот смета дека процесот бил егзекуција

Експремиерот Владо Бучковски, како што вели самиот, „еден ден потоа чувствува голема горчина“ поради пресудата, која ја нарече егзекуција. „Илјадници пријатели, партиски другари, колеги се јавија за да ми кажат да издржам и да верувам во правната држава. На своја кожа почувствував како функционира кај нас правната држава. Денес, кога го славиме Денот на човековите права, почувствував дека во нашата држава нема елементи за правично и фер судење. Тоа е голема горчина не како пратеник, туку како професор по право“, изјави Бучковски.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека и покрај исходот од судењето, не се кае што е еден од малкутемина функционери кој се појавувал на сите рочишта. „Уште во почетокот на случајот некој се обиде, без присуство на јавноста и без мое присуство, да ми го одземе пратеничкиот имунитетот. Всушност, Владо Бучковски беше осуден уште на 1 август минатата година, сето ова беше само егзекуција. До последен момент верував дека имав коректно однесување од Судскиот совет и од судијата, се' до завршните зборови. Нашиот оптимизам го градевме врз основа на тоа што Обвинителството собра храброст и повлече дел од обвинението, што навестуваше дека ќе имаме ослободителна пресуда. Но, очигледно викендот некој друг ја напиша пресудата. Само за 60 секунди да се осудат петмина обвинет�� е голем срам и скандал за Македонија“, рече Бучковски.

Тој има разбирање за тоа што вчера до доцна попладнето немаше реакција од неговата СДСМ. „ Ги координираат сите активности и, за волја на вистината, уште во 16 часот Зоран Заев и Игор Ивановски први дојдоа во мојата канцеларија на Правниот факултет за да ми дадат поддршка“, изјави Бучковски.


Статијата е прочитана 2708 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 11.12.2008 00:22:16
mislam deka istragata za buckovski trebase da bide prosirena i ispitana negovata imotna sostojba moze bi sega nema da dava takvi izjavi deka taa presuda e politicki, kakva politicki ne go sudese gruevski go sudese sudot na makedonija, a on si ima pravo na poplajka kaj pogolemiot sud, ali sepak treba da znae ako imal golema funkcija treba da ima i odgovronost, edno se uste me cudi i se prasuvam zar nema korupcija i kaj drugiot blok ili oni se zastiteni so nivnite prava kako nedopirlivi.
Од: allex
Датум: 11.12.2008 00:24:38
tazno e sto site investicii na ovaa vlada se vsusnost na Buckovski.Tocno e deka negovata vlada dobi kandidatski status, deka USA ne priznaa pod ustavno ime. E ako e vinoven neka lezi, ama... Deka ne tupat ovie so nacionalizam i deka se obiduvaat da ni perat mozok i toa e tocno, dek apravat cirkusi za da ispadnat heroi i toa e tocno.se plasam deka i Bucko e del od cirkusot. A sakav Evropska vlada i Evropski politicari.Ama nema. Samo nie ke go "krkame " koga ke se razotkrijat Vmrovcinjata. Togas ke zboruvame za nekoi drugi raboti a ne za Evropa i vizi itn.. Sega ke ne ubeduvaat deka site ne mrzat, a nie vsusnost sme najpametni..potomcite na....neli, Toa e , bar da videv nekoj drug so nekakva ideja, so nesto sto bi mi dalo nadez, ama i toa nema
Од: novoselec
Датум: 11.12.2008 00:32:13
takvi ministri za odbrana i primieri šo pravat golemi kriminal i kako bućko toa se pari od makedonskiot narod vo svetot gi osuduvat i progonuvat od državata a i završuvat vo nesreka a stojan andov i tito što go branat ništo podobri ne se od bućko a B C gi abolira anti korupcijata sakat da ja vratat nazad SRAMOTA
Од: anonimen
Датум: 11.12.2008 00:42:57
Ne kometiram sudski odluki , no neli e simptomaticno sto istite advokati gi gledame vo 99% od slucaite za korupcija i za site svoi klienti velat deka se nevini i deka se raboti za politicki konstruirani i montirani slucai. Ovde bi trebalo i rss da ja razgleda povrzanosta megu advokatite i odredeni sudii.
