Обновени 400 метри пат во Раштак
Општина Гази Баба заврши со реконструкција на дел од патот во населеното место Раштак. Обновени се околу 400 метри делница од селото до основното училиште. Реконструираната површина има околу 2.000 квадратни метри и, според општинските власти, ќе придонесе за подобра сообраќајна комуникација, посебно во зимскиот период. Градежните работи ги реализира „Гранит“. (С.Н.)
|