Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

„Космос“ го активира опозицискиот фронт

Што може да му понуди СДСМ на Фијат Цаноски откако не им успеа спасувањето на А1?

Светлана Унковска

Лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски и на Партијата за европска иднина (ПЕИ) на Фијат Цаноски организираат средба на поширокиот опозициски фронт. Тоа ќе биде прва средба по изборите, а повод се случувањата околу уривањето на зградата „Космос“ во сопственост на Цаноски.

Во јавноста веќе се појавија критики дека опозицијата долго чека на реакција во врска со турбулентните случувања што почнаа веќе еден ден по изборите, со апсењето на Љубе Бошкоски.

Друштвото што ќе седне на маса, како што е најавено, во вторник, е во помалку или повеќе познат состав. Покрај Црвенковски и Цаноски, тука ќе бидат и Тито Петковски од Нова Социјалдемократска партија, Ивон Величковски од Либерална партија, водачите на неколку помали партии со етнички предзнак и уште неколку претседатели на мали партии.

Црвенковски, кој минатиот викенд даде интервју за нашиот весник, изјави дека СДСМ односно тој како лидер на опозицијата, не ги предизвикале предвремените избори туку дека тие се случиле заради политичката калкулација на Груевски. Таквата изјава на Црвенковски наиде на саркастични реакции дури и во редовите на СДСМ, а од неговиот некогашен близок соработник Владо Бучковски пристигна и обвинувањето дека со таквото бегање од вистината Црвенковски бара алиби за неуспехот на изборите.

„Ме зачуди изјавата на Црвенковски дека СДСМ не била иницијатор на предвремените избори. Истото го кажа и на последниот Конгрес на партијата што условно речено требаше да биде негов говор кој требаше да го покрие неуспехот“, рече Бучковски. Тој додава дека целата операција за иницирање предвремени избори започнала уште на опозицискиот митинг пред Владата во јуни минатата година за барањата за предвремени избори да доживеат кулминација на декемврискиот марш на опозицијата.

„Не ми е јасно и не можам да сфатам зошто на тој начин продолжува тенденцијата да се релативизираат причините. Јас искрено, од она што го гледам во нашето опкружување па и пошироко, не памтам дека некој побарал предвремени избори а потоа да ги изгубил“, критикува Бучковски.

Што може да му понуди сега СДСМ на Фијат Цаноски кој несомнено се најде на мета на Владата за што Цаноски, кој е некогашен коалициски партнер на Груевски, вели дека е заради неговото преминување во опозициските редови. Самиот Цаноски неодамна изјави дека ќе побара веднаш по летната ферија да се состане парламентот и пратениците да расправаат за потегот на Владата за уривање на „Космос“ за кој Цаноски тврди дека е одмазднички чин заради неговото политичко дејствување.

Дали опозицијата можеби ќе договори некакво есенско сценарио за притисок врз Владата која ги засили своите позиции на вонредните парламентарни избори во јуни? И во каква кондиција се наоѓа Црвенковски по поразот што неволно го призна а според некои посматрачи дури се обиде и да го негира со цел да остане на чело на СДСМ?

Чудни работи се случуваат зад кулисите на политичката сцена, а она што изненадува се нападите што ненадејно дојдоа од кругови на невладиниот сектор од тн. лева страна, кои се изненадување ако се знае дека социјалдемократите добро кохабитираат со таа сфера. Најпрвин, на социјалната мрежа Фејсбук експлодираше незадоволство на цивилниот сектор од изјавата на Црвенковски (во интервјуто за нашиот весник) дека ги повикува сите политички и граѓански сили против Владата, што е протолкувана како дадена потерница во рацете на Груевски за прогон на луѓе од цивилниот сектор.

Лидија Димова од невладината Центар за европско образование кој е огранок на Фондацијата отворено општество предводена од Владимир Милчин вели дека Црвенковски работи на прикривање на сопствените грешки, оставајќи го членството на бришан простор.