Од: Viktor
Датум: 11.12.2008 01:23:17
Sto mislat partiite znaeme, nema potreba da gi objavuvate nivnite reakcii. Sto mislat nezavisnite novinari, koj e stavot na novinarite sto se bavat so istrazuvacko novinarstvo? Vie im gi postavuvate prasanjata na vlasta i na opozicijata, no i samite treba da imate uvid vo argumentite. Buckovski e sampion na korupcijata, no site sto bea vo vlasta, pred poslednava vlada imaat dosie na korupcija. Od pomalo znacenje e zosto tokmu Buckovski? Zosto ne?
Од: Stalin
Датум: 11.12.2008 01:49:07
Dali samo ima potreba od vakvi statii vo vesnicite. Ve molam nemojte da go branite nekogo koj napravil kriminal i ja ostetil drzavata za mnogu pogolema suma vo odnos na sumata sto bese suden. Taka da toa sto si baral si nasol i samo napred site politicki kriminalci da se iznesat pred sudot pa makar i da ima politicki pritsok od segasnata vlas. Kako do sega nikogas da nemalo politicki pritisok. Sepak malku bil osuden, i teba se da mu se kofiskuva i nikogas poveke da ne mu bide dozvoleno da se vrati vo politikata. Pozdrav do korumpiranata vlast sto stava vistinski kriminalci vo apsana. A site onie od politickiot vrv koj ja osuduvaat ovaa presuda bi sakal da gi zaprasam dali i tie imaat da stravuvaat od nesto?
Од: Leka
Датум: 11.12.2008 02:08:21
ke pomine i ova ...cudata tre tri dena.
Од: do novoselcive
Датум: 11.12.2008 02:32:54
e mali patriotchinja site zaedno nemaat koef na intelegencija kako buchkovski. dodeka toj sobirase uspesi na megunaroden plan vie zneete samo shamari. ne gleam kako patriotchinjava ne im smeta sto dzemaili zima pari od sobranie kako nagrada sto graviral grbovi na nevini, ne gleam deka vi smeta sto ljubco mentorot staninov dalaverski paunoski muva ne gi lazi, ili moze da propeat. vazno ni buckovski ni majkamu ima 4 stana
Од: od daleku
Датум: 11.12.2008 04:35:18
E tesko e koga nekoj ke se osudi od nivnata partija a kako ni bese nam od drugata strana koga ne osuduvaa bez pricini za da ni go zemat rabotnoto mesto. Eve jas sum eden od niv nepravedno osuden i morav da odam vo stranstvo za parce leb i da zapocnuvam se od pocetok. Se ke im se vrati na site kako bumerang.
Од: maximus
Датум: 11.12.2008 04:52:43
Montiran proces....Pa, ogromen procent od sudestvoto se uste e nivni kadar.Ne gospoda,drugari... Ako se potvrdi vinata da si gi snosi posledicite .Pred zakonot sme site isti.Gledajte kako se pravi toa vo Ilinois,SAD.Rod Blagojevic ,guvernerot moze da lezi i do 20 godini.Ne se krivi nitu sudiite ,nitu VMRO DPMNE,nitu DUI ili DPA.Ednostavno zloupotreba na funkcijata i tocka.
Од: rejting-presuda - planirano.Grujo znae deka na Apelacioniot sud Bucko ke bide osloboden
Датум: 11.12.2008 05:19:14
Sve se vraka i sve se plaka, ke dojde den koga i na Grujo ke mu se sudi. Toj sega presuduva zatoa sto e na vlast no brgu ke mu projde vlasta pa togas nek mu misli. Ova e montiran slucaj, presmetka so opozicijata. Vidlivo e deka SDSM na Gruevski mu e noken kosmar pa site bi gi zatvoril za da nema opozicija zosto e smrtno uplasen od narednive izbori. Rejtingot mu paga pa mora da apsi i presuduva za da se odrzi na vlast jer on drugacije i NEMOZE da opstane na vlast. Sekogas koga e kritikuvan od nadvor, sekogas koga ke ukaska nesto, sekogas koga EU ke mu udri slakanica i SEKOGAS koga mu skripi vlasta rejtingot ili loso srabotil za drzavata ili pred izbori togas Grujo apsi presuduva osuduva za da go pokrie loso srabotenoto, da go pokrie PREDAVSTVOTO. No cisto sumnjam deka Bucko ke lezi zatvor. Grujo znae deka ke bide osloboden na Apelacioniot i deka presudata e radi reda kolku da si krene rejting pred narodot demek ete on gi apsi "lopovite" ama demek drug gi osloboduva.
