Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Жестоко меѓу Фијат Цаноски и градоначалникот на Гази Баба

Газдата на „Космос“ упати апел за јавна дебата, градоначаникот Тони Трајковски ја одби

Љубиша Станковиќ

Инвеститорот на комплексот „Космос“, пратеникот Фијат Цаноски упати повик за јавно соочување до градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, но тој вчера го одби барањето за дебатирање.

„Не гледам причина за некакви јавни дебати на кои ме повикувате, кога Вие ги одбегнавте сите форми на институционален дијалог, не не' известувавте како орган за Вашата работа, иако имавте обврска, одбивате да примите официјални акти за комуникација и работевте спротивно на законите“, рече тој во одговорот до Цаноски.

Градоначалникот Трајковски не гледа рационална причина за дебата која ќе се одвива надвор од институциите, затоа што таква форма на комуникација ќе го симнела, вели, нивото на општествена дебата. Таквата една дебата за градоначалникот претставува „непотребен драматуршки ефект“ кој не носи ништо продуктивно, туку напротив е беспредметна затоа што нема институционална поткрепа ниту ефект.

Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски го потсетува сопственикот на фирмата инвеститор, Фијат Цаноски, дека обезбедување на владеењето на правото, дијалогот и општественото комуницирање меѓу субјектите и почитувањето на општествените норми и законите во демократск��те земји, се одвива низ институциите на системот, но и тоа дека законите во државава важат за секого без разлика дали е обичен граѓанин или богат бизнисмен. На крајот од одговорот кој што градоначаникот му го упатува на Цаноски има и потсетување дека тој како човек кој ја добил довербата од граѓаните има обврска да обезбеди почитување на законот.

Преписката на Трајковски со пратеникот Цаноски доаѓа по отвореното писмо кое што сопственикот на станбено деловниот комплекс „Космос“ го упати не само до него, туку и до градоначаникот на Скопје и до министерот за транспорт и врски. Цаноски го обвини градоначалникот на Гази Баба дека изнесува невистини и манипулира со јавноста, бидејќи тој како инвеститор, преку неговата компанија “Фине“, работи во склад со законските происи.

„Јас, како основач на инвестициската фирма „Фине”, Ве повикувам, каде и кога сакате, во нашата компанија, во Општината, во присуство на вашите инспектори и на јавноста, или во кој било медиум кој што Вие ќе го изберете, да ги соочиме нашите факти за кои тврдиме дека се законски основани. Сакаме да Ве увериме дека сте во голема заблуда и дека е невистина кога тврдите дека има големи отстапувања од основниот проект,“ вели Цаноски во своето отворено писмо.

Фијат Цаноски го потсетува градоначалникот дека неговата компанија работи во согласност со сите позитивни прописи и дека во ниту еден момент ги нема прекршено заковите во државава. Цаноски се повикува на Решението за локациски услови, на Протоколот за регулациона, градежна и нивелациона линија и на Одобрението за градба, а за кои вели дека се потпишани лично од градоначалникот Тони Трајковски.

Повикувајќи се токму на Протоколот, пратеникот Цаноски презентира доказ, поточно делот кој се однесува на котата на хоризонт во кој никаде не е наведено колкава треба да е котата на теренот, висината на заштитениот тротоар и котата на првата плоча.

Цаноски смета дека во секоја демократска држава инвеститор каков што е тој самиот, со вложување од 60 милиони евра, ќе бил поддржан од секоја администрација само Гази Баба е подготвена да урне таков еден објект и притоа да одбие барање за измени на основниот план, а згора на се' и да поднесе кривична пријава.

Градоначалникот Трајковски за инвестиротрот Цаноски најави кривична пријава, а Цаноски, пак, против него и против неговите соработници исто така поднесе кривични пријави,а најави и судски процес во судот во Стразбур.

