Кисела Вода oдбележа 55 години
Со Свечена академија, Општина Кисела Вода вчера одбележа 55 години од постоењето. Манифестацијата беше збогатена со изложба на фотографии со мотив „Кисела Вода низ годините“ сочинета од осумдесетина фотографии на кои е прикажан развојот на Општината од почетоците до денес. Роденденската прослава ја збогати настапот на неколку културно-уметнички друштва. (Дс.Т.) |