Од: tra la la
Датум: 11.12.2008 05:58:20
Buckovski e vinoven i ne samo toj tuku i Metodija Stamboliski koj izjavi deka dogovorot mu bil podmetnat(mizi da te lazam)i ostanatite soucesnici.Treba vo ovaa nasa Makedonija da se sfati deka "ne e grev" da se zatvaraat lica od politickiot zivot makar toa bile eks premieri,ministri ili eks bilo koj.Da ne zaboravime samo deka na ova deredze dojdovme od nivnata nenasitnost,prekunokno zbogatuvanje i ostavanje 360 000 lugje na ulica.A ako apelacioniot sud ne ja potvdi odlukata ili pak Pretsedatelot go abolira kako sto toa bese so Zaev-togas toa ke bide najgolemiot presedan vo ovaa nasa zemja so izmachen i napaten narod!!!
Од: Petar
Датум: 11.12.2008 06:45:44
Бучковски со изјавата дека пресудата е објавена само за една минута, покажува елементарни непознавања на законот за кривична постапка. Согласно чл.344 судот е должен веднаш да ја објави пресудата а за тоа не е потребно повеќе од една минута. Согласно чл.347 објавената пресуда судот писмено ја изготвува во рок од 15 дена каде во детали се опишуваат причините за таквата пресуда. Професор по право ова да не го знае не ми се верува. Тој тоа до кажа во негов стил само за замајување на јавноста.
Од: ljupco,bitola
Датум: 11.12.2008 06:49:41
Koga nekoj funkcioner od sdsm se najde na obvinitelna klupa,togas toa e montiran politicki proces.A koga istiot toj Bule, go montirase t.n. proces "Rastanski lozja"se bese vo red so sudstvoto.Sekoj stap ima dva kraja,toa e vecna vistina.
Од: Vlada vo senka
Датум: 11.12.2008 07:16:50
POMNI i ne zaboravaj Makedonijo. Vakvi provokacii ne smeeme da dozvolime da prodolzat. Bez mnogu da dolzam povikuvam na Vlada vo senka! Za sekj slucaj neka ima narodot i rezervna varijanta. Vaka kako sto stojat rabotite, na Vladata ne moze duri i "da im se sluci narod" zatoa sto neorganiziran narod e RAJA! A od Makedoncite tokmu toa napravija dosega. Dijasporata bi poddrzala institucionializirana i seriozno postavena Vlada vo senka sostavena od celata opozicija. Dali nesto naucija parlamentarcite na patot vo Anglija?
Од: Sovest
Датум: 11.12.2008 07:34:46
Novoselec aj prochitaj ubavo sto si napisal.Sto se odnesuva do osudata za poranesen premier me raduva vovedenata praksa?!Grujo gde si Grujo ti izgleda ke dobies 35 godini a BC nem da te abolira.
Од: Iko
Датум: 11.12.2008 07:50:37
Jasno mi e zosto e toa "neprijatno cuvstvo" kaj nekoi politicari - se isplasija i nim da ne im dojde redot.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 11.12.2008 08:25:41
Presudata e politicki revansizam, bidejki sudot nema dokaz deka Buckovski imal licna korist od nabavkata. Eden od uslovite ne EU e nezavisno sudstvo, ama vekje odamna e ocigledno deka Antickiot FYROM-ec Gruevski preferira izolacija. A stetata od toa ne e 2.5 mil. EUR, tuku mnogukratno povekje. Ama sto e toa vazno, i onaka narodot ke ja plati, kako i sekogas.
Од: pejo itriot
Датум: 11.12.2008 08:30:44
koja glupost! Sega opozicijata pak ke go napusti parlamentot, a toa znaci pak reakcija na Brisel za nemanje na politicki dialog i se razbira cao na bezvizen rezim i cao EU!