Катерина Цаневска- Арсовска портпарол на Цаноски

Новинарката Катерина Цаневска-Арсовска, која до неодамна работеше во А1 телевизија, стана портпаролка на Фијат Цаноски. Таа вчера упати апел за средба на Цаноски со градоначалникот Тони Трајковски.


#
Статијата е прочитана 4075 пати.

Испрати коментар

Од: trpe od gradsko
Датум: 11.08.2011 00:27:34
Podrska za g-din Canovski...ocigledno e deka borabata ke bide nemilosrdna i izdrzete, dokazete vo vasata borba protiv diktaturata na Gruevski i DPMNE...pravdata e na vasa strana i izlezet kako pobednik od taa iako ke saka DPMNE na najperfiden i licemern plan da naprvi montazi i konstrukcii iako vlozuvate 60 mil.evra iako izdrzuvate preku 350 vraboteni vo vasata firma...ama toa za ova drzva ne vredi nisto...mizerija i borete i neka pobedi pravdata koja e na vasa strana...podrska za g-din Canovski...neka se srami g-dinot granonacalnik...nema mandat da rusi nesto od koe ke se ima korist...i neka kaze od negovata partija so Zakon legaliziraat divogradbi a ova sakaat da go rusat vasiot objekt od koj po site osnovi so negovata izgradba ke se ima korist...za toa ne gledam deka ima manadat od graganite...
Од: граѓанин
Датум: 11.08.2011 01:02:05
Вчера во коментарите се појави и коментар за наводна вмешаност и на кошаркарот Пеце, заради елиминирање на лична конкуренција т.е. заради сопствените интереси. Еве да речеме дека се тоа само непотрвдени инсинуации, но самото спомнување на ова лице ми наметна едно прашање, па ако може власта да одговори: Како тоа на бившиот кошаркар му простуваат градежни недолседности и прекршоци и му даваат специјални градежни привилегии? Не станува збор за еднаш или двапати. Името на ова лице се провлекува во матни урбани зделки веќе неколку години. Во јавноста се појавија искази на повеќе лица кои се обесправени и трауматизирани од неправичните архитектонски проекти што овој привилегиран човек си ги реализира, а власта упорно си замижува. Најпрефриганиот урбан мафиозо е во спрега со власта, а за другите власта тренира чесност, строгост, право!!! И упорно се уверени дека можат да го измамат народот со јака пропаганда!
Од: Zvonko
Датум: 11.08.2011 01:14:44
Koga se nema doverba vo pravosudtvoto,odnosno funkcioniranjeto na sudiite,se pribegnuva kon licni tolkuvanja na propisite i zakonite,pa taka i obajcata ke ispagjaat smesni.Na Trajkovski ne mu veruvam deka zakonot e ednakov za site,neka navede barem eden primer dali e izvrsena inspekcija na objekti gradeni od Albanci,posebno ako se na stranatana DUI?
Од: Boshko
Датум: 11.08.2011 03:55:05
E Fiate Fiate,sam si vinoven shto ne si prichekal da vlezat lugje vo vlasta Makedonska pa togash da gradeshe a sega ne,Nadvor shto poskoro od Makedonija zarem ne gledash kakvi sushtestva ja vodat vlasta ubijci i hohoshtapleri ednoumieto sakaat da gi nadvladee chuvstvata na site vo makedonija i ako ne si so niv ke te stavat vo kjorka i ne vinoven.Potrebno e da se formira partija za chistenje (Mafija) za koj politichar ke zgreshi da dojde do zid a ne zatvor,zatvorot koshta mnogu izdatoci i za toa e potrebna chistachkata partija,za sto I dpmne a i sdsm se ne dokvakani za da ja vodat drzavata.
��д: n.g.
Датум: 11.08.2011 08:36:12
redno e veke narodot da ja prevzeme svojata uloga vo simnuvanje na ovaa diktatorska vlast,ili povtorno ke glasaat za diktator
