Брoj 2785  петок, 12 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Самоволието на УО ги избркало Швајцарците од Пелистер

ДЗР констатира дека УО незаконски разрешувал и именувал директори

БИТОЛА - „Швајцарскиот грант од милион евра наменет за Пелистер пропадна поради самоволието на Управниот одбор на Националниот парк ’Пелистер‘. УО се дрзнал, надвор од законот, да разрешува и избира директори на установата“. Ова го открива Државниот завод за ревизија во вчера објавениот извештај за финансиското работење на паркот „Пелистер“ минатата година.

Контролорите на јавните пари јасно потенцираат дека констатирале неправилности во постапката за разрешување на поранешниот директор Славко Дамевски, кој од позицијата прв човек беше тргнат на 3 септември 2007 година. Пречекорување ингеренции во постапката направил Управниот одбор на институцијата на чие чело е Томислав Новакович.

„Управниот одбор има право да и' предлага на Владата разрешување на работодавниот орган, но не и да го разрешува. УО ја направил процедурата според препораките на Владата, спровел оглас, но немал право да изврши разрешување на актуелниот директор, се' додека не биде добиено решение од Владата. Тоа е пречекорување на ингеренциите на УО“, заклучува ДЗР.

И самите Швајцарци пред овластениот државен ревизор обелодениле дека една од причините за прекинувањето на соработката со НП „Пелистер“ е промената на Дамевски, иако во времето кога пукна скандалот не сакаа да го коментираат овој детаљ. Официјално соработката е прекината, но за парите кои странците ги пренеле на сметката на институцијата се' уште не биле направени финансиски извештаи.

Во нивното образложение за Швајцарците јасно стои дека постојат три причини за заминувањето од Пелистер. И тоа, ненавремената промена на директорот, спротивно на законските прописи, неизвршената стручна измена на УО во кој, според договорот со донаторот, два члена требало да бидат по предлог на Министерството за животна средина, што не е реализирано. И како последна причина спорна за странците бил неусвоениот закон за странски инвестиции во екологијата, за што Владата имала положено гаранции.

За пречекорените ингеренции ревизорите им порачуваат на членовите на УО на паркот да ги почитуваат одредбите од Статутот на установата во однос на изборот и разрешувањето директори и да не преземаат мерки и задачи за кои не постои законска поддршка.

Инаку, и по неколку месеци од најавите на Министерство��о за екологија дека двата члена во УО Новакович и Николина Ристевска не се соодветни и треба да бидат поставени луѓе компетентни од ресорот, тоа не се случи. Паркот доби нов директор, Сашо Мицевски, кој не успеа да ги разубеди Швајцарците да ја вратат донацијата од близу милион евра наменета за Пелистер. (Д.Р.)


Статијата е прочитана 684 пати.

Испрати коментар

Од: bt
Датум: 12.09.2008 00:25:32
pak srbomani se mesaat.ccccc
Од: bitola
Датум: 12.09.2008 00:35:41
redno vreme e da si zaminat bandata mafiozi vo upravniot odbor na np pelister koj go unistija parkot so nedozvolena seca i poradi koi e povlecena donacijata od svajcarija!!!!!!!!
Од: bitolcanka
Датум: 12.09.2008 06:28:13
so e ova so se ravi vo Bitola ,pa zarem zaradi Tozo i tie okolu nego se da se izgubi vo bitola ,uzas e sega ,bitola e stavena na marginite na nekoja nikakva palanka
Од: svajcarija_goran
Датум: 12.09.2008 12:21:47
se pobrkale .koj da gi izede ,parite ,dolu.ama svajcarcite ne se ovci za sisanje,osetile .i magla,na niv gi e poznat balkanskiot sistem,mnogu dobro,
Од: ljupco,bitola
Датум: 12.09.2008 14:40:06
Nikolina i Tozo se rezil na vekot, Neka mu ja misli toj sto gi postavil na taka odgovorno mesto.
Од: Mario
Датум: 12.09.2008 15:19:07
Sram da im e!Volci nenasitni!!!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Нов православен храм во Тетово по цели сто години
Ги подобривме условите во затворите, тврдат во Правда
Илјадници верници го чествуваа празникот на Бигорскиот манастир
„Колска“ доби тужба за плати