Од: iki
Датум: 11.12.2008 08:44:59
Samo od SDSM se vinovni barem taka misli Grujo za da si go podiga rejtingot asto misli za negoviot SINGO od SITEL koj bese i ostana kmet vo Kratovo kako moze traktori novi od donacija da rabotaat vo negovite nivi e luge moi ja gledate samo ednata strana od madaljata kakva korupcija ima vo vladata ne ste svesni primer ako porano bese kupen so pari golemiot Latas GRUJO gi potkupi bukvalno site elektronski i pecateni mediumi so mali isklucoci na koj im se zakanuva ako preterat luge moi pa nemame nitu edna politicka emisija ili sloboden kontakt so graganite da si gi kazat makite,beganjeto od politickite temi po televiziite e nametnat strav mi e deka i nezavisnata kanal 5 veke se pretopuva voditelot koj bese cenet od strav izbegnuva politicki temi novinaru ne se plasi, seto ova go napomenuvam so cel da kazam deka i onie koj se borat protiv korupcijata se pokorumpirani i od navodno obvinetiot Bucko ako ke im dojde krajot i ve molam pocituvani mediumi bidete nezavisni narodot vi se smee.
Од: jimmy1
Датум: 11.12.2008 08:45:22
Neznam dali treba da se komentira, zosto ovie VMRO-Ovcive nemozat da svatat, i se gleda od kakva stoka e formirana VMRO. Parite se potroseni za rezervni delovi na ARM a ne se staveno vo dzep kako sto toa javno go pravese Ljupco i Grujo so prodazbata na Okta. Lupco e oplacka Makedonija, napravi Ranc vo Delcevo, vila od 5000 kvadrati na Vodno, imoti vo stranstvo, stedni vlogovi vo stranstvo. Ako ovie OVCI se realni zosto ne pobaraat nivna odgovornost. Neznam kako mozit da bidat tolku nepismeni kako ovaj novoselanec koj neznae ni sto ima napisano. Ke dojdi vremeto koga i nivnite ke bidat osuduvani.
Од: dragan
Датум: 11.12.2008 09:34:34
Site valkani raboti sto i gi pravite na opozicijata ke vi se vratat kako bumerang.Za seto toa koj e kriv,kriv e golemiot i nedodirliviot vozd grujo.Trkaloto se vrti,uste malku ke vi dojde i na vas krajot a togas?????
Од: Mile
Датум: 11.12.2008 09:39:22
Така ти е тоа, кога не ги апсевте за Окта, Нпк...
Од: Trajko
Датум: 11.12.2008 10:25:44
Vo site politichki parti vo Makedonija ima kriminalci.No toa treba da se dokaze.Golem del se lepat do vlasta za da gi izvrshuvat svoite chesni kriminalni dela.Segashnata vlada treba da svati deka nema da e vechna.Najinteresno e toa ,ovie koi se narekuvat patrioti a vo sushtina se kriminalci koga ke ja izgubat vlasta se razbeguvat niz svetot kako gluvci koga tone brod.
Од: marjan
Датум: 11.12.2008 10:31:13
E moi vmrovci, uste ednas dokazuvate deka ste "kvazipatrioti". Pa potsetete se sto se slucuvase vo 2001 god.Koj ja branese Makedonija?Toa bea branitelite (na koi sega zaboravivte), Buckovski (togasen minister za odbrana) a ne bea Hisen Dzemaili (kogo ne mozete da go najdete?!) i UCK - t.e DUI (so koi pravevte cirkus pa gi primivte vo Vlada a za koi spremate i penzii). Ako ne od praven, politcki ili moralen aspekt, barem od patriotski pricini bi trebalo da molcite.Bidejki Vie ste patriotite a drugite se predavnici, neli...
Од: стојан
Датум: 11.12.2008 10:50:54
Одјекна како бомба само кај оние политичари и партии на кои им се прљави гаќите. Ако се огрешил по законот господинот треба и по законот да одговара. Па немаме ние обичните смртници рогови. Доста се затворите полни со ситни шверцери и улични тепачи и криминалци. Се додека не почне вака, нема прогрес.
Од: Makedonec
Датум: 11.12.2008 12:26:20
Koga SDSM dojde na vlast vednash pochna so progoni,go osudija poarenshniot minister za odbrana Paunovski koj sega se krie vo Avstralija,go osudija Vojo od fondot za zdravstvo,go osudija Lambe Arnaudov,go piknaa vo zatvor Amdi Bajram.Predpostavuvam deka bile vinovni,a sega im e teshko da prifatat shto se pravi vrz nivnite"kadri",megjutoa nitu ednoto nitu drugoto chini,a sudstvoto i sudiite i ponatamu ostanuvaat"nezavisno".
Од: ESM-EVN
Датум: 11.12.2008 13:22:32
Prasajte go Bule kade e provizijata od prodazbata na ESM.
