Брoj 2806  среда, 08 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Градот и Чаир ќе градат натпатник на Бит-пазар

Изградба на натпатник на Бит-пазар, уредување на партерниот влез во Старата скопска чаршија кај Даут-пашиниот амам, партерно уредување на тротоарите на т.н. пластичарска улица се само дел од проектите што ги договориле Општина Чаир и Градот. Чаир деновиве ќе побара од Градот ново сообраќајно решение за Бит-пазар за да може непречено да започне изградбата на натпатникот на булеварот „Крсте Мисирков“ кон пазарот, со што ќе се реши безбедноста на пешаците. На средба претставници на Градот и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, било договорено веднаш да почнат и активностите за уредување на платото во Старата скопска чаршија со нови травертински плочки, кои подоцна со поставување хидроулични столпчиња ќе се заштитат од несовесните возачи.

Во рамките на сите овие зафати е испланирана и реконструкција на тротоарите на булеварот „Втора македонско-косовска бригада“, а градските власти ќе постават штедливи светилки. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 320 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
„Комунална“ почна со автоматско следење на возилата за собирање ѓубре
Градот доби имотен лист за Пионерскиот дом
Нова трафостаница во Визбегово
Обновени 400 метри пат во Раштак