Број 2862  понеделник, 15 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

Партиски препукувања околу судството

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се конфронтираа околу тоа чие влијание и притисоци биле поголеми врз третата власт

Жестоките напади врз судството што почнаа по објавувањето на првостепената пресуда за експремиерот Владо Бучковски викендов прераснаа во фронтален напад меѓу двете најголеми партии во државата, кои меѓусебно се обвинуваа за притисоци и влијанија.

По петочната изјава на в.д. лидерот на СДСМ, Зоран Заев. кој рече дека „сите монтирани политички случаи од страна на власта против своите неистомисленици ќе се препрочитаат и ќе се преиспита дали има злоупотреби од страна на оние кои, наместо да делат правда, делеле партиски пресуди“, владејачката партија викендов одговори со контранапад. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, на прес-конференција ги оцени заканите на Зоран Заев како скандалозни.

„Милионерот Зоран Заев, кој беше аболиран од својот политички ментор Бранко Црвенковски, со изјавите за закани врз судиите го урива демократскиот систем во Република Македонија, не' враќа во времето на комунизмот и не' оддалечува од европските перспективи“, изјави Бичиклиски.

Тој го праша Заев на кој начин ќе ги оствари заканите кон судиите и зошто упорно продолжуваат да се спротивставуваат на судските пресуди за криминал.

„Единствените кои се појавија во јавноста да го заштитат Бучковски и да го оправдаат фактот дека Владо Бучковски, како што стои во пресудата, проневерил 2,5 милиони евра за набавка на резервни делови за тенковите, се неговите пријатели од СДСМ, односно истите тие кои ја изработија аболицијата за Зоран Заев, осомничен за криминал тежок близу осум милиони евра. Истите тие кои ги направија криминалните приватизации, истите тие кои ги толерираа Бајруш, криминалот на патарините, корупцијата во институциите, шверцот со цигари и нафта“, рече Бичиклиски.

На ова следуваше реакција од СДСМ, која оцени дека е „срамно и крајно несериозно владејачката партија да говори и да ја обвинува опозицијата за притисоци и закани врз судството“. Според оваа опозициска партија, скандал се фамилијарните врски на ВМРО-ДПМНЕ со судството. Во врска со Бајруш Сејдиу, осомничен во акцијата „Пепел“, СДСМ во реакцијата наведува оти очекува на следната прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали е тој истиот Бајруш Сејдиу, на кого на 7 мај 2007 година, по повод Денот на безбедноста, МВР му врачи благодарница за успешна соработка.

ВМРО-ДПМНЕ не остана на претходната реакција, туку возврати со нова, во која го повика „СДСМ да престане со лагите“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не треба да кажува за поставеноста на судството, затоа што, како што се наведува во соопштението, 95 отсто од судиите се назначени во време кога на власт била СДСМ.

Во партиските препукувања се вмеша и Коалицијата на невладини организации „Право и правна држава“, која апелираше до сите политички партии во државата да се воздржат од упатување критики кон судската власт во Македонија. (Г.Д.)

 


Статијата е прочитана 411 пати.

Испрати коментар

Од: ljupco,bitola
Датум: 15.12.2008 02:28:52
``Сите пресуди ќе бидат препрочитани и преиспитани``А каде и во рамките на кој закон и со кои ингеренции ќе го стори тоа Г-нот Заев? Во неговиот партиски штаб,како во старите добри времина кога пресудите се носеа на состаноците на политбироата, во строго изолирани кругови?Дечкото со секој свој настап пред јавноста, покажува дека е недораснат за високата функција што ја обавува.Лидер на опозицијата во секоја нормална држава се сфаќа мошне сериозно,само кај нас е можно со разни``привремени``решенија скроз да се девалвира тој поим.
Од: demokrat
Датум: 15.12.2008 04:02:30
bicikliski ke ocenuva nesto za skndalozno. of lele zemjo goltni me koj stigna da kazuva sto e skandalozno. skandalozno e sto taa nvo odma se pojavi od nikade kako glasot od svetlinata i sto vmro i vo pozicija gi koristi istite metodi kako koga bese opozicija. ne mozat da sviknat na idejata deka se 3g na vlast i deka ne se izbrani samo da ja kritikuvaat sdsm tuku da bidat ete podobri od niv. skandalozno e sto vmrovcinjata vo 16 upravni odbori lapaat dnevnica no za toa nikomu nisto ili sto neli se patrioti a za dzemaili i muzejot na ona gi boli uvo. samo za sdsm se izgleda patriotchninja nepismeni
Од: Bitola
Датум: 15.12.2008 10:18:47
Pa ova go nema ni vo Dzibuti,vlasta da protestira pred prostoriite na opozicijata.Covek neznae dali da se smee ili da placi,pa do koga vaka.I krajno e vreme Grujo da prestani so sirenje na omraza prema SDSM,oti ako misli deka vecno ke bidi na vlast SE LAZI.SDSM se vraka na vlast.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
„Оче наш“ на македонски во Ерусалим
Сергеј Станишев во официјална посета на Македонија
Големите корупциски скандали на тест пред Врховен суд
Кушнер- Либерализацијата на визите не е поврзана со спорот за името