Број 3320  среда, 30 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Градот ќе купува механизација за јавните претпријатија

Новите машини треба да го зголемат капацитетот на работењето

Сања Наумовска


Градските јавни претпријатија до крајот на годината ќе се подноват со нова механизација. Со последниот ребаланс на буџетот на Градот Скопје, речиси сите градски претпријатија добија субвенции, а повеќето ќе ги искористат за купување нови камиони и градежни машини.

Како што најави градоначалникот Коце Трајановски, јавните претпријатија мора да станат поефикасни и понкурентни, а со новите машини ќе го зголемат капацитетот на работењето. Опремувањето на претпријатијата долги години било занемарувано, а намерата на Градот е со субвенциите да се подобри сегашната незавидна состојбата.

Со одлука на градските советници, најмногу пари ќе добие ЈСП, и тоа 60 милиони денари, а парите ќе ги искористи за покривање на загубите. Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе добие помош од 41 милион денари, од кои 30 милиони се наменети за купување специјални комунални возила со зафатнина од 8 кубни метри. За ЈП „Дрисла“ се предвидени субвенции од 20 милиони денари, додека за „Паркови и зеленило“ 16 милиони денари. За ЈП „Улици и патишта“ со ребалансот се предвидени 30 милиони денари, а помош доби и „Градски паркинг“ во висина од 5 милиони денари.

„Градот Скопје наместо 12 возила за собирање смет, набави 6, а средствата предвидени за останатите 6 ги пренесе на ’Комунална’, со обврска во текот на годината да распишеме тендер“, објаснува директорот на „Комунална хигиена“, Ракип Дочи. Остатокот од 10 милиони денари од субвенцијата претпријатието ќе ги потроши на ангажирање сезонски работници за одржување на јавната хигиена и заловувачи на кучиња, кои ќе работат до крајот на годината.

Возила ќе набавува и „Паркови и зеленило“. Планирани се три камиони за собирање трева и лисја, еден камион кипер од четири тони, како и два трактора со приклучни уреди. За уредување на парковските површини ќе се купат по 10 тракторски косилки и рачни тревокосачки со корпи, како и 16 тримери. Директорот Душан Авировиќ вели дека субвенцијата ќе се искористи целосно наменски и најавува сопствени инвестиции на јавното претпријатие во механизација до крајот на годината.

Во „Улици и патишта“, пак, кое во своето 30-годишно постоење прв пат добива субвенција, средствата ќе ги искористи за набавување основни средства за работа, додека возила очекуваат од Градот Скопје. Неодамна добија машина за бележење на улиците, а ќе се купуваат и ровокопач и гребалка на асфалт. Како што објасни директорот Синиша Ивановски, со 30 милиони денари ќе набавуваат материјали за производство на асфалт, за подготвено да одговорат на најавената акција за крпење на дупките на улиците.


#
Статијата е прочитана 475 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Гастарбајтерот Коко ужива во Холандија
Кисела Вода oдбележа 55 години
Информативни табли без ��нформации