„Видете што се случува во последните недели кога власта удира по секој оној кој го смета за непријател. А што прави опозицијата, па каде се? Чека сто дена од Владата!? Мене лично ми е нејасно што е тоа што Црвенковски не може да го направи како член на партијата, па мора да биде претседател на СДСМ? Ако е целта да се привлечат што повеќе од неопределените гласачи мора да биде јасно дека тоа не може да се направи со Бранко на чело“, рече Димова.

Негодувањето против Црвенковски не може да се земе како сигурен индикатор дека расправата за поразот на изборите не е завршена, но сосема сигурно се наѕираат пукнатини во опозицискиот блок. „Космос“ може да ја зацврсти кохезијата но доколку неговата судбина стане идентична на судбината на А1 телевизија, тогаш ќе се доведе во прашање и целата политичка стратегија на опозицијата.


#
Статијата е прочитана 6079 пати.

Испрати коментар

Од: aleks
Датум: 11.08.2011 00:07:57
neznam koga ke mu stane jasno na branko deka so zdruzuvanjeto so kriminalcite i ljuge koi rabotat protiv ovaa drzava nema da mu se priblizi na narodot tuku naprotiv ke se odaleci od nego otsegoas bila maana kaj SDSM toa sto site strategii gi planira od kafana a ne realno od situacijata na teren zatoa nikogas nema da se vratat
Од: Zvonko
Датум: 11.08.2011 01:05:12
Smesni se onie od nevladiniot sektor,gi "napolnija gakite"od Gruevski,pa sega, vo negov stil,kriv im e Crvenkovski.Tie za nisto ne se sekiraat osven za nivnite slatki primanja i privilegii."Laeja" pred toa na cel glas so umisla deka SDSM ke pobedi pa ke si obezbedat"mirno more",a koga rabotata ne ispadna taka,aj sega ke gi menuvame "kapite".A Bucko kaj bese predhodno da kazuva sto treba,a sto ne treba da se pravi"posle bitka site se generali".Iako nemam nekoi(nikakvi)simpatii kon BC,megjutoa ostana edinstven sto moze da parira na segasnata vladeacka garnitura bez da se plasi deka ke izgubi pozicija ili slava.
Од: neopredelena
Датум: 11.08.2011 01:33:54
Lele, lele, se strese Familijata, vecer nema da mozat da zaspijat. Zarem ne gledate deka vo Makedonija zakonot e sekogas na strana na pozicijata, osobeno na ovaa segasnata. Ako pak da glasate za niv!
Од: USA
Датум: 11.08.2011 02:40:21
Stom Branko go brani, ima "NADEZ".
Од: vistina
Датум: 11.08.2011 02:53:02
Gospodo od opozicija gledajte da rabotite nechto popametno a ne da branite nepocituvaci na zakonite.Sekoj chto nechto ne placa ne raboti po zakonot treba da se sankcionira.
Од: Picasso`
Датум: 11.08.2011 03:32:55
Пак опозицијата ќе почне да реагира кога треба да се заштити капиталот (нечиј). Никаде ги нема да речеме за сините картончиња и нивното укинување. Ах гнасен Капитализам.
Од: Socijalist
Датум: 11.08.2011 05:38:53
SDSM da prestane da go zamajuva Makedonskiot narod so SDSM-ovsi propadnati spekulativni biznis raboti."Hо доколку неговата судбина стане идентична на судбината на А1 телевизија"(citirano),vo ovoj citat zborot " dokolku" e prekubroen bidejci stilot na krazbata i ostetuvanjeto na budzetot na RM se mnogu slichni od politichki aspekt:SDSM prv istrchuva na branikot na kriminalot vo RM.E zatoa dragi moi od SDSM vi posakuvam makar uste 5 god. opozicija,a potoa da ve snema od liceto na zemjata(ako vo medjuvreme ne go smenite ovoj straotno los kadar koj upravuva so vasata partija).Strasno.
Од: Raspucin
Датум: 11.08.2011 06:01:15