Од: ne vmrovec
Датум: 11.12.2008 13:46:55
dali e toa ispravno neznam no ako e pravedno pravosudstvota treba da se dokaze da go predoispita i dogovorot za prodazjbata na (OKTA)posto toa za mene e najgolemiot kriminal vo makedonija ,1000 posto sum sigure da grchkiot gazda dava i del na dogovorachite i tie krkat d makata na drebniot makedonec Buchko sto velite se raboti samo za sitnica od toa makedonija samo pred nekoja godina i naplati na grko nekade od 5-60 mil evrao plu s segasnata zajbancija sto ni pravi toj istiot .Plus telekom tie sto go prodadoa go prodadoa inaiot trud i pari eve na primer jas vo osumdesetata godina plativ preku 1000 marki plus iskopav kanal za kabelot edno 50 metri a ne samo toa kukata moja im sluzji za< bandera a seg so malku zakasnuvanje n naplata odma prekinuvanje samo izgleda nema dolgo sekoja zjica zakachena na moja kuka ke bide otstranena ili prodavachot da ni nadomesti site tie troskovi
Од: goce prilep
Датум: 11.12.2008 14:07:49
"e moj sinko! vo ovaa drzava se mozat da ti prostat, no uspehot nikogas" mi rece eden star covek denovive. Vremeto ke pokaze deka Buckovski bese najuspesniot premier vo ponova Makedonija.
Од: "KATASTROFA-SWE"
Датум: 11.12.2008 14:31:30
Siguren sum deka od site ovie komentatori tuka, nema ni eden pravnik, isto kako i jas, bar jas ne komentiram vinoven ili ne, znaci site vie koi ste za da ili protiv presudata, se stavate nad sudiite vo makedonija. E pa gospodo i vie koi odobruvate i vie koi osuduvate, neli se dogovorivme deka i ovaa e pravna drzava i vladee pravoto, duri i cuti demokratijata, ako e taka, ostavetego pravosudstvoto da si ja vrsi svojata dolznost. A za toa dali Buckovski i stamboliski trebalo da se osudat ili ne, sekako nevini lugje dosega nesum slusnal da se osuduvani a ako se toags se ispravila taa greska, a zosto da nesmee da se osudat eden poranesen premier i nacalnik, se razbira ako se vinovni??, ne smee da se mesa tuka partija i politika no, dodeka se sudat clenovi od SDSM se bunat site od SDSM i se sekogas nevini a dodeka se sudat ovie od VMRO toa istoto go pravat nivnite sopartijci, epa edna za sekogas: MAKEDONIJA E PRAVNA DRZAVA I SUDSTVOTO E NEPOLITIZIRANO .
Од: Preku takvoto
Датум: 11.12.2008 15:50:04
E ova veke ne se podnesuva so nas Makedoncive. Abe dodeka nekoj politicar kradi, site go znaeme, gledame i vikame protiv nego. Koga ke go osudat, preku nok stanuva macenik, uste malce i svetec. I taa fraza "politicki montiran proces" mi e veke preku glava. Abe mars vo zatvor so bagrata, da gi zamolime hrvatite da ni go dadat pod naem Goli Otok, edno stotina godini, pa 99% od politicarite da gi pratime malce na odmor, na more. Ziveam na Americkiot kontinent i gledam top tema e zatvoranjeto na guvernerot na Ilinois, pa si velam, dobro be, zarem ovie ne slusnale za "politicki montiran proces", pa zarem nema sopartijci sto ke se soberat da demonstriraat, kako toj bil super, ama ovie od vlasta go namestile.... Treba uste mnooogu da se uci od truliot zapad. Da rezimiram: vzatvor so kriminalcite i da im se konfiskuva imotot.
Од: sssw
Датум: 11.12.2008 15:52:43
e , narode citajki gi komentarive ,znaete li kakva slika se dobiva? mizerija ziva ,poveketo pisuvaat samo zosto sds ,a zosto vmro ..... neznam sto da recam ,no znam samo edno deka celiot narod e psihicki optereten so ovie 2 partii ,tie kradat li kradat a vie se raspravate ,stovi e narode ,koj zasluzi neka odi vo zatvor i neka ne se vrati i tocka ,a tie sto gi branat ,dase vo zatvor dali bucko ili drugi bi se raspravale za ni v ,e boze prost narod

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Бучковски на бришан простор
ММФ греши, тврди Владата