Гастарбајтерот Коко ужива во Холандија
Иако шимпанзото Коко, кој повеќе од една година е на ресоцијализација во Холандија и се' уште нема женска, сепак, ужива. Вчера стаса вест од тамошната Зоолошка дека тој почнува да се дружи, а најмногу засега и' се радувал на храната. Воопшто не му било здодевно. Од Холандија се убедени оти на Коко, кој беше едно од најатрактивните животни во нашата ЗОО, наскоро ќе му биде најдена и девојка. Мора да бидеме уште малку трпеливи, велат Холанѓаните, кои зедоа обврска да го социјализираат шимпанзото Коко. (Дс.Т.) |