Sto e toa sto ne vi e jasno vo SDSM. Pa vie go imate najgolemiot prevarant kako vodac i slepo se drzite za nego.Toa e covekot koj upropasti familii i familii kolku da necini Grujo Branko e pomnozen so 10 elementarna nepogoda.I vo momentov kao ke koristi situacija da pomogne na kogo?Velija ili Canovski.Tamu kade sto ima pari i ke mu kapne nesto.Neka mi pomogne mene i na mnogu drugi sto plakame za parking nasekade Evropski ceni a edvaj prezivuvame do 10 ne do prvi.SDSM treba da se svrti kon rajata ne kon oligarsite koj ne plakale danoci ili komunalii.Tesko na MK so vakov SDSM
Од: zrak
Датум: 11.08.2011 06:54:53
zalam sto Fiat ke nasrada.A ovaj b.c.samo ke go iskoristi kako mnogu pred nego...
Од: guner ismail
Датум: 11.08.2011 07:34:12
Nasata situacija e prilichno "srbska"> Kako ona vo vremeto na Milosevik. Rezimot na Gruevski uspea, so brutalni metodi, da ischisti skoro se, a opozicijata da ja svede na "lav bez zabi". Dejstvuvanjeto "vo instituciite" sto opozicijata go odbra kako osnoven i edinstven metod (vnatre-partiskite "aktivnosti" se prikazni za samo-dopagjanje i samo-ohrabruvanje) bea dovolen signal za Rezimot "da im se navrti" na site i se sto e REALNA opasnost za nego. No, GRAGJANITE kje izdrzat! Makedonija, NEMA DA IZDRZI. A opozicijata neka ja prouchi istorijata na Vuk Draskovik vo Srbija. Vo post-Milosevik izborite toa stana VON-parlamentaren! Nikoj nema kredit-NA OTVORENO! Vkluchitelno i OPOZICIJATA. Pozivot od NVO-sektorot e jasen. PRIDRUZETE NI SE bez GARANCII DEKA VIE KJE BIDETE NA CHELO!
Од: sdsm315
Датум: 11.08.2011 07:41:25
AJDE BRANKO NA DEOMNSTRACIJA-eveti uste edna schansa za revolt i poddrska na kriminalot ne dvoumise kako Velija i Fijat gi ima mnogu, ke zastanat pozadi vas.Gotov e Gruevski, kolapsa.
Од: od Bitola
Датум: 11.08.2011 08:17:11
Ajde Branko vreme e da se razbudis!Pred oci ti pomina amnestijata na ubicite, zakonot za jazicite, urivanjeto na Kosmos.... sto treba uste za ovaa zaspana opozicija konecno da pocni da se odnesuva kako takva.Da bese obratno Grujo celo clenstvo ke go izvadese na ulica, a tebe nigde te nema !Za promena pocnite da rabotite, dosta gi lecite bolnite sueti na vasite clenovi! Ne glasav za vas za da ve gledam kako se raspagate! Za vasa informacija, ova e stav na pola bitolcani! Na zdravje!!!!!
Од: Трпе
Датум: 11.08.2011 08:24:08
Господинот Црвенковски,божем бил за подржување на криминалот.А за што е актуелната влас,зарем на чесен начин да си ги зголемуват сметките во странски банки.Некој барем парите заработени на било кој начин ги вложува во земјата и се обезбедува некое работно место.А актуелната власт заработените пари на чесен начин ги изнесува надвор од државата.Ако неможат да привлечат инвеститори во земјата за народот од кој се избрани,тие овде прават штета а инвестират надвор.Но дел од народот што си бараше и тоа си го пронајде.Да живее патриотизамот на збор.Да живее себичноста и злобата,створени уште од самото рагање.
Од: Smesni alibi.
Датум: 11.08.2011 08:34:18
Zvonko! Smesno e toa sto Branko negira deka toj gi predizvikal predvremenite izbori ,onaka od calama, bez da se napravat podlaboki analizi za rezultatite od istite i posledicite. Uste posmesno e negovoto slavenje na porazot kako pobeda, a posebno e tazno i nezamislivoi , da posle takov poraz povtorno ostane lider na partijata. Toa e nezamislivo za covek koj imam i malku doblest, moral i politicka kultura. So Branko SDSM nikogas nema da dobie izbori makar da Grujo pravi sto saka vo drzavata.Grujo treba na Branko da mu dade orden za ovie uslugi sto Branko mu gi pravi