Од: koki
Датум: 11.08.2011 08:45:32
Trajkovski nema sto da drbatira.......gi izvrsuva bez pogovor naredbite od GORE........nisto drugo............
Од: девичанецот
Датум: 11.08.2011 09:13:58
Фијат (1300), самиот знае каде згреши.Со глава во џид не се удира. Убаво си беше во коалиција, но заради сватот.....зарем не знаеше дека сватот е од Дебреште?
Од: В. Кратовалиев
Датум: 11.08.2011 09:20:11
За секое загрозување на нечие право /приватно или општествено/, речение не се дебатите и трибините, туку, институциите на системот, а вистинската адреса е судот. Тоа, што некои не признаваат закони и судови, а со сопственото поимање се ставаат над нив, не е правна некултура или незнаење, туку силеџиство, кое треба да се санкционира според законот.
Од: od mene
Датум: 11.08.2011 10:26:13
Mizerija od borbata protiv Kriminalot. Goce Zelenkovski i negovite firmi KONARTIS i ZIMEKS,imaat napraveno kriminal nad15 milioni evra,ne platen Danok,Komunalii izmama na Banki i Fizicki Lica,a Prerodbata,MVR i Sustvoto ne go gonat,So eden zbor kazano Mizerija i Selektivno gonenje na Kriminalot..
Од: Ози
Датум: 11.08.2011 14:25:48
Чудно е да бизнисменот Фијат, кој води мулти милионски бизниси, не ги знае основниот закон за бизнис во нашава земја а тоа е ’законот’ на ’рушвет’. Или е многу наивен, да не кажам глуп, или паднал од друга планета. Една од особините на добар бизнисмен е да ги знае локалните ’закони’.
Од: Goran
Датум: 11.08.2011 14:38:43
Ne sum za rušenje,šteta e , ama edna rabota me začuduva od g-dinot pratenik Canoski,zarem ne beše svesen deka će mu go merat sekoe santimče ako prekardaši nadvir od proektot.Sega ne amerikanecot ne Strazbur abe ni sveti Gospod ne go spasuva,a kamo li portparolkata ex od A1.Međutoa naša rabota na oko nenasitno,aj malu nekoj metar da popuštam levo,desno .gore,dolu,ama na tolkav objekt se sobiraat bajagi m2.Da si ostaneše vo koalicija se će beše Ok,ama po pametot na svatmu i SDSM samiot propadna vo septička od kade što teško će se izvleče bez golem minus.Ovie ne se budali ako e se po proekt da go butaat,imaat argumenti debeli,zatoa batka da si go kazniš nadzorot ako rabotel na svoja raka bez odobrenie od Canoski.A ako g-din Canoski misli deka e "pratenik" i za nego vo Makedonija ne važat zakonite ami samo za siromasite,gadno se za.bal.Se kreva nepotrebna panika,ostavete gi sudovite i instituciite na Državata da si rabotat kako e redot i zakot .
Од: do Goran
Датум: 11.08.2011 16:11:12
Sto pisuvas be ti drugarce. Imas li "akal" vo glavata. Velis deka zakonoite vladeat za site i deka kako pratenik Canoski ne moze da se smeta za povlasten. No istovremeno velis deka da si ostanel pratenik no vo koalicija so DPMNE togas nema da imal gajle. Znaci site se ednakvi no DPMNE -ovcite se poednakvi od drugite. E zatoa nema nikogas da ima edinstvo pomegu Makedoncite, poradi mnogutemina kako tebe, i zatoa ovaa drzava e predodredena da zamine vo omilenata destinacija na denesnata vlast - ISTORIJATA.
Од: PENZIONERKA
Датум: 11.08.2011 16:41:39
se dodeka ima kako Goran(a toa e za zal makedonskiot sindrom na ,,da umre komsijata da mu ja zemam kozata,,)ke nema bel den za Makedonija

Најди! во Утрински
На прво место
„Космос“ го активира опозицискиот фронт

"""