Од: toso
Датум: 11.08.2011 09:01:53
Sega Fijate moj dragi ke vidis kolku malku prijateli imas, no so pravo zasto site ovie 20 godini bese opkruzen so lazni prijateli(grebatori) a za vistinskite nemase vreme(denot ima samo 24 casa i za bogatite i za siromasite).Alah da ti e na pomos a ne Crvenkoski zasto kogva go branit Branko kaj vas vo OKTISI velet "BRANA GO SPOTERVET"...
Од: od mene
Датум: 11.08.2011 09:11:57
Ne mozam da gi smislam ni VMRO ni SDSM, potocno mi se losi i od dvete partii. A raka na srce, Branko si gi barase izborite, si kaza covekot glasno i jasno i toa poveke pati "Grujo, ajde na izbori". I izgubi i sega mora da go trpime Grujo uste celi 4 godini. A za Branko nema zima, em pretsedatelska penzija, em biznis, em nafatiran od porano. I nikako da sfati covekot deka dodeka ne se trgne od SDSM taa partijata ne moze da trgne napred. A za Canovski sto da se kaze, covekot si go izede stapot zosto se zameri so Grujo. Ima nekoi koi vikaat go krsel zakonot, pa i toa se resava so nekoja kazna, globa i slicno, a ne so rusenje. Na kraj na kraista, pravdata ne e pravda ako e selektivna. Da ne mu srusija na nekoj Albanec kuka, zgrada ili hala vo Tetovo ili Gostivar?
Од: Зевзекмен
Датум: 11.08.2011 09:13:13
премногу се гради... треба нешто да се сруши.. а да се потсетиме дека уште во времето на СДСМ; бараа од јужнна кореја да градат ефтино станбени згради, ами ништо од тоа, тука владее градежна мафија, таа е посилна и од СДСМ и од ВМРО и од кривосудниуот систем..
Од: koki
Датум: 11.08.2011 09:41:30
i tebe li te kupija unkovska?o denesno vreme e sram da ja odrabotuvas agenata na hitler
Од: Злобници
Датум: 11.08.2011 10:00:37
Голем поздрав до сите со злобни коментари. Државата на Цановски на некоја година ќе му плати огромни пари оштета. Ако не застане СДСМ на таа страна е соучесник во непшравдата и беззаконието. А за секое евро од оштетатави посакувам по една болест во семејството.
Од: do Gjuner Ismail i SDSM
Датум: 11.08.2011 10:35:45
Samo prodolzete da go povikuvate narodot na revolucija za odbrana na Tajkuni i na vasite privilegii. Sto se zamisluvate bre vie. zavas nema zakoni i za vas nisto ne vazi neli, sto ste vie NEDOPIRLIVI. Ima pravo Dimova, nikoj vekje vakvi nema da ve glasa i zosto
Од: Mark
Датум: 11.08.2011 10:53:39
Navistina, cudno e odnesuvanjeto na opozicijata?! Kako da gi nema?! Pritisokot na vlasta kon neistomislenicite veke e STRASEN a SDSM e kako anesteziran?! Prodolzi li ova, nivniot kredibilitet(i rejting) ke go SNEMA a site ke bideme izlozeni na USTE POGOLEM TEROR! No mozebi toa ke rodi NOV DUH za konecno da se oslobodime od ovaa blutkava 20-godisna KURTO-MURTO GROTESKA...
Од: neopredelen
Датум: 11.08.2011 11:56:57
Makedonija cela stana kako Kratovo - Gruevski =Zingo zalno e..
Од: razocaran i od ednite i od drugite
Датум: 11.08.2011 13:14:25
Gi citam site komentari so posebno vnimanie, samo zaradi vistinata, a vistinata e edna i edinstvena, vo ovie 20 godini na nasa samostalnost po nekolku pati se izvrtija istive partii, SDSM I VMRO, i samo tie i nikoj drug, rezultatot e oceviden, ostarevme vo prazni vetuvanja i od ednite i od drugite, izgleda tie ni se pisani da ne pogrebat samo tie kako sto sakaat, dajte bre lugje da se zavrtime na drugi vrednosti i da gi ostavime ovie da se raspravaat, koj se od gospod prateni iako ni ednite ni drugite neznaat sto pravat, samo ne se se secavaat, ama narodot eden den ce im sudi i na ednite i na drugite... strasna rabota, ostarevme cekajci da mu se zapali sijalicata posle mrakjot sto ni go donesoa ...
Од: alek
Датум: 11.08.2011 13:46:18
Abe ludje dogovorena rabota, kako i mnogu pati porano. Vo igra se i vlasta i opozicijata i sudstvoto i "zrtvite". Pa skoro bese kazna za Okta 75 milioni. Sto bidna-kade se parite? Ve molam neveruvajte deka tolku pari ke se izgubat od inaet, nevnimenie ili ne znaenje. Pa zarem se tolku naivni,ludi ili nesposobni ovie sto ne vodat? Ma dajte ve molam. Taka ke bide i sega. Perfiden ili kako miluvaat tie "sufisticiran" nacin na pljackosuvanje na drzavata. Zatoa site sudski presudi so naplata od strana na drzavata treba da podlegnat na revizija. Ama koj da go toa stori - ovie sto kradat? Neka ni e Gospod na pomos. Pozdrav!
Од: Boshko
Датум: 11.08.2011 14:08:31
Eden komentator se javuva kako socijalist,Jas go prashuvam dali Toj go znae znachenieto na zborot socijalist.Prema napishanoto vo negoviot komentar,se gleda deka ne ja znae sushtinata na zborot Socijalist.Mojov coment nema vrska so SDSM ili DPMNE.
Од: mark amsterdam
Датум: 11.08.2011 14:35:10
tuzam za mojata kuka na sud kade i na kogo da mu se obratam vo skopje
Од: k2
Датум: 11.08.2011 14:42:13
Pa normalno mesto OPOZICIJATA da se bori za podobar zivot na narodot gi brani KRIMINALCITE.....no razbiram i tie se takvi - kriminalci
Од: pero timjanik
Датум: 11.08.2011 16:16:32
Бране е толку недоверлива личност сите ги користи како кондом и после ладнокрвно ки фрла и ништо не признава што направил.Абе криминалец од светски калибар.
Од: PENZIONERKA
Датум: 11.08.2011 16:29:19
napisov e grozen kako protuger da go diktiral,a komentarite se uste polosi,samo zloba i sitenje,bez bilo kakva ideja ili bar zelba za podobro utre na site gragani na P.M
Од: od idiot kako i site
Датум: 11.08.2011 17:38:56
dosega citaf deka opozicijati sedi kyti sega se javi so podrska protiv kriminalo sto go vodi vladata plykasite vamaroski patrioti neznaat sto da napisat dyri pozelyvaat na sekoe evro bolest za eden od familijata ox majko makedoniosto rodi i izgleda zemja prekrasna pod nyla talent te stavja
Од: jas
Датум: 11.08.2011 18:20:31
uste edna cestitka do narodt lebot ke poskapi benzinot i sve aj cestito pak da gi glasate prost narod silna drzava
Од: mene
Датум: 11.08.2011 19:10:38
Pozdrav do komentarot na Zvonko,a Aleks-bratce,ako ne odi Grujo pametno na vreme,ima i drugi metodi. Branko si e priblizan do narodot,ama na mal del od narodot slabo mu faka umot,a na eden ubav del im faca faca ama nemaat kade. Ostanatite dragi Alekse se kako tebe,nit um im faca nit nesto gi plasi,ete zatoa e ovaa vlast vo Makedonija. I kazi mi kako Branko da dopre do rajata so um kako tvojot,zakrzlaven i ne gleda deka ova sto se slucuva e daleku od vladeenje na pravoto. Svatete lugje,ova ne e sportski natprevar,ova e od loso poloso i treba da se promeni milum ili silum....

Најди! во Утрински
На прво место
Жестоко меѓу Фијат Цаноски и градоначалникот на Гази Баба

"""